Кривична пријава против скопјанец за загрозување на животната средина и природата со отпад
СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Џ.А.(41) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад”.
На 15.02.2022, полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал и инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за животна средина извршиле контрола на импровизирано и нерегистрирано место за откуп и продажба на секундарни суровини лоцирано во дворно место на ул.„Брсјачка буна” во општина Шуто Оризари и притоа го затекнале пријавениот како неовластено тргува со отпад без да е регистриран во Централен регистар како правно лице и без да поседува Дозвола за вршење на дејност – Складирање и третман на отпад, издадена од Министерството за животна средина.
Приведен криумчар на мигранти, превезувал лица од Сирија
На 05.10.2022 во 18.50 часот на регионален пат Удово – Демир Капија, во близина на с.Градец, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор „Богородица“ го лишиле од слобода М.А.(23) од Лозово. Тој бил забележан како со возило „волво“, со италијански национални ознаки, превезува лица мигранти. Возилото било запрено, а тој се обидел да избега, но бил спречен и лишен од слобода.
Притоа, во возилото биле пронајдени шест лица мигранти од Сирија, кои биле спроведени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка. М.А. бил приведен во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.