Приведен прилепчанец за издржување казна затвор од шест години и пет месеци
Денеска (07.10.2022) во 12.30 часот во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – Полициска станица Прилеп го лишиле од слобода Д.С.(35) од Прилеп. Тој бил баран по распишана потерница за издржување казна затвор од шест години и пет месеци за сторено кривично дело по член 123 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Прилеп за издржување на казната.
Приведен измамник од тетовско, следува соодветна пријава
Денеска (07.10.2022) во 10.30 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода К.А.(52) од тетовски Бродец. Тој се сомничи дека во претходниот период измамил 41-годишен жител на тетовско село и 48-годишен тетовец.
Како што вчера во полициска станица пријавиле двајцата оштетени, К.А. им ветил дека ќе им помогне да добијат одредени документи за што во неколку наврати му давале пари. Исто така, според пријавеното, откако ги земал парите престанал да им се јавува и не им ги обезбедил ветените документи.
Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.