Приведени двајца крадци во скопско, украденото вратено на сопственикот
Денеска (04.10.2022) во 05.40 часот во с.Студеничани, скопско, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода се Ј.С.(37) од Скопје и Е.М.(33) од Р.Косово, постапувајќи по пријава од М.А., според која тие од неговата куќа на место викано „Кочинар“ во с.Морани, скопско, одзеле разни предмети.
Украдените предметите се пронајдени во патничко возило „фиат“, со скопски регистарски ознаки, со кое се превезувале пријавените, и се вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Приведено лице од гостиварско за издржување на затворска казна
Вчера (03.10.2022) во 16.00 часот, на улица „Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, го привеле 53-годишниот Р.Д. од гостиварска Долна Бањица.
За него била издадена судска наредба со која се барал за издржување на затворска казна.
Р.Д. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово за издржување на казната.
Приведен крадец во Велес, одземеното вратено на сопственикот
На 03.10.2022 полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Н.Р.(44) од Велес, затоа што во периодот од 27.09.2022 до 03.10.2022 година извршил „тешка кражба“ во работилница на ул.„Коце Цветков“ во Велес, сопственост на 71-годишен велешанец, при што одзел поголем број производи.
Одземените предмети се пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето е приведено во полициската станица во Велес и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.
Приведени криумчари на мигранти
Денеска (03.10.2022) на автопатот “Пријателство”, во близина на Неготино, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица ги лишиле од слобода Б.К.(19) од с.Блаце, скопско и Х.С.(28) од с.Грушино, скопско. Во возилото “бмв” со француски национални ознаки, кое го управувал Б.К., биле откриени 12 лица мигранти од Сирија. Во наведеното време, на наплатната станица Демир Капија, тој не застанал на знак за запирање и продолжил со движење. Набргу било запрено возилото и тој се дал во бегство, но бил пронајден и лишен од слобода.Додека, Х.С. бил лишен од слобода затоа што со возило “мерцедес”, кое го управувал, бил во улога на претходница.
Лицата биле приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Мигрантите ќе бидат спроведени во прифатно- транзитен центар за понатамошна постапка.