17.6 C
Скопје
15/05/2025 09:13
МАКТЕЛ

     

(ВИДЕО) Ковачевски: Инвестираме во инфраструктура и во услови на светска криза – 70 милиони евра за локални патишта

      

   

Премиерот Димитар Ковачевски се обрати на настан по повод презентација на „Проектот за поврзување на локалните патишта”. На настанот свои обраќања имаа и министрите за транспорт и врски Благој Бочварски, за внатрешни работи Оливер Спасовски, а свое видео обраќање имаше и Масимилијано Паолучи, директор на канцеларијата на Светска Банка во земјава.

Премиерот Ковачевски истакна дека преку овој проект, со 70 милиони евра обезбедуваме подобра инфраструктура и ги реконструираме локалните улици и патишта во сите 80 општини низ државата и Град Скопје.

„Ова е најкрупниот и најзначајниот проект за општините, каде со директна помош се подобрува инфраструктурата на локално ниво. Проектот се реализира од 2020 година и до сега се опфатени над 90 улици во 44 општини. Согласно планот, вкупно за реконструкција се планирани околу 450 километри локални улици и патишта во сите 80 општини, до 2024 година. Еден од стратешките приоритети на Владата е развој на функционална, безбедна и одржлива инфраструктура како клучен фактор за создавање рамнотежа во економијата и во општествениот и регионален развој, заштита на животната средина и подобрување на конкурентноста во државата. Развиена локална инфраструктура, значи и развиена економија. Со овој проект обезбедуваме подобра инфраструктура во општините, го олеснуваме животот на граѓаните, го подобруваме урбаното живеење, обезбедуваме локален економски развој, безбедност во сообраќајот и подобра комуникација меѓу граѓаните. Општините добиваат неповратни средства што е од огромна корист за нив да се реконструираат улици и патишта кои се приоритетни за граѓаните“, рече Ковачевски.

Во своето обраќање премиерот Ковачевски истакна дека само преку пет поголеми проекти, меѓу кои и „Проектот за поврзување на локалните патишта“, инвестирани се над 250 милиони евра во општините.

Министерот Бочварски рече дека инвестициите во инфраструктурата се од клучно значење за економскиот раст и развој на државата.

„Посебно ако тие директно се насочени кон општините заради локален економски развој но и подобрување на урбаното живеење на граѓаните. Во овој период посетив голем број на општини, остварив средби со градоначалниците, граѓаните и општинската администрација и секаде ги имавме истите предизвици, а тоа е реализација на крупни проекти во општините за подобрување на локалната патна инфраструктура.

Сите се согласуваме со оправданоста и целта на овој проект. Рехабилитацијата на локалната патна мрежа верувам дека ќе се сложите, е прв и основен приоритет за граѓаните, за економијата, но и подобрување на безбедноста во сообраќајот.

Токму преку овој проект ги нудиме и ги обезбедуваме сите овие приоритети.

Особено сега во време на најголемата светска криза, кога има лимитирачки фактори во градежништвото, го зголемуваме капацитетот на општините и вбризгуваме повеќе финансиски средства во економијата”, рече Бочварски.

Министерот Спасовски истакна дека за МВР, како непосредно практично инволвирана институција во делот на безбедноста на сообраќајот и тоа како е важно прашањето за квалитетно управување со безбедноста на патишта и подобрувања на капацитетот за управување со безбедноста на патишта на ниво на општините, односно локалните заедници.

„Секако дека подобрувањето на квалитетот на патната инфраструктура и нејзиното стручно инкорпорирање во севкупната сообраќајна мрежа без дилема гарантира услови за севкупно подобрување на безбедноста во сообраќајот, што е од огромно значење од аспект на полициското работење, допирајќи го и најчувствителното прашање од аспект на полицијата – заштитата на материјалните добра и сигурноста на граѓаните во сообраќајот“, истакна министерот Спасовски, додавајќи дека МВР е целосно на располагање за овој капитален проект со своја стручна помош, согледувања, анализи, статистички показатели од доменот на својата работа, што ќе најдат свое место во успешната реализација на проектот, имајќи превид дека безбедноста во сообраќајот е еден општ институционален интерес ‘пар екселанс’, и од аспект на спасување на човечки животи, како приоритет над сите приоритети, така анулирање на сите оние финансиски импликации кои што можат да бидат огромни доколку постојано не се инсистира на континуирано надградување на безбедносните стандарди во сообраќајот”, рече Спасовски.

Масимилијано Паолучи од Светска Банка во своето видео обраќање, истакна дека Северна Македонија прави сериозни напори за подобрување на локалните патишта. Зборуваше за важноста на проектот и зајакнување на капацитетите за подобрување на локалната инфраструктура се со цел подобрување на животот на граѓаните на локално ниво.

   

Најново

(ВИДЕО) Инцидент меѓу демонстрантите и полицијата на влезот на судот во Нови Сад

Sase Ivanovski

Претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Кошта, во посета на Скопје

Sase Ivanovski

Започнаа преговорите меѓу Украина и Русија во Истанбул, но без Путин и Трамп

Sase Ivanovski

Делови од Центар, Аеродром, Сарај и Бутел без струја

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди

Sase Ivanovski

Уругваецот Хозе Мухика: Најскромниот претседател во светот

Sase Ivanovski

Mајка на повреден вo Кочани: Повредата е толку чувствителна што од минута во минута создава нови проблеми

Sase Ivanovski

Украина се подготвува да мобилизира студенти, почнуваат протерувања на студенти над 25 години, инспекции на над 100 високообразовни институции“

Sase Ivanovski

Атанасоски: Без разлика кој е на власт, кај нас никогаш не се прифаќа предлог-закон од опозиција

Sase Ivanovski

Младите бегаат од земјоделството и од државата, вели Ѓорѓиевски од здружението „Македонско прасе“

Sase Ivanovski

Најнормално е да имам прекрасни односи со српското државно раководство, вели Стоилковиќ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) „Естонците се обидоа да го нападнат рускиот танкер, а потоа се појави Су-35“

Sase Ivanovski

Заменик-министерот Димитровски учествуваше на Министерскиот состанок на Обединетите нации за мировни операции

Sase Ivanovski

Грчки, македонски, кипарски и српски уметници заедно изложуваат во Атина

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Ана Брнабиќ зборува англиски, коментарите не ја поштедија

Sase Ivanovski

Околу 1.000 работници на „Старбакс“ во САД стапија во штрајк поради промена на кодексот за облекување

Sase Ivanovski

Бебе пронајдено во кеса за ѓубре во Атина, бабата тврди дека ѝ го грабнал непознат човек во маркет

Sase Ivanovski

Хрватска општина им доделува 500 „паметни“ часовници на пензионерите

Sase Ivanovski

Викендов се отвора Фестивалот на монодрамата во Битола

Sase Ivanovski

Зеленски рече дека е подготвен за каков било формат за преговори за ставање крај на војната

Sase Ivanovski

„Катар ервејс“ купува 160 авиони од „Боинг“ за 200 милијарди долари

Sase Ivanovski

Крешник Бектеши да оди во куќен притвор бара Обвинителството за пожарот во дискотеката Пулс

Sase Ivanovski

Судијка од Велес времено делегирана во Судот во Кочани поради зголемениот обем на работа

Sase Ivanovski

Филипче: Вистински сум разочаран од одлуката на ВМРО ДПМНЕ да не го гласаат законот за помош на настраданите од Кочани

Sase Ivanovski

Протест по пресудата за прегазувањето на Фросина Кулакова: Семејството се сомнева во правен инженеринг

Sase Ivanovski

Не е доволно!“: Семејството на Фросина Кулакова незадоволно од пресудата на Јованов

Sase Ivanovski

Лишени од слобода криминалци барани со потерници

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Семејството на Фросина и група граѓани на протест за 12-годишната казна на Јованов

Sase Ivanovski

УКРАИНА ЌЕ ГИ МОБИЛИЗИРА СТУДЕНТИТЕ Сите над 25 години ќе бидат избркани, инспекции на над 100 високообразовни институции

Sase Ivanovski

ГЕРМАНСКАТА ВОЈСКА ЌЕ БИДЕ НАЈМОЌНА ВО ЕВРОПА Мерц побара од Европа и САД да го отфрлат секој мировен план диктиран од Русија

Sase Ivanovski

ЗЕЛЕНСКИ ГО ПОТПИША ЕКОНОМСКИОТ ДОГОВОР СО САД Чудна тишина во Москва

Sase Ivanovski

БРОДОВИ, ХЕМИКАЛИИ, КОМПАНИИ Европа ги усогласи новите санкции за Русија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 10 СОБИ, ПРИВАТНА КАПЕЛА, БАЗЕН И ТЕНИСКО ИГРАЛИШТЕ Ова е резиденцијата на Папата, само погледнете како изгледа

Sase Ivanovski

ТАРАВАРИ ЈА СВРТЕ ПЛОЧАТА КОГА МУ ПРОПАДНА ПЛАНОТ ЗА ПАРКИРАЊЕТО ВО КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР Ристески е уверен дека нема да го следат сите функционери од Алијанса

Sase Ivanovski

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ОСТАНУВА КАЈ ВРЕДИ Не се водат разговори за размена на ресори

Sase Ivanovski

ПРОТЕСТ ПРЕД „ЈАН АМОС КОМЕНСКИ“ Родители не ги пуштаат децата на училиште поради насилен соученик

Sase Ivanovski

Гутереш: Ако не ја одбраниме Украина ќе следи хаос низ целиот свет

Sase Ivanovski

„Време е на младите“ – Шкодран Алили побара поддршка од ДУИ и Вреди за Кичево

Sase Ivanovski

Нови пријави до ДКСК: Сомнежи за незаконско унапредување во АНБ на братот на министерот и магистрирањето на Јанев

Sase Ivanovski

Костадинов: Советниците на ДПМНЕ гласаа против меморандумот за меѓуопштинска соработка меѓу Струмица и Кочани

Sase Ivanovski

Мицкоски: Ќе се инвестира во здравството, енергетиката, а ќе се реконструира и модернизира и железничкиот транспорт

Sase Ivanovski

Аџибадем Систина“: Нашата драга Гордана Илиевска заминува во заслужена пензија

Sase Ivanovski

Александар Николоски: Денеска заедно со премиерот Христијан Мицкоски остваривме средба со Дама Карен Пирс

Sase Ivanovski

Специјалната претставничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан во прва посета на Македонија

Sase Ivanovski

САД и Саудиска Арабија потпишаа договор за оружје вреден 142 милијарди долари пред средбата на Трамп со сирискиот лидер

Sase Ivanovski

Велика Британија воведе санкции за државен танкер на Азербејџан поради транспорт на руска нафта

Sase Ivanovski

Зеленски: Трамп мора да разбере дека Путин е вистинската пречка за мировен договор

Sase Ivanovski

Претседатлот на Судскиот совет да се разрешува јавно, предвидува новиот предлог-закон

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Травари е уценет од ДУИ и СДСМ

Sase Ivanovski

ОЈО Битола бара да опстои мерката замрзнување парични средства во предметот за злоупотреби во РЕК Битола

Sase Ivanovski

Изложба на Сашо Блажес насловена „Нурни во мене“ денес во Музеј на Град Скопје

Sase Ivanovski

Таравари: Оставка од министер поднесувам утре

Sase Ivanovski

Една третина од децата во Македонија живеат под националниот праг на сиромаштија

Sase Ivanovski

Брза железница во Македонија – сериозен план или предизборен воз без возен ред?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Премиерот Мицкоски најави инвестиции во висина од околу 2 милијарди евра

Sase Ivanovski

Потпретседателката на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Весна Бендевска гостуваше во емисијата „За или против“ на телевизија „Алфа“.

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Втор претрес денеска во демирхисарско, пронајдена дрога и оружје, лишено од слобода едно лице

Sase Ivanovski

Филипче за одбиениот закон за Кочани: Ова не беше момент за политички инает, туку за одговорност и зрелост

Sase Ivanovski

Регионалната конференција „Empowered“ во Скопје ги обедини актерите од Западен Балкан за поголема инклузија на лицата со попреченост

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова на средбата со Карен Пирс: Потребни се креативни решенија и гаранции за македонската евроинтеграција

Sase Ivanovski

ДИМИТРИЕВСКИ ОД ШТИП: ДОСТА БЕШЕ МОЛК – ФИЛИПЧЕ, ШТО ИЗНEСЕ, ЧИЕ БОГАТСТВО ГО ОДНЕСЕ?!

Sase Ivanovski

Кузеска: Излегувањето на Таравари потврди дека владата не функционира

Sase Ivanovski

Арбен Таравари: Алијансата за Албанците будно ги следеше „тврдењата“ на ВМРО за нашата партија и нејзиниот претседател

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Очекуваме Филипче да ја покаже потврдата од Министерството за здравство на ОАЕ, ако ја нема да се извини на граѓаните и да поднесе оставка

Sase Ivanovski

Ристески: Таравари не дава релевантни факти зошто излегува од Владата, ние продолжуваме да работиме за доброто на сите граѓани

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Претрес во валандовско, пронајдена марихуана, приведено едно лице

Sase Ivanovski

(ФОТО) Царинска управа: спречени обиди за криумчарење лекови и медицински материјали

Sase Ivanovski

Доделени Договори за финансиска поддршка од Општина Куманово на здруженија од областа на здравствена и социјална заштита

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Ако Филипче преговарал за златна виза за да работи за доктор, како добил златна виза а нема нострифицирана диплома?

Sase Ivanovski

Министерство за правда: Предлог законот за Судскиот совет предвидува разрешувањето на претседателот на Судскиот совет да се врши јавно

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски: Започна изградбата на спортската сала во ОУ „Гоце Делчев“ во Долно Лисиче

Sase Ivanovski

(ФОТО) Мицкоски: Двојно е зголемен буџетот за науката, околу 680 милиони денари за научни трудови

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ковачки: Таравари јавно да одговори со што е уценет од СДС и ДУИ

Sase Ivanovski

Мицкоски: Инвестициски бум од околу 2 милијарди евра – ќе се инвестира во здравството, енергетиката, а ќе се реконструира и модернизира железничкиот транспорт

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Без план и без резултати, за една година се распаѓа владата на ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ Прилеп: Прес-конференција на Петра Лукароска

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Реформските закони за правосудство ги нема, Филков да не ги опструира работните групи

Sase Ivanovski

Средба на МЕП Муртезани со претставници на Европската агенција за дроги (EUDA)

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Пратениците на ВМРО ДПМНЕ не гласаа и не го поддржаа предлогот на СДСМ за помош на жртвите од трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

(ФОТО) Македонските општини на терен во Србија: Чајетина како пример за трансформација на комуналните претпријатија и одржлива општинска реформа

Sase Ivanovski
Вчитувам....