Болестите можат полесно да се спречат и излечат доколку навреме се дијагностицираат. Свеста за важноста на редовните здравствени контроли има главна улога во овој процес, за што Клиниката ВФВ се одлучи на несекојдневна активност со граѓаните.
„Изгубениот паричник“ беше начинот преку која клиниката подели неколку купони во вредност од 3000 денари за кои граѓаните сами ќе ги изберат, за кои прегледи ќе го искористат.
„Во овие паричници нема ниту пари, ниту документи, ниту припаѓаат на некој човек, но има нешто многу вредно за луѓето што ќе ги прнајдат“, се вели во видеото на приватната клиника, мислејќи на купоните кои важат за сите одделенија на клиниката.
Инаку, секое одделение на оваа клиника е опремено со најсовремена технологија која ви овозможува точна и безбедна дијагноза.