26.8 C
Скопје
08/06/2025 07:38
МАКТЕЛ

   

Владата наскоро ќе објави конкретни мерки за помош на најранливите категории граѓани

      

Влада за многу скоро време ќе излезе со конкретни антикризни мерки насочени кон најранливите категории на граѓани, како што правеше и од почетокот на кризата и во времето на КОВИД пандемијата, најави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

   

– Во неколку наврати кажав дека заврши времето на изобилство и со електрична енергија, меѓутоа и со други ресурси. Европа се наоѓа практично во војна на својот континент. Во Украина се води војна. Гледате дека таму практично дневно се влошуваат состојбите и затоа ќе продолжиме во насока на поддршка на најранливите категории на граѓани, истакна Ковачевски на Економскиот факултет при УКИМ во Скопје, каде денеска присуствуваше на првиот час во новата академска година.

Тој потенцира дека замрзнувањето на маржите функционира, но дека импутите, енергенсите, суровините, коишто ги добиваат производителите на основни прехранбени производи ги влечат цените нагоре, што е случај практично во сите држави.

– Сите сме свесни за растечките цени на храната, особено на основните прехранбени производи. Владата направи првични мерки за замрзнување на цените, меѓутоа подоцна со оглед на тоа дека ние сме отворена економија, која што разменува со странство, предолго замрзнување на цените не е можно, бидејќи ќе се јават недостатоци, па затоа преминавме како што преминаа и други држави кон замрзнување на маржите, истакна Ковачевски.

Премиерот потсети дека инфлацијата во ЕУ е на историско највисоко ниво од нејзиното формирање, па централните банки веќе интервенираат со зголемување на каматните стапки за нејзино зауздување, пример што во неколку наврати го направи и нашата Народна банка.

Ковачевски потсети и дека овој месец имаше зголемување на пензиите за над шест проценти, што заедно со претходниот раст значи 10 процентно зголемување само во оваа календарска година, додека на годишно ниво, со зголемувањето што ќе следува во март, пензиите ќе пораснат за 16 отсто, а исто така врз основа на договор постигнат со Синдикатот зголемени се платите во образованието за 15 проценти.

Тој нагласи дека редовно се одржуваат состаноци на владиниот Економски совет каде што присуствуваат сите ресорни министри од економските сектори, вклучително и министерот за труд и социјална политика, како и дека в среда ќе се одржи состанок на Советот во проширен состав и дека веќе се подготвуваат и листите и категориите на граѓани коишто ќе бидат поддржани со дополнителни финансиски средства од буџетот, со цел да можат полесно да ја пребродат кризата која што ја имаме.

– Местото каде што се носат економски политики е Владата, односно Економскиот совет во проширен состав на Владата. Тој функционира. Во време на короната тој функционираше и сите решенија коишто таму беа предлагани подоцна беа формулирани и преточени во одлуки на комисиите, телата и на седниците на Владата. Тоа е институционалниот начин на којшто се носат одлуки во Влада, истакна Ковачевски.

Тој нагласи дека на состанокот на Економски совет во проширен состав закажан за в среда ќе бидат поканети и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и двајца економисти од оваа партија.

– Тие беа поканети и на последниот Економски совет, меѓутоа не се одважија на таа покана и не присуствуваа. Со нив имаме различни ставови, но јас исклучително ги почитувам, додаде премиерот.

Во однос на барањата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за средба за да му „го презентира неговиот концепт за ублажување на последиците од енергетската криза”, Ковачевски потенцира дека не може да стане збор за состаноци во четири очи.

– Вие добро знаете, дека набавките на енергенсите и електричната енергија се одвива преку ЕСМ и сите оние коишто имаат понуди можат да ги достават во секое време во архивата на ЕСМ. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека тој има некакви индикативни понуди за енергенси коишто важеле седум дена. Седмиот ден е среда, дали ќе ги достават до среда, дали постојат такви понуди тоа не знаеме. Во Владата не постои архива во која што може да се предаде каква било понуда. Местото за предлагање на мерки, на концепти итн. е Економскиот совет на Владата во проширен состав на којшто присуствуваат сите претседатели на стопански комори, претставници на академската заедница, економисти од МАНУ, претставници на најголемите компании, претставници на Владата од сите економски ресори и нормално во овој случај и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, којшто исто така доаѓа од секторот на енергетика, односно од Машинскиот факултет, рече Ковачевски.

Премиерот посочи и дека продолжува и субвенционирањето на електричната енергија, потсетувајќи дека се субвенционираат 80 проценти од струјата.

– Она што Владата сега се обидува заедно со стопанските комори, е да се обезбеди електрична енергија која што ќе биде по поприфатливи цени за стопанството, истакна Ковачевски.

Премиерот посочи дека во тек се преговори со соседните земји за обезбедување на енергенси и електрична енергија. Со Србија се преговара да ни обезбеди гас од нивните складишта и доколку се најде начин тој да се донесе во земјава тогаш тука би се произведувала електрична енергија, која што би била половина за Србија, а половина за нас.

– Од српска страна се уште ги испитуваат можностите тоа да се направи. Доколку бидат во можност да го испорачаат гасот да стигне во Северна Македонија, тогаш таа идеја ќе може да се реализира, истакна Ковачевски.

Тој потсети дека со Бугарија се разговара за билатерален договор за обезбедување на електрична енергија по поволна цена од берзанската, но дека и покрај волјата од бугарска страна, за реализација на таквата идеја Софија ќе мора да ги почитува правилата и регулативите на ЕУ во таа сфера, кои ја обврзуваат сите вишоци на струја да ги продава преку берзата.

– Со Република Турција министерот за економија имаше состаноци со компанијата „Ботош”, што е практично е државната компанија што се занимава со електрична енергија и транспорт на електрична енергија во Турција и врз основа на разговорите, коишто се уште не се завршени, треба да видиме која е понудата, колку е количината која што тие можат да ја испорачаат и истовремено се водат разговори за ослободување на прекугранични капацитети за транспорт на таа електрична енергија доколку се обезбеди по цени коишто одговараат на нашето стопанство, рече Ковачевски.

Тој нагласи дека станува збор за сложени операции, на кои се работи деноноќно во овие исклучително тешки услови да се набави електрична енергија и енергенси коишто ќе можат да бидат по цени коишто би биле поприфатливи и пооптимални за нашето стопанство.

– Ние ќе работиме постојано, секојдневно се со цел да се изнаоѓа дневно решение, истакна Ковачевски, додавајќи дека досега Владата нема разговарано со „Газпром” околу овие прашања.

   

Најново

Татко пријавил: Исчезна 16-годишно момче од Скопје – се трага по него!

Sase Ivanovski

Полјаците во Прајд ја поддржаа ЛГБТ заедницата по победата на конзервативецот Навроцки

Sase Ivanovski

Израелската армија го ликвидирала лидерот на бригадите на муџахедините Асад Абу Шарија

Sase Ivanovski

Жена во Минхен со нож напаѓала минувачи, полицијата ја застрела

Sase Ivanovski

Владата дава 100.000 евра за враќање во село, но тоа е „невозможна мисија“

Sase Ivanovski

„НЕ СМЕ ПРОДАДЕНИ. НЕ СМЕ ПОКЛОНЕТИ“: Фетаи со порака ‘не сме биле компромитирани, ниту морално ниту материјално’

Sase Ivanovski

Протестите против апсењето на мигрантите во Лос Анџелес се бунт против САД

Sase Ivanovski

Новиот полски претседател Навроцки: Во моментов сум против пристапот на Украина во Европската унија

Sase Ivanovski

Американската полиција по грешка привела федерален шериф: „Мислеле дека е мигрант„

Sase Ivanovski

ЗОШТО БАЛКАНСКИТЕ КРИМИНАЛЦИ СЕ КРИЈАТ ВО ДУБАИ? Таму никој не носи оружје

Sase Ivanovski

Дрвокрадци уништија возило на шумската полиција

Sase Ivanovski

Најмалку 75 Палестинци загинаа во израелските напади врз Појасот Газа

Sase Ivanovski

РК Еурофарм Пелистер ја слави третата шампионска титула во низа

Sase Ivanovski

Сончево и многу топло, до 38 степени

Sase Ivanovski

(Фото) Навивачите ги гаѓаа со предмети српските фудбалери во Тирана

Sase Ivanovski

Албанија и Србија ремизираа во Тирана

Sase Ivanovski

Гаф на стадионот во Тирана: Минијатурно српско знаме пред натпреварот со Албанија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Повеќето возрасни би можеле да научат нешто од овој момент

Sase Ivanovski

Украински пратеник обвинува: Зеленски ги зема парите на загинатите војници

Sase Ivanovski

Бројот на загинатите во нападот во Харков се искачи на четири, 60 се повредени, меѓу кои и едно бебе

Sase Ivanovski

Трамп му се закани на Маск за прв пат од почетокот на спорот: Ќе се соочи со „сериозни последици“

Sase Ivanovski

Германија планира да ги прошири своите бункери и засолништа поради страв од конфликт со Русија

Sase Ivanovski

Најмалку 60 загинати во денешните израелски напади врз Појасот Газа

Sase Ivanovski

Локализиран пожар во село Пелинце – изгоре една куќа, избегната поголема катастрофа

Sase Ivanovski

Франција: Четири лица загинаа во пожар во Ремс, предизвикан од електричен тротинет

Sase Ivanovski

Таткото на загинатиот тапанар на ДНК го искина писмото од претседателката Силјановска Давкова: Ова за мене не важи, вие не сте способни!

Sase Ivanovski

Поранешната на Илон Маск го повика Трамп: Еј Доналд, јави се ако ти треба совет за раскинување

Sase Ivanovski

Вклучување на Машинскиот факултет – Скопје во European ManufacturingSurvey: Пат кон регионална релевантност и видливост

Sase Ivanovski

СДСМ: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ повлекоа сопствена точка, само за да ја спасат урбаната мафија

Sase Ivanovski

ИТАЛИЈАНСКАТА ПРИНЦЕЗА ЕДВАЈ ЈА ПРИЖИВЕА НЕСРЕЌАТА СО МОТОР Марија Каролија се огласи од болничкиот кревет

Sase Ivanovski

ЕУ ги менува правилата: Драстично ќе се намали надоместокот за доцнење на летовите?

Sase Ivanovski

СВР Скопје поднесе пријава за нелегален приклучок од фекална во атмосферска канализација на бул.„Словенија“

Sase Ivanovski

Минималните плати во Европа низ призмата на трошоците за живот

Sase Ivanovski

Директорот на БЈБ Јанев оствари повеќе билатерални средби на вториот ден од конференцијата на Интерпол која се одржува во Атина, Грција

Sase Ivanovski

Захарова: На Украина не и требаат граѓани, ниту живи, ниту мртви

Sase Ivanovski

Кремљ: Путин ќе му помогне на Трамп со Иран

Sase Ivanovski

Ристески: Многу нови мерки и повеќе средства во Оперативниот план за вработувања за 2025 година

Sase Ivanovski

180 сообраќајни прекршоци вчера во Скопје, 15 санкционирани возачи на мотоцикл

Sase Ivanovski

ЕНЕС ИБРАХИМ: Не можам да го разберам амбасадорот Улусој, кој заедно со министерот со српско етничко потекло Стоилковиќ, кој има радикални политички ставови, ги посетува селата во источна Македонија, каде што живеат Турци

Sase Ivanovski

МУ ВЕЛАТ „АУФИДЕРЗЕН“ НА ФОЛКСВАГЕН СО 400.000 ЕВРА ОТПРЕМНИНА Автомобилскиот гигант штеди спогодувајќи се со 20.000 вработени

Sase Ivanovski

БИЛ АГРЕСИВЕН КОН ПОЛИЦАЈЦИ Скопјанец е приведен во Кавадарци

Sase Ivanovski

Работодавачите бараат пензионерите да работат повеќе од 180 дена годишно

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Владата со конкретни мерки и политики кои доведоа до раст на БДП, скоро 11 милијарди денари од Буџетот вбризгани во македонската економија

Sase Ivanovski

ГЕРМАНСКИ ГРАД БАРА НОВИ ЖИТЕЛИ: Нуди 14 дена бесплатен престој, сместување и можности за работа

Sase Ivanovski

„Волстрит журнал“: Иран набавил илјадници тони компоненти за балистички ракети од Кина

Sase Ivanovski

Извозот на Украина во ЕУ повеќе не е без царина

Sase Ivanovski

Високи безбедносни мерки за фудбалскиот натпревар Албанија – Србија во Тирана

Sase Ivanovski

ВИДЕО | Се вжештува атмосферата во Тирана пред натпреварот Албанија – Србија

Sase Ivanovski

Орбан: Брисел ја води Европа кон конфликт, Украина ја претставува како штит на континентот

Sase Ivanovski

Николовски: Парите од британскиот кредит да се искористат за проекти што ќе враќаат пари

Sase Ivanovski

За две недели регистрирани 71 случај на лептоспироза во Кантонот Сараево

Sase Ivanovski

Во пакет на DHL пронајден бел прав – 12 лица побараа медицинска помош во Германија

Sase Ivanovski

НОВ НЕУСПЕХ ЗА ЈАПОНИЈА Леталото се урна при слетувањето на Месечината

Sase Ivanovski

Патраклиски: За Мерцедес правиме 300.000 работни маички

Sase Ivanovski

Патраклиски од ЕАМ: Бизнисот го започнавме со 7.000 марки во станот на баба ми

Sase Ivanovski

МАСК ЗА ТРАМП: Без мене немаше да ги добие изборите, каква неблагодарност

Sase Ivanovski

Николоски: Допрва ќе ги добиеме условите за задолжувањето со британскиот заем

Sase Ivanovski

Недељковиќ: Модернизирањето на пругата ќе ја зголеми значително економската соработка и туризмот со Србија

Sase Ivanovski

Трамп загуби 1,1 милијарда долари од јавното препукување со Маск

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Патраклиски во „Бизнис муабети“: Како ЕАМ наиде на соработка со Илон Маск?

Sase Ivanovski

Прес – конференција на Крстевски за вториот Јавен повикза финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита на здруженија на територија на Општина Куманово за 2025 година

Sase Ivanovski

Израелската војска верува дека го пронашла телото на лидерот на Хамас Мохамед Синвар

Sase Ivanovski

СДСМ: Нула нови градинки за 4 години во Аеродром, околу 700 деца чекаат за запишување секоја година

Sase Ivanovski

СО ЛИЧНА КАРТА НА ШТИПЈАНКА ЗЕМАЛ БРЗИ КРЕДИТИ Се запознале на Фејсбук, ѝ ветил работа во странска фирма

Sase Ivanovski

Петрушевски: Аудито Q8 на Филипче, купено од фирмата која продавала јаглен на ЕСМ три пати поскапо, народот плаќа за Венко да се луксузира

Sase Ivanovski

Зошто Халкидики има се почесто земјотреси?

Sase Ivanovski

Славевски: Не можам да се пофалам дека уживав во функцијата претседавач на Совет на Град Скопје

Sase Ivanovski

ПРОДАЖБАТА НА ТЕМУ НАГЛО ПАДНА: Веќе не е евтино, ниту толку едноставно

Sase Ivanovski

14.372 ЛИЦА СЕ ПОВРЕДИЛЕ ПРИ ЖРТВУВАЊЕ ЖИВОТНИ Курбан Бајрам бил крвав во Турција

Sase Ivanovski

Анкета: Се зголемува поддршката за демохристијаните, се намалува за Алтернатива за Германија

Sase Ivanovski

„Егзит“ остана без финансирање како казна за поддршка на студентските протести

Sase Ivanovski

МАКЕДОНИЈА ЈА НАДИГРА БЕЛГИЈА, АМА ИСПУШТИ 3 БОДА Алиоски постигна гол за паметење!

Sase Ivanovski

Еден загинат, 19 повредени во пожар во дом за стари лица во Шпанија

Sase Ivanovski

“Мајка ми е мртва за мене” или Зошто жените ги прекинуваат врските со токсичните родители?

Sase Ivanovski

Администрацијата на Трамп ja пренасочува опремата против дронови наменета за Украина кон Блискиот Исток

Sase Ivanovski

Бранимир Јовановиќ за „Слободен печат“: Фалбите за економски раст се празни флоскули и чист пи-ар

Sase Ivanovski

Митови и факти ЕП 16 | Ѓорчев: Колективниот Запад не постои, светот е мултиполарен

Sase Ivanovski

Руте: Мора да ги зголемиме одбранбените трошоци за да можеме да се браниме

Sase Ivanovski

Трамп нареди истрага за активностите на Џо Бајден

Sase Ivanovski

ЗОШТО НЕ Е ДОБРО ДЕЦАТА ДА ИМААТ СВОИ ПАРИ? Не смеат да прават што сакаат и да трошат без да прашаат

Sase Ivanovski
Вчитувам....