Приведени дилери на дрога од Велес
На 05.10.2022 околу 15.00 часот во Велес на различни локации во градот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Ј.М.(20), Ѓ.Ј.(18), Џ.Џ.Н.(21), В.М.(21), М.Ѓ.(23) и Д.Н.(40) сите од Велес, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана.
Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Приведено лице од струмичко, осудено на петгодишна затворска казна
Денеска (06.10.2022) во 13.50 часот во с.Ангелци, локален пат за с.Градошорци, струмичко, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода О.П.(46) од с.Ангелци.
Тој бил осуден на казна затвор од пет години за сторено кривично дело „разбојничка кражба“ по член 238 од Кривичниот законик и за него била распишана централна потерница по наредба од Казнено-поправната установа Затвор Струмица за доиздржување на 13 месеци од казната.
Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за доиздржување на казната.
Приведени крадци во Скопје, го признале делото, следува пријава
На 04.10.2022 во 08.50 часот на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Кисела Вода – Одделение за криминалистички работи лишиле од слобода 17-годишник од Скопје, а денеска (06.10.2022) во 09.00 часот во Полициската станица Кисела Вода бил повикан уште еден малолетник.
Тие се сомничат дека на 16.09.2022 извршиле кривично дело „кражба“, при што од продажен објект на подрачјето на Кисела Вода одзеле повеќе производи. Со нив бил извршен разговор во присуство на социјален работник и родител, во кој го признале и појасниле начинот на извршување на делото.
За случајот е известен Јавен обвинител за малолетници и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.