Европската куќа на Фудбалот денеска ја потврди суспензијата од два натпревари на турскиот дефанзивец Мерих Демирал, иако од Фудбалскиот сојуз на Турција претходно реагираа дека нивнито фудбалер не е суспендиран. Но, дополнителни реакции од УЕФА предизвикаа со соопштувањето на казната за Џуд Белингам.
Англискиот репрезентативец за недоличниот гест кој го направи против Словачка доби суспензија од еден натпревар со тоа што Белингам и Англија сами ќе одлучат кога тој ќе ја одработи суспензијата во период од една година. Во таков случај, Англија ќе може да смета на Белингам и за утрешниот натпревар со Швајцарија, но и за полуфиналето и финалето ако таму се пласира. Од Турција веднаш најавија и жалба до судот во Лозана каде што ќе се жалат на двојни стандарди и ќе се надеваат на брза реакција. Сепак, УЕФА во своја одбрана веројатно ќе тврди дека казните за политички симболи се построги.