Поранешниот светски шампион во скок со стап Жак Фрајтаг е пронајден мртов на 42-годишна возраст. Пред две недели Фрајтаг бил пријавен за исчезнат, а последен пат бил виден кога го напуштил домот на неговата мајка во друштво на непознат маж. Од тој момент му се губи секаква трага, а на крајот за жал потрагата завршила трагично.
Полицијата го истражува случајот, а почетните сомнежи се дека станува збор за убиство. Фрајтаг беше член на репрезентацијата на Јужна Африка на Олимписките игри во Атина 2004 година и сè уште е еден од само неколкумина спортисти кои ја освојуваа титулата светски шампион во јуниорска и сениорска конкуренција. Од претходно е познатo дека се борel со зависности, а пред десет години поминаl три години во затвор поради поседување дрога.
Rest in Peace to the greatest South African High Jump Jacques Freitag.
What a sad story for such a great athlete who contributed so much to South African athletics and world athletics. @GaytonMcK can we please help him out with some fundraising for his funeral. pic.twitter.com/S0w2lvGigS
— Keanu Moodie (@yungmood8) July 2, 2024