„Голем срам е Министерството за одбрана на НАТО членка да биде нетранспарентно за ваков настан, а уште поголем срам е да си неспособен да заштитиш класифицирани документи и компјутери. Ова е случај што мора да заврши со кривична одговорност и кон одговорните што не презеле мерки и овозможиле поединци или група среде центарот на градот да се осмелат да влезат во заштитен објект на Министерството за одбрана и да крадат документи и компјутери“, пишува Ковачки.
Појаснува дека, според Законот за класифицираните информации, класифицирана информација со степен „строго доверливо“ е информација чие неовластено откривање би предизвикало исклучително сериозна штета за виталните интереси на Република Македонија.
„Кога се крадат класифицирани документи (мобилизациски) со степен на тајност ‘строго доверливо’, а за тоа молчи министерот, Славјанка Петровска, но молчи и врховниот командант – во случајов Стево Пендаровски, се отвора сомнеж дека сакаат да го прикријат настанот со цел да се спасат од одговорност“, додава Ковачки.
По ваков скандал, како што додава, министерот за одбрана треба да си поднесе оставка, а претседателот на државата треба помалку да зборува за енергетската состојба, која не му е во надлежност, туку да се заинтересира за тоа кој и зошто се охрабрил да краде мобилизациски и друг тип на документи, како и за тоа колк
Министерство за одбрана реагира на прес конференцијата на пратеникот од редковите на ВМРО ДПМНЕ, Драган Ковачкил. Реакцијата ви ја пренесуваме интегрално:
Министерството за одбрана како и досега професионално и одговорно ги извршува своите задачи и транспарентно известува за сите случувања. За случајот со кражбата во одделението за одбрана кое е привремено сместено во просториите на Јавно претпријатие, отворена е истрага од релевантните надлежни организациони единици во Министерството за одбрана кои во соработка со МВР треба да ја завршат оваа постапка. Во однос на обвинувањата на политичката партија претставена од поранешниот припадник на Армијата а сега пратеник Ковачки, информираме дека кривична одговорност ќе има и за сторителите но и за организаторот и поттикнувачот на овој криминал. Во однос на тоа со каков степен на класификација се документите никој не може да зборува пред да се заврши истрагата.
Го повикуваме пратеникот Ковачки да се воздржи од ширење дезинформации и да ги прочита законските прописи кои изминатиот период покажа дека не му се јака страна. Ја известуваме јавноста дека не станува збор за документи кои можат да наштетат на виталните интереси на државата, бидејќи такви документи нема во компјутерите на подрачните одделенија за одбрана.