На 11.07.2024 полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола, по претходно издадена наредба за претрес од Основен суд Битола, извршија претрес во камп-приколка и помошни простории лоцирани во с.Сливница, каде привремено престојува С.В. (20) од с. Долни Манастирец. При претресот пронајдени се кеси со марихуана, грутчеста материја, прашкаста материја, метална дробилка, како и други предмети со траги од марихуана.
По преземени мерки од страна на полициските службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола, С.В. е пронајден и лишен од слобода во Битола и при извршен преглед врз него пронајдена е поголема количина марихуана. С.В. е приведен во полициска станица и по документирање на настанот ќе следува кривична пријава.