АДКОМ, Здружение на даватели на комунални услуги во кое членуваат повеќе од 90 Јавни комунални претпријатија е непријатно изненадено и разочарано од одлуката на Владата со која ЈКП не влегоа во пакетот за субвенционирана електрична енергија.
ЈКП очекуваа Владата да ги исполни своите најави дека, во интерес на граѓаните и тие ќе влезат во овој пакет мерки.
АДКОМ веќе излезе со последно предупредување и барање, Владата да им помогне да ја надминат енергетската криза.
Сега останува најнепосакуваното решение – повисоки сметки за вода и комунални услуги со што ќе се удри по џебот на граѓаните. Од ЈКП уште еднаш предупредуваат дека постои опасност над милион граѓани да останат без вода за пиење, а 15 илјади вработени без работа.
АДКОМ бара Владата да докаже дека има слух за интересите на граѓаните и ќе излезе во пресрет на барањата на Јавните комунални претпријатија.
Ние сме подготвени за соработка.
АДКОМ