Скандал: Директорот на ЈСП со закани за физичка пресметка на советникот Јаневски од партијата Глас за Македонија, “нема да потклекнам на закани”
По завршувањето на денешната седница, в.д. директорот на ЈСП Скопје лично ми се закани дека физички ќе се пресмета со мене!
Критиките кои ги упатив за неговото неработење, непочитување на одлуките на Советот на Град Скопје како и самоволието на директорот, беа причина тој да ми упати закани во неколку наврати!
‼️Како млад политичар со интегритет, кој секогаш ги брани интересите на граѓаните, никогаш нема да потклекнам на притисоци и закани од било кој поединец или група и ќе продолжам да работам во интерес на граѓаните на Град Скопје!
РЕАКЦИЈА
Скопје, 30.09.2022 година
Соочени со сопствената немоќ да одговорат на предизвиците кои ги носи функцијата и да ги надминат личните и партиски интереси, советниците на Христијан Мицкоски и коалицијата континуирано глумат жртви на штета на граѓанинте и Градот Скопје.
Најостро ги демантираме обвинувањата од страна на член на Советот на Град Скопје дека добил закани од страна на в.д. директорот на ЈСП, Александар Стојковски.
Напротив, работата на ЈСП е саботирана од страна на советниците на Мицкоски во обид да се руинира претпријатието во време на криза.
Коалицијата на Мицкоски која е власт во Град Скопје, носи директна одговорност за неуспесите со кои учествува и раководи преку своите членови во сите управни одбори на јавните претпријатија.
Апелираме советниците да ги надминат партиските стеги и наместо познатата лицемерна матрица на обид да се прикажуваат како жртва, да работат за доброто на скопјани и реализација на програмата “За Модерно Скопје”, наместо да ја саботираат.