Блинкен: Војната на Русија ќе доведе до глад 40 до 50 милиони луѓе
Блинкен: Војната на Русија ќе доведе до глад 40 до 50 милиони луѓе
Бројот на починати мигранти во камионот во Сан Антонио достигна 51
Бројот на починати мигранти во камионот во Сан Антонио достигна 51
СРАМНО И БЕДНО - СЕ ПЛАШИ ДА НЕ ГИ НАЛУТИ РУСОФИЛИТЕ: МИЦКОВСКИ ЧЕТИРИ МЕСЕЦА НЕМА УСТА ОТВОРЕНО ЗА УКРАИНА, КАКО ДА ВОЈНАТА ВООПШТО НЕ СЕ СЛУЧУВА!
СРАМНО И БЕДНО - СЕ ПЛАШИ ДА НЕ ГИ НАЛУТИ РУСОФИЛИТЕ: МИЦКОВСКИ ЧЕТИРИ МЕСЕЦА НЕМА УСТА ОТВОРЕНО ЗА УКРАИНА, КАКО ДА ВОЈНАТА ВООПШТО НЕ СЕ СЛУЧУВА!
Пендаровски: Во целост да го поддржиме украинскиот народ во одбраната на нивната територија
Пендаровски: Во целост да го поддржиме украинскиот народ во одбраната на нивната територија
Започна Самитот на НАТО во Мадрид, за безбедноста задолжени над 10.000 полицајци
Започна Самитот на НАТО во Мадрид, за безбедноста задолжени над 10.000 полицајци
Макрон го осуди апсурднотo утврдување на цената на струјата во Европа со цената гасот
Макрон го осуди апсурднотo утврдување на цената на струјата во Европа со цената гасот
Посетителите на ЗОО Скопје ќе даваат предлози за имиња на трите женски лавчиња
Посетителите на ЗОО Скопје ќе даваат предлози за имиња на трите женски лавчиња
(ВИДЕО) Тренчевска: Згрижувачките семејства се од исклучителна важност за едно општество
(ВИДЕО) Тренчевска: Згрижувачките семејства се од исклучителна важност за едно општество

СЗО: Вакцинацијата спасува пет милиони животи годишно

Глобалната иницијатива наСветската здравствена организација (СЗО) „Светска недела на вакцинација 2022 година“, ќе се одбележи во последната недела од април под мотото „Долг живот за сите“, со порака дека вакцинацијата спасува околу пет милиони животи во светот секоја година.

Вакцините можат да заштитат од повеќе од 20 опасни заразни болести. Тие се исто така клучни во борбата против антимикробната резистенција (АМР), бидејќи спречувањето на болести и намалувањето на побарувачката за антибиотици ја зачувува нивната ефикасност, соопшти СЗО пред Светската недела на вакцинација.

Многу некогаш смртоносни болести се елиминирани благодарение на вакцинацијата. Зголемувањето на опфатот со вакцинација и искористувањето на целосниот потенцијал на истражувањето и иновациите за вакцини значи поздрава иднина и побезбеден живот за луѓето, посочува СЗО.

Од воведувањето на вакцината против пандемискиот вирус, речиси половина милион животи на луѓе постари од 60 години се спасени само во европскиот регион на СЗО.

Но, пандемијата на ковид влијаеше и на достапноста на вакцините против други заразни болести, што е нов глобален предизвик.

Глобалната покриеност со вакцинација во 2020 година, според проценките на СЗО, е намалена на 83 отсто. Истата година, дури 23 милиони деца во светот биле лишени од основните вакцини.

Програмите за вакцинација беа отежнати или прекинати поради војната во Украина, а на милиони бегалци треба да им се обезбеди здравствена заштита, вклучително и вакцинација. Сето ова ја прави важноста на општиот пристап до вакцините појасна од кога било, истакнува СЗО.

Истражувањата покажуваат дека инвестицијата за вакцинирање на еден Европеец против 17 болести изнесува вкупно максимални 3.500 евра, што е многукратно помалку од другите превентивни интервенции.

Вакцинацијата против грип, според европските истражувања, може да заштеди до 332 милиони евра годишно само во Европа поради намалените здравствени услуги.

Работната група на Иновативната фармацевтска иницијатива (iF!), која обединува претставници на некои од најголемите производители на вакцини во светот, затоа апелираше на важноста од достапноста на вакцинацијата.

loading...

go88 rút tiền trong bao lâu go88 play đăng nhập Go88 - Huyền Thoại Nỗ Hũ Siêu To

tại sunwin pc hủy lệnh rút tiền sunwin lấy lại tài khoản sunwin