Во прв ред

Ексклузивен акустичен концерт на Калиопи „100% Live” на 14-ти ноември во Македонска филхармонија

По минатогодишниот спектакл пред преполната арена „Борис Трајковски”, македонската музичка дива Калиопи, повторно ќе настапи пред домашната публика, овојпат во ексклузивна, unplugged верзија „100% live”, на 14-ти ноември 2025 година, во салата на Македонска филхармонија во Скопје.

Настанот е во организација на Прагма продукција и истиот е замислен како интимно и длабоко музичко искуство, целосно фокусирано на уметноста, зборот и емоцијата што Калиопи ја носи со секој здив. Публиката ќе има ретка можност да ги слушне нејзините најголеми хитови и евергрини од нејзиниот богат репертоар, преработени во акустични верзии со нов аранжман и автентична звучна естетика. Секоја нота, секој стих, секој молк ќе има своја тежина.

Со поддршка од нејзиниот бенд, составен од врвни музичари и со внимателно изграден аранжман, концертот во Филхармонија ќе биде уникатно уметничко доживување, различно од се што сме слушнале досега. Бројот на места е ограничен, а интересот веќе е огромен. Овој концерт ќе биде доживување за сите љубители на вистинската музика, интимно, автентично и незаборавно.

Картите се веќе пуштени во продажба и истите имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе веро 2, Јк травел во Бисер и Јк травел Дајмонд.

Можеби ќе ве интересира: