ЧУДНИТЕ ПАТИШТА НА ЖИВОТОТ , НЕКОИ TOA ГО ВИКААТ СУДБИНА, ТАКА ВЕЛАТ ТАКА НИ БИЛО ПИШАНО, ГОСПОД ИМАЛ ПЛАН ЗА СИТЕ НАС…

Ова се сведоштва на луѓе кои имале среќа во животот и избегнале за малку смрт или па некоја случајна одлука им го сменила животот на подобро, или полошо.

1. На денот кога се случи големиот бомбашки напад на ИРА во Манчестер во јуни 1996-та, баба ми требаше нешто да носи на машинско перење во центарот на Манчестер. Но како да доби некое чудно чувство па реши да ги однесе алиштата во друга перална на другиот крај од градот. Кога се враќаше назад кон дома во автобус на радио јавиле дека експлодирала бомба во центарот на Манчестер, таа имала среќа не била ранета.

2. Кога бев млад мразев да одам во црква во недела, иако имав ултра религиозна мајка католик. Често измислував причини за да не одам во црква, а еден ден лажно се разболев па и мајка ми не отиде во црква. Баш тој ден црквата беше бомбардирана од терористи и имаше жртви, ние се спасивме…

3. Пријател на татко ми бил во некој ресторан и му заѕвонил телефонот. Отишол човекот надвор да се јави, и додека бил надвор, експлодирала бомба во ресторанот и имало многу жртви и ранети, тој се спасил на среќа…

4. Дедо ми бил стациониран во Перл Харбор на хаваите за време на втората светска војна. Често се случувало да се успие сабајле и на денот на нападот на Јапонците на Перл Харбор тој пак се успал и кога дошол на работа на бродот, тој веќе бил потопен и сите морнари биле убиени или тешко ранети…

5. Имав пријател кој беше очаен да најде дадилка за своето бебе, имав добра пријателка и ја препорачав, им се допадна и работеше за нив 5 години. Таа доби награда на радио карти за концерт, ме покани да одиме заедно на концерт, фативме воз и во возот случајно се сретнав со школски другар кој ме покани на вечера и потоа ми стана сопруг и имавме заедно деца… Ова е веројатно сето поврзано, дадилката проијателка, картите за концертот, возот во кој се сретнав пак со мојот стар познаник…

6. Летото 2019-та почина мајка ми, тогаш имаше поминато 13 години од кога се иселив од моето родно место, дојде божиќ и една моја пријателка од родното место не сакаше да славам сама па дојде да ми прави друштво, решив да ја однесам на театар и нарачавме УБЕР, возачкот кој дојде да не собере ми побара телефон и потоа ми стана сопруг… Некогаш судбината има чудни патишта, сето ова се случи по смртта на мајка ми што ми донесе голема тага но потоа го најдов човекот на мојот живот…

7. Имав ученик во класот чиј татко имал состанок во светскиот трговски центар на денот на терористичкиот нападат на 11/9 2001-ва. Човекот задоцнил а го заборавил и куферот со важни документи, па се вратил дома да го земе. Баш тогаш првиот авион удрил во првата зграда а потоа и вториот. Тој не стигнал никогаш на закажаниот состанок и така преживеал.

8. Чичко ми работеше во Пентагон и на 9/11 2001-ва не отишол на работа затоа што шинал нога додека одел накај колата за да оди на работа и така избегнал сигурна смрт затоа што работел наш во крилото на Пентагон што беше погодено од авион.

9. Еден човек со кој работев пред неколку години. Неговата ќерка работела во светскиот трговски центар во 2001-ва. Тој ден на 9/11 отишла на работа но немала време да појадува пред да тргне на работа па излегла да доручкува во еден ресторан во близина, баш тогаш авионите ги погодиле зградите и таа се спасила… Но нејзините родители не знаеле затоа што телефонските линии откажале во Њујорк и цел ден нејзините родители и блиски ја сметале за почината дури вечер се вратила дома и сите биле среќни што ја гледаат жива.

10. Заедно со пријателите требаше да одиме за викенд во Флорида, и дознав дека чичко ми починал. Решивме да не одиме поради тоа што требаше да одам на погреб. Баш тој викенд се случил напад на аеродромот во Флорида каде што требаше да слетаме, некој отворил оган со пушка и застрелал и убил неколку луѓе. Нас не спаси смртта на мојот чичко…

11. На факултет сосема случајно решив да вежбам и да трчам ноќе во 2 часот, беше среда. Беше многу ладно надвор, сите спиеја, беше многу мирно но и некако језиво. Како што трчав забележав човек како стои до малото езеро кое беше до факултетот. Езерото беше замрзнато. Ми беше нешто сомнително и отидов да проверам дали е се ок. Беше девојка која се обидуваше да се самоубие со тоа што одеше по езерото со надеж дека ќе пропадне и ќе се удави, причината била што и раскинал дечкото. Ја спасив и ја вратив во домот и дадов ќебе и ја утешив. Сега е славна лизгачка по уметничко лизгање, олимписки шампион, баш ми е мило за неа…

12. Бев на нет на еден форум случајно еден учесник на форумит ми кажа здраво по грешка мислеше дека сум некој друг, но добро ни тргна муабетот, почнавме да излегуваме заедно и сега ми е 15 години сопруг.

13. Кога имав 10 години една другарка ме праша како сум, јас баш тој ден планирав да се самоубијам бев во тешка депресија поради малтетирања од мојот татко и веќе не можев да издржам и таа некако ме предомисли тој ден со тоа што ми пријаде и ме праша како сум. Од тогаш наваму успеав да се извлечам од депресијата.

14. Заминував на пат со мојот 4 годишен син, телефонот почна да ми ѕвони додека бев на тремот, и се вративме внатре да одговорам. Баш тогаш некој пијан возач го погоди тремот и ние се спасивме со тоа што телефонот заѕвони па мораше да се вратиме внатре.

15. Моите дедо и баба од страна на мајка ми требало да одат на прв состанок во Бостон. Се возеле кон славен ноќен клуб им се расипала колата по патот, и никогаш не стигнале во клубот. Но тоа е среќа за нив, клубот баш таа ноќ се запалил и загинале десетици луѓе а многу биле ранети со изгореници или прегазени од стампедо.

16. Се во мојот сегашен живот е некако поврзано со смртта на мајка ми кога имав 14 години. Паднав во тешка депресија, по 6 години бев на чат за депресивни, таму го запознав мојот прв дечко, кој ме повлече во интересна професија која се уште ја работам, потоа раскинав со тој дечко, на работа се запознав со друг и со него сега сум во брак.

sun win

sunwin.apk mới nhất

sunwin

sunwin game bài sunwin sunwin club

sun win