Поранешниот пратеник на СДСМ, Павле Богоевски смета дека утре во Охрид, на денот на отворањето на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“, може да се очекуваат повеќе работи.
Можеме да се надеваме на најдоброто, но и да се подготовиме на најлошото. Кога ВМРО-ДПМНЕ и Левица се собираат на протести, можеме да видиме дека стануваа насилни. Не смееме да го дозволиме тоа. Ова е провокација и Бугарија сака да покаже дека сме мрзачи на Бугари и со идеологија на Тито. Тоа не е вистина, но со паѓањето на овој тип на провокации и насилното однесување на овие собири, светот ќе мислис дека сме тоа што бугарите не претставуваат. Мора да се прави разликата и не смеат да се изедначуваат двете страни. Кај нас антибугарските изјави, за среќа, само се на теренот на опозиција, рече Богоевски во емисијата „Клик плус“.