ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО | Вработен во фирма во „Момин Поток“ крвнички тепа куче

Претепано куче во Момин Поток / Фото: скриншот

На камери поставени на една од фирмите кои се наоѓаат во индустриската зона „Момин Поток“ се гледа како еден вработен со голем стап брутално тепа куче, а видеото ги разбесне активистите кои се борат за заштита на животните.

„Страотен облик на суровост и изживување врз мирно бездомно животно во фирма во Момин Поток – куче над 20 пати зверски удирано по глава од вработен! Во друштво на четири полнолетни лица, мажи, мирно бездомно куче е удирано со дебело дрво, најкрвнички и со сета сила, без било кој да интервенира додека кучето урлика од болка и не можејќи да избега или се спаси; случај кој ќе останеше невиден доколку не беше евидентиран на камерите за видео надзор“, велат од Анима Мунди.

Од Здружението за заштита на животни, Анима Мунди  велат дека државата мора да ја препознава и најстрого да ја казнува суровоста кон животните.

„Државата мора да ја препознава и најстрого казни суровоста кон животните која е во државите во ЕУ индикатор за насилство врз деца, жени, ранливи категории; показател на сериозна психопатологија“, реагираат од Анима Мунди.

Од Анима Мунди бараат министерот за внатрешни работи Панче Тошковски јавно да се произнесе во врска со случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот