Џозеф: Бугарското малтретирање на Македонија веќе е проблем и на НАТО
Џозеф: Бугарското малтретирање на Македонија веќе е проблем и на НАТО
Ковачевски со поддршка за Парадата на гордоста: Секој има право на почит и достоинство
Ковачевски со поддршка за Парадата на гордоста: Секој има право на почит и достоинство
Глобално обединети можеме да обезбедиме храна за сите е заклучокот од министерската конференција во Берлин „Uniting for Global Food Security“
Глобално обединети можеме да обезбедиме храна за сите е заклучокот од министерската конференција во Берлин „Uniting for Global Food Security“
ДРАМА ВО ПРИЛЕП: Сакал да прегази полицајци со комбе, тие пукале во гумите, граѓаните се извадиле од памет!
ДРАМА ВО ПРИЛЕП: Сакал да прегази полицајци со комбе, тие пукале во гумите, граѓаните се извадиле од памет!
Тренчевска: Преку кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“, ја подигаме свеста на значењето на згрижувачките семејства
Тренчевска: Преку кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“, ја подигаме свеста на значењето на згрижувачките семејства
Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад
Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад
Едвард Џозеф: Софија може да ги поткопа темелите на македонската држава
Едвард Џозеф: Софија може да ги поткопа темелите на македонската држава
КАЕВСКИ: Срамно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија
КАЕВСКИ: Срамно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија

Вистиномер: Со ореви и мед не се лекуваат болести на тироидната жлезда

Фото: commons.wikimedia.org
На пациентите кои имаат болести на тироидната жлезда им е потребен постојан медицински третман и редовни контроли. Првенствено дијагноза, ехо контроли, крвна слика за испитување на хормоните и секојдневна терапија зависно од болеста, секако исклучиво со препорака од специјалист ендокринолог или интернист. Клучно е да се нагласи дека за различните нарушувања на тироидната жлезда се земаат потполно различни лекови.Така што мешавината од ореви и мед не е лек и не може да лекува различни, сосема спротивни болести предизвикани од нарушувања на штитната жлезда!, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Во пост на социјалната мрежа Фејсбук се споделува народен рецепт од ореви и мед за лекување на штитната жлезда, под наслов: „Лекарите никогаш нема да ви го кажат ова: Еве како да ја лекувате штитната жлезда со само една состојка“. Рецептот кој се споделува не е лек за тироидната жлезда и може да предизвика сериозни компликации и нарушувања кај одредени заболувања.

Во постот, кој е прилично вирален и во моментот на нашата рецензија има над 160 споделувања, е линкуван напис каде што детално е опишан наводниот рецепт:

Состојки: Една голема тегла или неколку мали тегли, 40 ореви без лушти, 1кг органски мед.

Инстукции: Оревите добро измијте ги, исушете ги и потоа прободете ги со остар нож или игла. Ставете ги во тегла прелијте ги со мед. Чувајте ја теглата отворена на добро осветлено место околу 40 дена. На крајот процедете ја течноста и истурете ја во шише.

Употреба: Земете две супени лажици од лекот секој ден, еднаш наутро и еднаш навечер.

Тироидна жлезда и најчестите нарушувања

Најпрвин за тироидната жлезда и за болестите поврзани со неа. Таа е мала жлезда лоцирана во основата на вратот, веднаш над градите, излачува хормон познат под името тироксин. Во зависност од нарушената работа на оваа жлезда т.е зголемено или намалено ниво на овој хормон кој се излачува во крвта, се појавуваат различни болести.

Најчесто проблемите се откриваат на лекар при испитување. Доколку немате симптоми, единствен начин да се открие проблемот, е редовна контрола со ехо и крвна слика.

Според написот објавен на веб-порталот на клиниката „Жан Митрев“ постојат повеќе видови нарушувања на штитната жлезда:

Хипертироидизам. Кога јазол или гушавост произведува тироиден хормон, тоа може да предизвика проблем и да генерира премногу хормон во телото.
Хипотиреодизам симптоми при намалена функција на жлездата се развиваат бавно, понекогаш и во тек на неколку години
Хронично воспаление на тироидната жлезда. Хашимотова болест, нарушување на тироидната жлезда, може да предизвика воспаление на тироидната жлезда и да доведе до зголемени јазли. Ова често се поврзува со хипотироидизам.
Циста на тироидната жлезда. Шуплини (цисти) исполнети со течност најчесто се должат на дегенерација на аденоми на тироидната жлезда. Често кај тироидни цисти, цврстите компоненти се мешаат со течност. Цистите обично не се канцерогени, но понекогаш можно е да содржат канцерогени компоненти.
Во врска со болестите кои произлегуваат од функцијата на штитната жлезда на веб-страницата на Приватната здравствена установа „Проф. Д-р Богоев”, специјалистичка и субспецијалистичка организација која се занимава со дијагностика, третман и следење на состојби и заболувања од областа на интерната медицина, ендокринологијата и метаболните нарушувања, пишува:

Првата група на болести се однесува на функцијата на штитната жлезда – дали таа работи нормално, дали работи со зголемено темпо односно премногу и лачи преголеми количества на хормони, што не е добро и доколку не се лекува е смртоносно или, пак, лачи премалку што, исто така, не е добро и исто доколку не се лекува, не се препознае и трае подолго време и завршува лошо.

Втората група на болести тука спаѓаат туморите на штитната жлезда коишто денес, за жал, се доста чести и уште потажно е тоа што најголемиот дел спаѓаат во групата на малигни или лоши болести на штитната жлезда. Мал дел од овие тумори се бенигни, односно не метастазираат и не завршуваат лошо.

Третата група на заболувања се таканаречените гушавости или струми, гуша, којашто денеска, за среќа, е многу поретка од порано, бидејќи солта којашто ја користиме во секојдневната исхрана, готварската сол, се јодира по закон. И тој јод што го внесуваме е доволен за да спречи гушавост.

Тестирањето за нивото на TSH обично е првиот чекор во скринингот за какво било нарушување на тироидната жлезда. Ако имате некои од симптоми, лекарот назначува тест на крвта за да провери дали има високи нивоа на TSH, како и ниски нивоа на тироидни хормони (T3 или T4).

Хашимотовата болест е автоимуно нарушување, каде што крвниот тест, исто така, покажува абнормални антитела кои ја напаѓаат тироидната жлезда.Во медицината не е познат лек за болеста Хашимото. Лековите за замена на хормони често се користат за зголемување на нивото на тироидните хормони или за намалување на нивото на TSH.

Хипотироидизам и хипертироидизам се во основа проблем на спротивности, третманот за секоја е потполно различен, односно спротивен.

Потребно е повеќе тироиден хормон во едниот случај, а помалку од истиот хормон во другиот случај. Затоа, опциите за третман варираат во зависност од специфичното нарушување на секој пациент и карактеристиките на ситуацијата.

Пациентите кои имаат болести на тироидната жлезда треба да знаат дека им е потребен постојан медицински третман и редовни контроли. Првенствено дијагноза, ехо контроли, крвна слика за испитување на хормоните и секојдневна терапија зависно од болеста, секако исклучиво со препорака од специјалист ендокринолог или интернист.

Клучно е да се нагласи дека за различните нарушувања на тироидната жлезда се земаат потполно различни лекови. Првенствено се утврдува тироидниот статус, а потоа лекарите даваат терапија. Така што оревите и медот не може да лекуваат неколку сосема различни нарушувања на тироидната жлезда.

Важно е да се напомене дека „лекот“ кој се споделува од ореви и мед содржи јод и може да нанесе штета и сериозни последици врз здравјето на луѓето особено на оние со хашимото тироидит.

Јодот е есенцијален, минерален градбен елемент на тироидните хормони. Студиите велат дека луѓето со недостаток од јод имаат поголем ризик од хипотироидизам и други тиродини заболувања. Голем дел од населението има недостаток, но тој треба да се надополни со храната, не со суплементите, имајќи предвид дека резултатите од некои испитувања велат дека суплементирањето со јод може да ја оштети тироидната жлезда. Сепак, има контадикторни студии за оваа тема, пишува на веб-страницата на Д-р Митов.

Во водичот за пациенти со болести на тироидната жлезда од Здружението „Борка“ се повикува на редовни медицински прегледи и терапија.

Ако редовно ги земате вашата апчиња секој ден и редовно одите на лекарски контроли, ќе бидете во можност да ја задржите вашата тироидна болест целосно под контрола во текот на целиот ваш живот. Симптомите ќе исчезнат и ефекти од ниски или високи хормони на тироидната жлезда ќе престанат да се влошуваат и ќе се подобрат. Ако вашата тироидна болест е добро контролирана, тоа нема да го скрати вашиот животен век и ќе водите нормален живот, пишува во водичот за пациенти на Здружението Борка.

Науката не препорачува ореви и мед. Доказите сугерираат дека суплементацијата со селен (Se) може да биде корисна како дополнителна терапија на левотироксин (LT4) во третманот на Хашимото тироидитис.

Токму затоа лекарите нема да ви препорачаат да се лекувате со мед и ореви туку со соодветна медицинска терапија.

Дијагнозата на хипотироидизам е едноставна, клиничките наоди и лабораториските тестови се основа на дијагнозата. Хипотироидизмот кај повеќето пациенти е траен и треба да се лекува доживотно. Синтетичкиот тироксин е претпочитана форма на терапија со тироидни хормони. Главната цел на третманот е да се врати состојбата на еутироидната жлезда утврдена со мерење на серумските нивоа на тиротропин, пишуваат стручни медицински лица во студиите.

Медицината базирана на докази има детално упатство за лекување на нарушувањата на тироидната жлезда.

Сите пациенти треба да се третираат до еутриоидна состојба со антитироидни лекови (може да се почнат во примарната здравствена заштита); Стратегијата за третман се прави од специјалист и може да се состои од: Долготрајна антитироидна терапија (12–18 месеци); Радиојоден третман; Хирургија, стои во упатството за лекување на хипертироидизам од Министерство за здравство.

Но, Министерството за здравство има сосема различно упатство за третман при нарушувањето хипотиреодизам.

На пациентите кои имаат болести на тироидната жлезда им е потребен постојан медицински третман и редовни контроли. Првенствено дијагноза, ехо контроли, крвна слика за испитување на хормоните и секојдневна терапија зависно од болеста, секако исклучиво со препорака од специјалист ендокринолог или интернист.

Клучно е да се нагласи дека за различните нарушувања на тироидната жлезда се земаат потполно различни лекови. Првенствено се утврдува тироидниот статус, а потоа лекарите даваат терапија. Така што мешавината од ореви и мед не е лек и не може да лекува различни, сосема спротивни болести предизвикани од нарушувања на штитната жлезда! Напротив тоа може да предизвика сериозни последици врз здравјето на луѓето кои имаат здравствени проблеми со тироидната жлезда.

loading...

go88 inpho Go88 cho Android - Tải về APK auto247 go88

sunwin house bradford sunwin jetzt erst recht đại lý game sunwin