ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО ДПМНЕ, ДИМЧЕ АРСОВСКИ ДЕНЕСКА ЕМ СЕ ИЗГЛУПИРА ЕМ ЈА ПОФАЛИ ВЛАДАТА - СЕДИ ДИМСА, КЕЦ!
ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО ДПМНЕ, ДИМЧЕ АРСОВСКИ ДЕНЕСКА ЕМ СЕ ИЗГЛУПИРА ЕМ ЈА ПОФАЛИ ВЛАДАТА - СЕДИ ДИМСА, КЕЦ!
Христо Иванов: Доколку РСМ не го прифати францускиот предлог, ризикува целиот процес да почне од почеток
Христо Иванов: Доколку РСМ не го прифати францускиот предлог, ризикува целиот процес да почне од почеток
ДЕНКО МАЛЕСКИ: Што ќе правиме со францускиот предлог, ќе го прифатиме или ќе го одбиеме?! Ќе бидеме ли како Палестинците кои секогаш одбиле се што им се нудело и се полошо им е како тече времето...
ДЕНКО МАЛЕСКИ: Што ќе правиме со францускиот предлог, ќе го прифатиме или ќе го одбиеме?! Ќе бидеме ли како Палестинците кои секогаш одбиле се што им се нудело и се полошо им е како тече времето...
ЕВЕ ЗОШТО ЕКСПЛОДИРА АДЕМИ: ВМРОВЦИТЕ МУ ЈА ИСЕКЛЕ РАКАТА СО ФРЛАЊЕ ПРЕДМЕТИ
ЕВЕ ЗОШТО ЕКСПЛОДИРА АДЕМИ: ВМРОВЦИТЕ МУ ЈА ИСЕКЛЕ РАКАТА СО ФРЛАЊЕ ПРЕДМЕТИ
Маричиќ на средба со германски функционери: Имаме перспектива – мора да ја задржиме
Маричиќ на средба со германски функционери: Имаме перспектива – мора да ја задржиме
СДСМ: ВМРО ДПМНЕ СО ПРАВЕЊЕ ИНЦИДЕНТИ ВО СОБРАНИЕ БЛОКИРА НАЗНАЧУВАЊЕ СУДИИ ЗАТОА ШТО ТАКА МИСЛАТ ДЕКА ЌЕ СЕ СПАСАТ ОД ЗАТВОР!
СДСМ: ВМРО ДПМНЕ СО ПРАВЕЊЕ ИНЦИДЕНТИ ВО СОБРАНИЕ БЛОКИРА НАЗНАЧУВАЊЕ СУДИИ ЗАТОА ШТО ТАКА МИСЛАТ ДЕКА ЌЕ СЕ СПАСАТ ОД ЗАТВОР!
(ВИДЕО) ДРАМА ВО СОБРАНИЕТО: ВМРОВЦИТЕ УСПЕАЈА ДА ГО ИЗВАДАТ ОД ТАКТ АРБЕР АДЕМИ КОЈ ВО МОМЕНТИ НА БЕС ПОЧНА ДА ГИ МАВА СО ШИШИЊА И ФИЛЏАНИ!
(ВИДЕО) ДРАМА ВО СОБРАНИЕТО: ВМРОВЦИТЕ УСПЕАЈА ДА ГО ИЗВАДАТ ОД ТАКТ АРБЕР АДЕМИ КОЈ ВО МОМЕНТИ НА БЕС ПОЧНА ДА ГИ МАВА СО ШИШИЊА И ФИЛЏАНИ!
Бугарската влада официјално во оставка, контрадикторни најави за повлекувањето на Борисов од челната позиција на ГЕРБ
Бугарската влада официјално во оставка, контрадикторни најави за повлекувањето на Борисов од челната позиција на ГЕРБ

Хируршките и маските Н95 ги штитат алергичните од поленот

скопје луѓе коронавирус ковид маски ковид-19
Патувањата во странство во претстојниот празничен период се „идеални“ за пандемијата да се разгори, Фото:EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI
Иако во текот на пандемијата може да изгледа дека ќе биде потешко да се справите со симптомите на алергијата, некои од препораките за спречување на ширењето на заразата со ковид-19 може да помогнат и кај симптомите на алергиите.

Претстојната сезона на полен може да биде помалку иритирачка поради задолжителното носење маски поради коронавирусот, симптомите може да бидат помалку изразени. Алерголозите наведуваат дека маските за лице кои нѐ штитат од ковид-19, можат да им помогнат и на луѓето со алергии, бидејќи тие го филтрираат поленот. Но, маските треба правилно да се одржуваат и да се отстрануваат од лицето.

Од друга страна, луѓето кај кои алергиите се поизразени во затворен простор може да претставуваат дополнителен проблем. На алергичните на грини, кучиња и мачки, маските можат да им да ја отежнат ситуацијата.

Алергија на полен
Поленот кај алергичните може да предизвика кивање, затнување на носот, течење на носот и чешање во очите. Поленот се пренесува преку воздухот и може лесно да се вдише. Но, алерголозите забележале дека маските можат да помогнат во овој случај.

Откако се носат заштитните маски против ковид-19, се намалил интензитетот на симптомите кај алергичните, објасниле имунолозите од Универзитетот „Стенфорд“. Се утврдило дека и стандардните хируршки маски и маските Н95 можат да ги филтрираат алергените што се наоѓаат во воздухот. Стандардната хируршка маска може да ги филтрира честичките поголеми од 3 микрометри, додека маската Н95 може да ги филтрира честичките од 0,04 микрометри. Големината на поленот е генерално помеѓу 10 и 100 микрометри, спорите на габите се помеѓу 2 и 50 микрометри, а грините помеѓу 10 и 40 микрометри. Носењето маска може да ги филтрира сите овие алергени.

Маските коишто можат да ги филтрираат малите честички како поленот, можат да го спречат вдишувањето на таквите честички, но маските мора да бидат чисти.

Алергичните кога носат маска, мора да бидат внимателни. Ако поленот падне на надворешната страна на маската која алергичниот ќе ја допре, а потоа ќе ги допре очите или лицето, тоа може да предизвика алергиска реакција. Затоа е важно маските да се менуваат како што е пропишано.
Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) исто така наведуваат дека маските можат да обезбедат дополнителна заштита од сезонски алергии, но маските треба да се перат или да се сменат по секоја употреба (во зависност од тоа каква маска носите).

Алергии во затворен простор
Луѓето кои се чувствителни на алергени што се наоѓаат во затворен простор, пријавиле зголемување на симптомите за време на карантинот, бидејќи тие лица поминале повеќе време во затворен простор. Експертите наведуваат дека домот треба да се одржува чист за да се намалат симптомите на алергија, додека луѓето поминуваат повеќе време во затворен простор. Добрата рутина за чистење може да помогне во борбата против алергените коишто може да се најдат во затворениот простор. Но, алергичните треба да избегнуваат да го метат домот, бидејќи тоа, всушност, може да предизвика алергените да лебдат во воздухот, а потоа да паднат во некој дел од просторијата. Се препорачуваат правосмукалка и бришење за навистина да се намали количината на алергени во затворен простор. Покрај тоа, постелнината треба да се пере секоја недела или почесто во врела вода.

Најважно е систематски да се пристапи кон лекувањето на алергиите, а тоа значи за време или пред опрашувањето (полинација) да се зема соодветната терапија.

loading...

go find 50 numbers go88

shenzhen sunwin intelligent-a