Сидни Поатје и Хари Белафонте како црни уметници по потекло од карибите многу добро се разбирале и се дружеле. Ја искористиле славата како први славни црни актери и музичари во 60-тите да се вклучат во движењето за цивилни права на црнците во југот на Америка особено тешката битка во Мисисипи каде имало огромно движење на ККК кланот и редовно биле убивани и палени на клада црнци во 60-тите и не им било дозволувано да гласаат на избори.
– Сидни целиот живот,се знаевме над 50 години, се трудеше да го подобри животот на луѓето во светот, не се штедеше воопшто на тоа поле, дури еднаш бевме во смртна опасност во Џорџија каде не бркаа со коли активисти на ККК кланот и пукаа во нас, таа случка Сидни ја раскажуваше целиот свој живот. Но можам да кажам барем за мене тој успеа да ми го разубави и подобри мојот живот. – изјави музичарот Хари Белафонте за смртта на својот пријател Поатје.
Актерот Сидни Поатје е првиор црнец што добил оскар, за филмот ЛАЛИЊАТА НА ЛИВАДАТА од 1963-та. Потоа глумеше во уште многу кутлни филмови кои беа наградени со оскари како ВО ЖЕСТИНАТА НА НОЌТА и ПОГОДИ КОЈ ДОАЃА НА ВЕЧЕРА.