Претрес во Охрид, пронајдена дрога, приведен дилер
На 29.09.2022 во Охрид, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го лишиле од слобода С.П.(41) од Охрид.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени две ќеси со марихуана, ќеса со кафеава грутчеста материја и повеќе таблетки.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Приведени тројца крадци во Скопје, фатени на дело
На 29.09.2022 во 14.00 часот на ул.„11 Октомври“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода П.К.(23) и С.Д.(20), двајцата од Скопје и С.Ј.(20) од Велес.
Тие биле затекнати како оштетуваат излози на две правни лица, при што одзеле и разни предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците, а лицата биле приведени во Полициската станица Кисела Вода и со нив бил извршен службен разговор.
За случајот е известен Јавен обвинител и по негово целосно документирање Единицата за внатрешни работи Кисела Вода-Одделение за криминалистички работи против нив ќе поднесе соодветна пријава.
Приведено лице по распишана централна потерница
На 29.09.2022 во 13.30 часот на бул.„АСНОМ“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Кисела Вода – Одделение за криминалистички работи – отсек потраги го лишиле од слобода З.С.(43) од Скопје.
За него била распишана централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор за сторено кривично дело по член 297 од Кривичниот законик.
Лицето било предадено на надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.