Нека биде филм!
Комерцијална банка и годинава е спонзор на реномираниот интернационален фестивал на филмска камера International Cinematographers’ Film Festival MANAKI BROTHERS. Задоволството да се даде поддршка на овој амбасадор на македонската култура е големо, посебно сега кога уметноста и културата поради новонастанатата ситуација се наоѓаат во незавидна положба. Токму тоа е нашиот поттик да ѝ овозможиме на филмската магија и понатаму да тече низ убавата Битола, низ Балканот, низ светот…
Единствениот настан на ова 41. издание на Фестивалот, се одржа на 19.09. во пациото на Музејот на Битола, при што „Златната камера 300 за животен опус“ му беше доделена на двојниот Оскаровец Јан Камински, а „Големата ѕвезда на ДФРМ“, годинава му беше врачена на нашиот режисерски маг Столе Попов.
Нека биде филм! Нека биде магија!