Филипче на роденденот на малата Лара, ќерка на жената донор

Министерот за здравство, Венко Филипче беше во посета на домот на Јасмина Василковска, жената донор на срце и бубрези, која неодамна спаси три човечки животи. Тој на својот фејсбук профил напиша дека ја запознал малата ќерка Лара која денес пони 1 година.

– Среќен роденден Лара. Денеска ја запознав ќерката на Јасмина Василковска, жената донор на срце и бубрези, која неодамна спаси три човечки животи. Семејството ме покани во нивниот дом за да го запознаам ова девојче кое денеска полни 1 година. Голема да растеш Лара, здрава, безгрижна, храбра и секогаш насмеана. Благородноста и хуманоста наследи ги од твоето семејството кое остави вечен белег во историјата на македонското здравство, напиша министерот Филипче.

Јасмина Василковска, почина од мозочна смрт, по што нејзиното семејство реши да го донира нејзиното срце и бубрези и да спаси три животи.

Link with us
Game bài đổi thưởng