(ВИДЕО) МАКЕДОНЦИТЕ ВО ХАЛКИДИКИ ЗАЧУДЕНИ КОЛКУ СЕ ЗАЕВИ СКРОМНИ: ЛЕТУВААТ ЗАЕДНО СО ОБИЧНИОТ НАРОДОТ НА ЕФТИНА ПЛАЖА ВО ПЕФКОХОРИ НА ПРВИОТ КРАК, НЕ СЕ НА ЕГЗОТИЧНИ ДЕСТИНАЦИИ КАКО МИКОНОС, МАЛДИВИ, ЕГИПЕТ, КУБА, СЕЈШЕЛИ

БРАВО - НОВИ ГРАДИНКИ ВО КИСЕЛА ВОДА: УСЈЕ ЗА ПРВПАТ ДОБИВА ГРАДИНКА, НАСКОРО ГРАДИНКА И ВО РАСАДНИК
БРАВО - НОВИ ГРАДИНКИ ВО КИСЕЛА ВОДА: УСЈЕ ЗА ПРВПАТ ДОБИВА ГРАДИНКА, НАСКОРО ГРАДИНКА И ВО РАСАДНИК
БОМБА НА ОСМАНИ: Нема потреба да се гласа во собрание за францускиот предлог, тој е во рамки на декларацијата усвоена лани, се нудам да одам во ВМРО ДПМНЕ да им го објаснам предлогот
БОМБА НА ОСМАНИ: Нема потреба да се гласа во собрание за францускиот предлог, тој е во рамки на декларацијата усвоена лани, се нудам да одам во ВМРО ДПМНЕ да им го објаснам предлогот
ОСМАНИ: СПОРЕД ПРОТОКОЛОТ КОЈ ЌЕ ГО ОБЈАВИМЕ УТРЕ СЕ ПРЕДВИДУВА ОТВОРАЊЕ НА АРХИВИТЕ ВО ДВЕТЕ ЗЕМЈИ И РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ЖРТВИТЕ ОД КОМУНИЗМОТ
ОСМАНИ: СПОРЕД ПРОТОКОЛОТ КОЈ ЌЕ ГО ОБЈАВИМЕ УТРЕ СЕ ПРЕДВИДУВА ОТВОРАЊЕ НА АРХИВИТЕ ВО ДВЕТЕ ЗЕМЈИ И РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ЖРТВИТЕ ОД КОМУНИЗМОТ
ОСМАНИ: ГОВОРОТ НА ОМРАЗА КОН БУГАРИЈА НЕМА ДА СЕ ТАРГЕТИРА СО ЦЕНЗУРА ТУКУ СО АПЕЛИ И СООПШТЕНИЈА
ОСМАНИ: ГОВОРОТ НА ОМРАЗА КОН БУГАРИЈА НЕМА ДА СЕ ТАРГЕТИРА СО ЦЕНЗУРА ТУКУ СО АПЕЛИ И СООПШТЕНИЈА
ЌЕ ПАЃААТ РУСКИ АВИОНИ И ХЕЛИКОПТЕРИ ВО УКРАИНА: АМЕРИКА ПРАЌА ВО УКРАИНА НАЈСОВРЕМЕНИ СИСТЕМИ ЗА АНТИ ВОЗДУШНА ОДБРАНА ВРЕДНА 800 МИЛИОНИ ДОЛАРИ
ЌЕ ПАЃААТ РУСКИ АВИОНИ И ХЕЛИКОПТЕРИ ВО УКРАИНА: АМЕРИКА ПРАЌА ВО УКРАИНА НАЈСОВРЕМЕНИ СИСТЕМИ ЗА АНТИ ВОЗДУШНА ОДБРАНА ВРЕДНА 800 МИЛИОНИ ДОЛАРИ
НОВ ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД НА РУСИТЕ: СО РАКЕТИ УБИЕНИ 30 ЖИТЕЛИ НА ОДЕСА
НОВ ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД НА РУСИТЕ: СО РАКЕТИ УБИЕНИ 30 ЖИТЕЛИ НА ОДЕСА
ОСМАНИ: Се разбира дека секое решение, предлог, којшто треба да задоволи две страни е компромисен и дека не е идеален само за едната страна, било кој предлог ќе треба да ги остави двете страни подеднакво задоволни или незадоволни

(ВИДЕО) СОВЕТИ ЗА ОНИЕ КОИ СТРАДААТ ОД АЛЕРГИЈА НА ПОЛЕН, ОВОЈ ПЕРИОД ОД ГОДИНАТА ЗА НИВ Е МНОГУ ТЕЖОК

Пролетта носи уживање за многу луѓе кои со задоволство ги исполнуваат белите дробови со пријатниот мирис на расцутените дрвја, но на околу третина од Македонците почетокот на пролетта им создава нервоза бидејќи пристигнуваат и сезонските алергии, најчесто предизвикани од поленовиот прав.

Поленот од цвеќињата, дрвјата и тревата предизвикува алергиски реакции кај 20-30% од македонското население, а со секоја измината година, бројот на засегнатите се зголемува. Иритирачките симптоми како кивање, растечен нос и насолзени очи кај некои лица се лесни и подносливи. Сепак, во ретки случаи може да доведат до астматична реакција. Затоа, многу е важно да не се игнорира потребата од консултација со стручни лица, особено кога станува збор за деца со поленска алергија.

Алергија
СИМПТОМИ НА АЛЕРГИЈАТА НА ПОЛЕН
Алергијата на поленов прав се манифестира преку симптоми како:

Кивање;
Течна секреција од носот;
Чешање или пецкање во очите, носот или грлото;
Зацрвенети очи;
Солзење на очите;
Темни кругови околу очите;
Кашлање.
Иако е невозможно целосно да се заштитите од поленот, постојат едноставни начини кои можат да ви помогнат да ја намалите изложеноста на него.

КАКО ДА ГО ЗАДРЖИТЕ ПОЛЕНОТ ПОДАЛЕКУ ОД ВАШИОТ ДОМ?
Не е тешко малите честички на поленот да завршат во вашето живеалиште кога се невидливи за голото човечко око. Секогаш кога проветрувате, кога влегувате дома со истите обувки со кои пешачевте надвор или кога ја сушите облеката на отворено, вие го каните поленот на гости. Еве како да ја намалите неговата присутност во домот:

Чувајте ги прозорците и вратите затворени, особено во утринските часови. Иако проветрувањето ви изгледа како добра опција, во сезоната на поленот тоа може да значи влошување на симптомите на алергија. Користете клима уред и редовно менувајте ги филтрите за прочистување на воздухот. Најдобро време за проветрување се врнежливите денови и деновите со висока влажност во воздухот. Избегнувајте го проветрувањето во ветровити денови.
Чистете со правосмукалка и бришете прашина најмалку двапати неделно. Можеби не сте знаеле, но прашината во вашиот дом содржи и полен. За да го намалите интензитетот на симптомите, потребно е да ја минимизирате прашината во домот.
Забранете го пушењето во домот. Чадот од цигарите може да ги влоши симптомите на алергијата.
Сушете ја облеката и постелнината дома или во машина за сушење алишта. Поленот лесно се таложи на алиштата кога тие се сушат надвор.
Соблекувајте ги и чистете ги обувките пред да го пречекорите прагот. Не влегувајте со обувките дома, бидејќи на нив има полен кој подоцна може да ви ги дразни носот, очите и грлото. Соблекувајте ги обувките пред вратата.
Истуширајте се и променете ја облеката веднаш штом ќе влезете дома. Ако не планирате повторно да излегувате, влезете веднаш под тушот. Додека сте надвор, поленот се собира на вашата коса, кожа и на облеката, па ако не го отстраните, тој лесно може да заврши на вашата перница и да ви го уништи сонот во текот на ноќта. Доколку пак планирате повторно да излегувате, оставете го туширањето за добра ноќ.
Чистете го домашниот миленик пред да го пуштите во домот. Напролет, кучињата собираат полен на нивното крзно, па многумина погрешно сметаат дека се алергични на нивните влакна, кога единствено им пречи поленот. Пред да го пуштите вашето милениче дома, исчешлајте го или поминете по неговото крзно со влажна крпа. Ако пак немате време за тоа, забранете му да влегува во спалната соба.
ШТО АКО МОРАТЕ ДА ИЗЛЕЗЕТЕ НАДВОР?
Колку и да сакате да се сокриете од поленот, нема да можете да останете затворени дома. Искористете ги следниве совети за да ја намалите изложеноста на полен кога сте надвор од вашиот дом:

Доколку е возможно, излегувајте кога честичките на полен во воздухот се помалобројни. Иако поленот е застапен во воздухот во текот на целиот ден, тој е најконцентриран претпладне. Одложувајте го излегувањето од дома до пладне, а особено бидете внимателни во ветровитите денови. Концентрацијата на полен опаѓа кога врне дожд.
Носете очила или очила за сонце. Очилата во голема мера ќе го спречат ветерот да донесе полен до вашите очи.
Не ги отворајте прозорците од вашиот автомобил. Одолејте ѝ на желбата да возите со отворени прозорци, затоа што поленот ќе си пронајде место и во вашиот автомобил.
Избегнувајте ја свежо искосената трева и предајте ја грижата за градината на некој друг. Косењето на тревата и собирањето лисја во градината ги раздвижуваат честичките на полен, па тие лесно можат да стигнат до вашиот нос или устата. Исто така, избегнувајте контакт со свежо искосена трева.
Ако морате да работите во градината, ставете маска која ќе ви ги покрива носот и устата. Маската можеби нема да ви даде модерен изглед, но секако ќе ве заштити доколку нема кој друг да ја преземе грижата за градината.
Кога алергијата предизвикува поизразени симптоми, неопходна е консултација со лекар кој може да предложи лекови, капки или спрејови за ублажување на симптомите.

loading...

sổ kết quả go88 Go88 Live - Thiên Đường Cờ Bạc, Nổ Hũ Trực Tuyến bằng thống kê tài xỉu go88

sunwin clan hop sunwin 247. club tại sunwin pc