17.7 C
Скопје
12/05/2025 17:25
МАКТЕЛ

     

ОРБАН СЕ ИЗРАДУВА НА ПОБЕДАТА НА РАДИКАЛНАТА ДЕСНИЦА ВО ИТАЛИЈА, ФОН ДЕР ЛЕЈЕН СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЕУ ЌЕ ЈА КАЗНИ ИТАЛИЈА АКО ЗАБЕГА ПРЕМНОГУ ДЕСНО

      

Изборната победа на Џорџа Мелони во Италија не е големо изненадување. Веќе една година десноекстремната политичарка води во анкетите. Таа беше единствената опозиција на владата на национално единство, која ја состави поранешниот претседател на Европската централна банка, Марио Драги, како непартиски премиер, за да ја води Италија низ корона кризата.

   

Драги предвремено се откажа. Така на Мелони ѝ дојде како нарачана шансата со предвремените парламентарни избори и таа ја искористи. 45-годишната политичарка беше во состојба да се претстави како анти-естаблишмент. Со едноставни популистички пароли како „Први на ред Италијанците” таа ги убеди гласачите на кои им беше смачено од левите и либерални партии. Политикологот Лоренцо Де Сио од Универзитетот Луиз во Рим за ДВ вели дека Италијанците се „уморни од политика” по кризите и три владини коалиции кои се променија во изминатите четири години од последните парламентарни избори. Тоа се покажа и во историски најниската излезност од 65 проценти. Десет проценти помалку од 2018.

Мелони со чист имиџ

Постфашистичкото минато на Мелони и нејзината партија во Италија за разлика од остатокот на Европа, игра споредна улога. Категориите десноекстремна или деснорадикална кои се користат во Германија, во Италија не би ја доловиле политичката реалност, смета Луц Клинкхамер, експерт за италијанска современа историја на Германскиот институт во Рим: „Мелони е конзервативен политичар со постфашистичко минато”, вели тој.

Случајни минувачи кои беа прашани од ДВ по изборите, велат дека не очекуваат десноекстремна револуција во Италија, туку помали, можеби и болни промени во семејната политика, правата за хомосексуалните и абортусите.

Многу потешко ќе биде за мигрантите кои годинава повторно беа побројни на италијанското крајбрежје. Џорџа Мелони и нејзиниот очекуван министер за внатрешни работи Матео Салвини сакаат комплетен стоп на приемот на бегалци. Само „вистински” воени бегалци од Украина ќе имаат шанса за помош. Салвини веројатно повторно ќе ги затвори пристаништата и ќе се замери со ЕУ околу нејзините обиди за заедничка бегалска политика. Тоа го правеше и за време на првиот мандат како министер за внатрешни работи од 2018 до 2019 година.

На Италија ѝ се потребни европски пари

Италијанците, според анкетите, од новата влада очекуваат намалување на високата стапка на инфлација, достижни цени на енергенсите и смалени даноци. Конкретните рецепти за тоа партиите во предизборната кампања само ги навестија.

Во однос на зголемување на задолжувањето Џорџа Мелони има критички став со оглед на рецесијата која се заканува. Таа веќе сега изнесува 150% од годишниот БДП. Ако трошоците за долговите и натаму растат, Италија би можела да западне во вистинска финансиска криза. Таа би имала тешки последици за ЕУ, бидејќи Италија е третата најголема економија во еврозоната и тешко дека би можела да биде „спасена” како Грција пред десет години.

Десните коалициски партнери се сложни дека додатоците и евтините кредити од Фондот за обнова по короната финансиран од ЕУ треба и понатаму да течат. 200 милијарди евра ѝ следуваат на Италија – пари кои итно ѝ се потребни на Мелони. Според Клинкхамер, новата влада прво заради тоа нема да сака да оди на курс на конфронтација со ЕУ и донаторите.

Италија во прегратка со Унгарија и Полска?

Џорџа Мелони која само пред неколку години ја спореди ЕУ со Советскиот Сојуз, посочувајќи дека сакала да ја пороби Италија, сега зборува со поинаков тон. За време на предизборната кампања таа вети дека секако ќе се придржува до европските регулативи и ќе соработува со Европската Комисија. Но таа во своите предизборни говори вети дека подобро ќе ги брани и спроведува италијанските интереси во Брисел. Што точно тоа значи, е нејасно.

Поддршка за „Браќата на Италија“ пристига од европските браќа по дух – најмногу се радуваат унгарскиот премиер Виктор Орбан и полскиот премиер Матеуш Моравјецки. Со Италија сега конечно имаат силен сојузник со кој може да го туркаат својот концепт на полабав сојуз на илиберални нации во ЕУ.

Германскиот канцелар Олаф Шолц (социјалдемократ) и францускиот претседател Емануел Макрон (либерал) комотно може да ја стават ад-акта подлабоката интеграција, на пример во однос на мнозинските одлуки за надворешнополитички прашања. Претседателката на ЕК, Урсула Фон Дер Лајен, претпазиливо посочи дека постојат „инструменти“ со кои може да се дисциплинира Италија доколку скршне од патот усогласен со ЕУ.

„Не знаеме што точно ќе прави Мелони. Таа само рече дека игрите се завршени. Тешко е да се процени,“ вели Андреа Карло, аналитичар во Германскиот историски институт во Рим.

Нема промени во политиката кон Русија

Аналитичарите сметаат дека нема да има промена на курсот во однос на моемнтално најважното надворешнополитичко прашање – Џорџа Мелони јавно ја осуди руската војна во Украина и ги поддржа санкциите против Русија, како и помошта за Украина. Губитникот на изборите, социјалдемократот Енрико Лета, смета дека нејзините можни коалициски партнери немаат ваков јасен став по ова прашање. „Ако победи десницата, рускиот претседател Путин ќе биде првиот што ќе слави“, изјави Лета за време на предизборната кампања. „Десницата не е едногласна по ова прашање. Тоа е многу негативно за Италија и ќе ја ослаби и Европа.“

Точно е дека шефот на Лега, Матео Салвини и Силвио Берлускони од Форца Италија во минатото одржуваа добри врски со Владимир Путин, но по почетокот на војната помалку или повеќе тие се дистанцираа од него.

„Добивме мандат и подготвени сме“ – е мотото за составување на новата владина коалиција на чие чело мошне веројатно ќе биде Џорџа Мелони, во тој случај првата жена премиер во Италија. За надворешнополитичкиот курс и многу внатрешно политички и економски прашања секогаш може да се расправа и подоцна, пишуваат коментаторите во италијанските медиуми. А кавга со сигурност ќе има, бидејќи и Салвини и Берлускони секако ќе се пазарат за влез во коалицијата.

Ова нема да биде првата десничарска влада во Италија. Таков сојуз веќе постоеше во 2001 и 2008 предводен од Берлускони. Но, сега ќе биде поекстремен, бидејќи на чело не е „учителот“ Берлускони, туку неговиот ученик Мелони. Берлускони ја донесе Мелони во својот кабинет во 2008 година како најмлада министерка и го величаше нејзиниот политички талент. Тој пак сега е само пратеник во Сенатот и веројатно нема да му биде дозволено да преземе ниту некое министерско место.

Сигурно ќе има следна владина криза

Џорџа Мелони веројатно нема да има многу време за да ја спроведе десно-популистичката програма по урнекот на нејзиниот идол Доналд Трамп. Во просек, мандатот на италијанските влади во доста нестабилниот политички систем на Италија трае меѓу 15 и 18 месеци. Исфрустрираното гласачко тело нема проблем со радикална промена доколку не им се допаѓа претходниот избор. Пред четири години популистите од левицата, „Движењето 5 ѕвезди“ победија на изборите со подобар резултат од сегашниот на Мелони. Денес ова движење е речиси „прегорено“ и без влијание. И десниот популист Салвини со неговата Лега претрпе огромни загуби. Неговиот удел во гласовите е преполовен во однос на 2018 година. На Италија и Европа им претстојат политички интересни, а можеби и турбулентни времиња.

Бернд Ригерт
извор: ДВ
Дописник од Брисел со фокус на луѓето, приказните и политиката на Европската Унија

   

Најново

Еди Рама на прагот на четврти мандат

Sase Ivanovski

Нови цени на горивата од полноќ: Дизелот поевтинува, бензинот поскапува

Sase Ivanovski

Почина кардиологот Агим Зеќири

Sase Ivanovski

“Ни падна нас да ги исправаме грешките од лековерност или незнаење на претходниците” беседеше премиерот интервјуиран од заменик министерката Трајков

Sase Ivanovski

Најмалку десет жртви во израелски напад врз училиште во Газа

Sase Ivanovski

Пакистански авион од кинеско производство собори два индиски борбени авиони, соопштија американските власти

Sase Ivanovski

ПКК објави дека се самораспушта и го запира вооружениот конфликт против турските власти

Sase Ivanovski

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Sase Ivanovski

Гардијан со детали: САД и Кина договорија намалување на царините за 115 отсто за период од 90 дена

Sase Ivanovski

Една епизода од Game of throns чини колку Х Македонски народни приказни

Sase Ivanovski

Слонот во собата и „куклите“ во Владата

Sase Ivanovski

Оптимизам на берзите во Европа по договорот меѓу САД и Кина за намалување на царините за 90 дена

Sase Ivanovski

Руско Министерство за одбрана тврди дека нивниот „Искандер“ уништил ХИМАРС на украинската армија

Sase Ivanovski

ЦЕЛТА Е ЕУ, НО ТРЕБА ДА ПОБЕДИМЕ И ВО ПАРИЗ, БЕРЛИН, РИМ… Мицкоски сака Македонија да биде трипати подобра од сите за да испрати порака

Sase Ivanovski

Голем триумф за Еди Рама – сам има мнозинство да состави Влада

Sase Ivanovski

ДУИ: Време е да се преиспита легитимитетот на политичките претставници на предвремени парламентарни избори

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Интрига или факт: Гајдов му удрил бокс/шлаканица на Зиков?

Sase Ivanovski

Основната разлика меѓу евро-интеграциите на Скопје и Кијив: Украина ја брани Европа сама по себе. ЕУ ја брани Северна Македонија самата од себе

Sase Ivanovski

САД и Кина се договорија да ги намалат царините!

Sase Ivanovski

Како причини за таа својствена одлика за Американците, се наведуваат американската култура и нивниот секојдневен живот

Sase Ivanovski

Костадинов до Ѓеоргиевски: Недостасува кадар во градинките во Струмица, зошто местата не се пополнуваат?

Sase Ivanovski

Хотел Златибор во Ужице, Србија е маестрален пример за социјалистичкиот модернизам

Sase Ivanovski

Бобан Стефковски: БЕЛОМОРСКИ ВИДУВАЊА 2025

Sase Ivanovski

Христијан Мицкоски: Денеска имавме чест и задоволство да оствариме прекрасна средба со Крис Павловски и Џанкарло Девасини

Sase Ivanovski

Почнаа 13-тото издание на RoboMac и 5-тото издание на RoboMac Junior

Sase Ivanovski

(ВИДЕО+ФОТО) Мицкоски на „Македонија 2025“: Се соочивме со големи предизвици, но не очајуваме, македонската економија има потенцијал испорачуваме резултати

Sase Ivanovski

Јаневска: се залагаме за едносменска настава во сите училишта бидејќи значително го подобрува знаење на учениците

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Дали Филипче има удел во бизнисите на Заев во Дубаи, затоа ли молчи за златната виза?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Петрушевски: Во што се претвори СДС? Здружение на наркодилери и конзументи? Или нивен заштитник? Ќе се откаже ли СДС од Слаѓан Марковски?

Sase Ivanovski

Потпреседателката на ЗНАМ, Бендевска со порака до збунетото СДСМ – се самозалажувате – вашите штабови се како археолошки напуштени музеи

Sase Ivanovski

(ФОТО) Герасимовски: И ова утро, Општина Центар го исчисти сметот во Дебар Маало, Комунална хигиена на продолжен викенд

Sase Ivanovski

Минисерство за внатрешни работи: Приведен кавадарчанец, управувал возило со 2,52 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода

Sase Ivanovski

Симеонов: Се зголемуваат платите на здравствените работници што е услов за квалитетен здравствен систем

Sase Ivanovski

Герасимовски: Ги повикувам станарите од Општина Центар да се пријават за субвенции за санација на покриви и лифтови

Sase Ivanovski

Лазаров: Им честитам на момците, сега ќе играме со најдобрите во Европа

Sase Ivanovski

Полицајците денеска излегуваат на протест, бараат повисоки плати

Sase Ivanovski

Филипче: Луѓето што гласаа за ЗНАМ сега гледаат дека се излажани

Sase Ivanovski

Левица: Обвинетите во „Делчевски ниви“ кои се блиски до Мицкоски добиваат тендери од МРТВ

Sase Ivanovski

„Прво биди човек, потоа врши интервју“ – публиката ја нападна овој водител на Fox News поради обид да ја продолжи емисијата откако гостинот се онесвестил во етерот

Sase Ivanovski

Унгарија ги откажа разговорите со Украина за правата на малцинствата

Sase Ivanovski

СДСМ: Филипче јасно кажа дека не поседува имот во ОАЕ, визата што ја поседува не е добиена на основ на инвестиции

Sase Ivanovski

Денес, „Матица македонска“ ќе чествува 195 години од раѓањето на Прличев со промоција на новата книга од акад. Митевски

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТРАМП ЌЕ ДОБИЕ ЗЛАТЕН АВИОН ОД КАТАР Го викаат „летечка палата“, таков луксуз не сте виделе

Sase Ivanovski

Масовни апсења на деца низ Европа: Се раѓа нова генерација терористи, а некои од нив имаат 14 години

Sase Ivanovski

Трамп ќе потпише извршна наредба за намалување на цените на лековите што се издаваат на рецепт

Sase Ivanovski

Таравари: Ја напуштаме Владата за да се вратиме посилни

Sase Ivanovski

Руско Министерство за одбрана тврди дека нивниот „Искандер“ уништил ХИМАРС на украинската армија

Sase Ivanovski

ЕУ е нашата цел, но треба да научиме да победуваме и во Вашингтон и во Брисел, порача Мицкоски

Sase Ivanovski

Таравари: Не сакаме да бидеме кукли во владата. Кога не можеме да бидеме тоа за што народот не избрал му се враќаме нему

Sase Ivanovski

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Повеќе од 500 гости на Самитот Македонија 2025 во Скопје

Sase Ivanovski

Од срцето на Европа – Чешка нуди литиум наместо јаглен

Sase Ivanovski

Мицотакис патува во Рим на средба со Мелони

Sase Ivanovski

Станбените заедници во Центар ќе добијат субвенции за поправка на лифтови и кровови на зградите

Sase Ivanovski

Корупцијата сè уште е најголем проблем во државата, вели Мојсоска Блажески

Sase Ivanovski

За Венко злато – за СДСМ р’ѓа!

Sase Ivanovski

Силен земјотрес вечерва во Романија

Sase Ivanovski

Оптимизам на берзите во Европа по договорот меѓу САД и Кина за намалување на царините за 90 дена

Sase Ivanovski

Настан „Гуш и бац е љубов“ за зголемување на свесноста за лицата со атипичен развој

Sase Ivanovski

ЌЕ СЕ СРЕТНЕЛ СО МИЦКОСКИ ДА МУ ЈА ОБЈАСНИ ВИСТИНСКАТА СЛИКА: Се огласи Таравари

Sase Ivanovski

„ЦЕЛО ВРЕМЕ ИМАЛЕ ТАЕН ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА“: Се огласи Меџити

Sase Ivanovski

„ПОЛИЦИСКИ ЕКИПИ, УЈП, ДПИ И ОСТАНАТИ ИНСПЕКЦИИ ДЕНЕС ГО ТЕРОРИЗИРААТ КОЧАНИ, НА РАЗГОВОР ПОВИКАН РОДИТЕЛ НА ЖРТВА“: Костовски обвинува

Sase Ivanovski

СЕ ЧЕКА ЗАВРШНО ПИЕЊЕ КАФЕ СО ТАРАВАРИ: „Се враќа во прегратките на Али Ахмети“, вели Мицкоски

Sase Ivanovski

„ТРАМПАА БАЈАДЕРИ ЗА КОРНИШОНИ“: Димитриевски вели државата не смее да биде монета за поткусурување

Sase Ivanovski

ЛЕТЕЧКА ПАЛАТА ЗА ТРАМП: Кралското семејство на Катар го почести Трамп

Sase Ivanovski

Проф. д-р Крлиу: Нашата заложба е да создадеме граѓани на светот – тоа се гледа во секој наш студент

Sase Ivanovski

„Макпетрол“ и „Телма“ во соработка со Сашко Коцев почнуваат нова забавна детска емисија

Sase Ivanovski

Левица: Обвинетите во „Делчевски ниви“ кои се блиски до Мицкоски добиваат тендери од МРТВ

Sase Ivanovski

Крај на деценискиот конфликт? Во историска одлука во Турција, ПКК објави планови за распуштање и разоружување

Sase Ivanovski

Трамп: Демократите сакаат скапо да платиме за авионот што САД го добиваат како подарок

Sase Ivanovski

Туск ја обвини Русија дека стои зад минатогодишниот пожар во трговскиот центар во Варшава

Sase Ivanovski

Црна Гора: Казни до 60 евра за долготрајна употреба на автомобилски сирени

Sase Ivanovski

Руски дрон погоди цивилен товарен воз, машиновозачот е повреден

Sase Ivanovski

Нетанјаху ги отфрли медиумските тврдења за растечкиот јаз меѓу него и Трамп

Sase Ivanovski

Полицајците денеска на протест, бараат повисоки плати

Sase Ivanovski

Шефовите на воените операции на Индија и Пакистан денес ќе разговараат за чекорите по прекинот на огнот

Sase Ivanovski

Руската армија го освои главното упориште на украинската армија во Донецк

Sase Ivanovski

Талибанците го забранија шахот во Авганистан: Коцкање и кршење на моралните вредности

Sase Ivanovski

Хамас ќе го ослободи последниот преживеан американски заложник

Sase Ivanovski

Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди

Sase Ivanovski

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта в четврток во Скопје

Sase Ivanovski
Вчитувам....