Американската потпретседателка Камала Харис во нејзиниот прв говор како можен демократски претседателски кандидат се претстави како решителен предизвикувач на републиканскиот кандидат Доналд Трамп. Како обвинител и јавен обвинител на Калифорнија, таа била соочена со секакви криминалци, рече 59-годишната политичарка за време на настапот во предизборниот штаб на Демократите во Вилмингтон, во американската сојузна држава Делавер.
„Криминалци кои злоупотребувале жени, измамници кои ги оштетуваат потрошувачите и хохштаплери кои ги прекршиле правилата во нивна корист. Затоа, слушајте ме кога велам дека познавам типови како Доналд Трамп. Во оваа изборна кампања гордо ќе направам компарација на мојот биланс со неговиот.“