33.8 C
Скопје
07/06/2025 12:26
МАКТЕЛ

   

Од 88-та владина седница: Нов пакет мерки за финансиска поддршка на ранливи категории граѓани, пензионери и компании

      

Владата на Република Северна Македонија, на денешната, 88-ма седница, донесе повеќе предлог мерки за поддршка на граѓаните и компаниите, во време на економско-енергетска криза.

   

Новиот пакет антикризни мерки, содржи таргетирани мерки насочени кон најранливите категории граѓани; таргетирана поддршка за јавни и здравствени установи; поддршка на ликвидноста на компаниите; инвестиции во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.

Мерките се насочени кон таргетирана поддршка за граѓаните и за фирмите, како и за стабилизирање на цената на храната. А, со нив, како што е посочено од страна на Министерството за финансии, е осигурано одржувањето на макроекономската и фискалната стабилност.

Владата го предлага новиот сет мерки за справување со енергетската и ценовната криза, имајќи ја предвид пролонгираната енергетска криза како и ценовните притисоци, особено за ранливите категории граѓани. Вкупниот фискален ефект од новиот сет мерки е проценет на 22,2 милијарди денари, односно 360,2 милиони евра. Овој сет мерки претставува продолжување на напорите коишто Владата во континуитет ги презема од почетокот на енергетската и ценовна криза.

На денешната седница, Владата ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за финансии за економските мерки за справување со енергетската и ценовната криза во државава – Октомври 2022 година.

Предвидени се:

А. Мерки за поддршка на социјални ранливи категории на граѓаните и за поддршка на ранливата категорија – корисници на пензија

Финансиска поддршка од државата ќе добијат ранливи категории на граѓани кои користат право на:

-Социјална сигурност;
-Лицата кои го користат правото за попреченост;
-Родителите на децата со попреченост до 26 годишна возраст, кои користат право на посебен додаток;
-Лицата со попреченост кои користат право за помош и нега од друго лице, а не користат право заради попреченост;
-Лицата со потешки трајни промени во здравствената состојба, а не користат право заради попреченост;
-Самохрани родители корисници на Гарантиран минимален приход и
-Невработени лица – корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок (стечајни работници), согласно Законот за материјално обезбедување.

Со мерката е предвидено да се додели финансиска поддршка за најранливите категории на граѓани, односно 41.878 лица, согласно погоренаведените категории. Тие ќе добијат вкупна поддршка од 12.000 денари, односно ќе добиваат по 3.000 денари месечно, во период од 4 месеци, како поддршка во услови на енергетската и ценовната криза. Вкупните фискални импликации за оваа мерка се проценети на 502.536.000 денари или 8.171.317 евра.

Финансиска поддршка од државата се предвидува да добијат и корисници на пензија, како мерка за заштита од прагот на сиромаштија во услови на енергетската и ценовната криза, и тоа:

-Приматели на пензија до 11.500 денари, е предвидено да добијат финансиска поддршка во вкупен износ од 6.000 денари, односно по 1.500 денари месечно, во период од 4 месеци и
-Приматели на пензија од 11.500 денари до 14.000 денари, кои е предвидено да добијат финансиска поддршка во вкупен износ од 3.000 денари, односно по 750 денари месечно, во период од 4 месеци.

Со оваа мерка, според проценките, државна финансиска поддршка ќе добијат околу 153.000 пензионери или околу 45 проценти од вкупниот број пензионери во државава. Фискалните импликации се 12,2 милиони евра.

Б. Мерки за поддршка на јавни, образовни и здравствени установи

Мерките предвидуваат:

-Одлука за вклучување на основните и средните училишта на регулиран пазар за снабдување со електрична енергија;
-Снабдување на јавните здравствени установи со електрична енергија, преку продажба од ЕСМ по поволна цена од пазарната цена;
-Снабдување со електрична енергија на мерни станици за водни пумпи, преку продажба од ЕСМ по поволна цена од берзанската цена, односно субвенционирање на разлика во цена на електрична енергија.

В. Мерки за поддршка на приватниот сектор, коишто ги таргетираат микро, малите и средни компании

Овие мерки имаат за цел:

-Проширување на опсегот на компании коишто се корисници на кредитно – гарантната шема, од Гарантниот фонд на Развојната банка, преку олеснување на критериумите за аплицирање;
-Директна кредитна линија за поддршка на ликвидноста на микро, мали и средни трговски друштва (согласно тековната состојба) како и трговци поединци: занаетчии (кои плаќаат давачки на реален приход);
-Забрзан и зголемен поврат на ДДВ;
-Обезбедување поволна консултантска поддршка за изработка на проекти / студии за инвестиции во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, со цел полесен пристап до капитал;
-Продолжување на Mерката 25 преку Развојната банка на Северна Македонија и комерцијалните банки, односно овозможување кредити за инвестирање во проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.

Г. Мерки за субвенционирање на цената на електрична и топлинска енергија за домаќинства и мали потрошувачи

Целта на овие мерки е:

-Директно субвенционирање на енергетските компании, планирано до крајот на годината (средства обезбедени со Предлог – Одлуката за прераспределба);
-Поддршка на ликвидноста на ЕСМ со кредит од ЕБРД.

По усвојувањето на овие мерки, ќе се пристапи кон соодветни законски измени, за што на владината седница, беше изразено очекување дека ќе бидат поддржани во Парламентот, за да може во најбрзо време да бидат достапни за корисниците.

На седницата, беше констатирано и дека се во тек и мерки, предвидени со претходниот пакет мерки, коишто, според наведеното во Информацијата од Министерството за финансии, продолжуваат да важат до крајот на 2022 година, што е овозможено со Ребалансот на Буџетот за 2022 година.

Станува збор за:

-Продолжување на примената на повластена даночната стапка од 5% за прометот со електричната енергија кон домаќинствата, што се однесува на сите домаќинства, корисници на електрична енергија;
-Директна финансиска поддршка за ранливи потрошувачи на електрична енергија;
-Финансирање на проектите за енергетска ефикасност за општините, преку користење поволен кредит од Светска банка, спроведен од Министерството за финансии;
-Пролонгирање на воведувањето на зелените давачки за деривати, односно еколошката такса за енергенти, што се однесува на сите домаќинства и компании, кои се корисници на енергенти;
-Ослободување од плаќање ДДВ, при увоз на природен гас и електрична енергија, топлинска енергија или енергија за разладување – на увозниците на природен гас и електрична енергија, топлинска енергија или енергија за разладување
– Кредитната линија за зелена транзиција од ЕИБ, со поволни услови на кредитирање на компаниите за инвестиции во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, со цел стимулирање на инвестиции на компаниите во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија и долгорочна заштеда на средства преку намалена потрошувачка на електрична енергија;
-Продолжување на мерката за субвенционирање на цената на електричната енергија за регулираниот пазар (домаќинствата и малите потрошувачи).

Исто така, со Ребалансот на Буџетот за 2022 година се предвидени и програми и средства како одговор на кризата, за раст на пензиите, ранливите категории на граѓани, раст на платите во одделни дејности во јавниот сектор, средства за фирмите за поддршка на растот на платите во приватниот сектор, дополнителни средства за земјоделците за повисоки приноси и стабилизирање на цените на храната.

Станува збор за:

-Зголемување на гарантирана минимална помош за права од социјална заштита, за социјално загрозени лица;
-Зголемување на пензиите согласно новата методологија на пресметка на пензиите;
-Субвенционирање на придонеси за поддршка на плати на вработените во приватниот сектор;
-Субвенции и трансфери за директна финансиска поддршка во земјоделскиот сектор: субвенционирање за говеда за сточарство, за овци, кози, за продадени градинарски и овошни производи, производство на семенски и саден материјал, за млекопроизводство, живинарство, пчеларство, авансна исплата на овоштарство, помош за вршење земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности за производство и дополнителна поддршка за регистрирани земјоделски стопанства, осигурување посеви; средства предвидени со Интервентниот фонд, за: произведено и продадено млеко, интервентна мерка за вино, интервентна мерка за производство за саден материјал, интервентна мерка за есенска сеидба; средства предвидени со нова Програма за поттикнување на потрошувачката на свежо овошје и зеленчук и млеко и млечни производи;
-Поврат на средства преку мерката Мој ДДВ, за што се обезбедени дополнителни 1.100.000.000 денари за поврат на ДДВ.

Како што е познато, со цел да се забави преносниот ефект од увезената инфлација врз домашните производи, во март 2022 година, беше донесен Пакет од 26 мерки, којшто беше насочен кон: мерки и препораки за заштита на животниот стандард на граѓаните и одржување на ликвидноста на компаниите, како и мерки за финансиска поддршка на компаниите преку Развојната банка, проценет на околу 400 милиони евра. Дополнително, беа предвидени мерки насочени кон мобилизирање капитал од приватниот сектор, односно комерцијалните банки, со очекувани севкупни ефекти околу 500-тини милиони евра. Воедно, со антикризните мерки од март 2022 предвидена е пролонгирана примена на повластена даночна стапка на ДДВ од 5% за прометот со електричната енергија кон домаќинствата до 31.12.2022 година. А, Владата на Република Северна Македонија и во текот на 2020 и 2021 година спроведе шест пакети на антикризни мерки, со цел да ги поддржи стопанството и граѓаните погодени од пандемијата со Ковид-19 и справување со последиците од неа.

Проценетата поддршка досега, според информацијата од Министерството за финансии, е највисока во регионот на Западен Балкан.

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, го разгледа и усвои и Предлог планот за фискална одржливост и поддршка на економскиот раст: политики, препораки, мерки и индикатори.

Се задолжуваат буџетските корисници да ги спроведуваат и почитуваат мерките и препораките предвидени со овој План.

При тоа, се задолжуваат сите буџетски корисници, а им се препорачува на единиците на локалната самоуправа и јавните претпријатија и трговските друштва во државна сопственост, во рок од две недели, да достават пополнет акциски план за консолидација на расходите согласно Планот за фискална одржливост.

Предвидени се, како што е образложено од страна на Министерството за финансии, политики, мерки и препораки за намалување на расходите, за зголемување на приходите, за единиците на локалната самоуправа и за јавните претпријатија и трговски друштва во државна сопственост.

Политиката за намалување на расходите, опфаќа:

А. Консолидација на расходите за плати и надоместоци, преку намалување за 10% во однос на планираните средства за 2023-та година. Очекуван е фискален ефект (заштеда) околу 3 милијарди денари, во однос на фискалните проекции во среднорочната рамка на расходи;

Б. Консолидација на расходите за стоки и услуги и нивно намалување за 20% во однос на фискалната рамка за 2023 година, при што очекуваниот фискален ефект е околу 3 милијарди денари во однос на фискалните проекции во среднорочната рамка на расходи;

В. Консолидација на расходите за субвенции, трансфери, дотации и социјални надоместоци и нивно намалување за 20% во однос на фискалната рамка за 2023 година, при што очекуван фискален ефект е околу 3 милијарди денари, во однос на фискалните проекции во среднорочната рамка на расходи и

Г. Политика за подобрена структура на капиталните расходи, со цел меѓу другото, квалитетно и навремено реализирање на капиталните проекти.

Во делот на политиките за зголемување на приходите предвидено е, меѓу другото, оптимизација на даночниот систем, преку консолидирање и проширување на даночната основа кај директните и индиректните даноци и акцизите, намалување на даночната евазија и даночната арбитража и зголемување на даночната транспарентност.

И во делот на политиките за единиците на локалната самоуправа се препорачува намалување на тековните расходи. А, во услови на нарушено снабдување на пазарот на електрична енергија, општините да ја разгледаат можноста за спроведување на централизирана набавка на електрична енергија за институциите под нејзина надлежност, со цел постигнување пониска цена во снабдувањето со електрична енергија, како и буџетските единки основани од општината, да пристапат кон заеднички набавки за електрична енергија.

На денешната владина седница, задолжено е Министерството за економија да ги разгледа можностите околу евентуално продолжување на примената на летното сметање на времето, со цел дополнителни заштеди во општата потрошувачка на електрична енергија.

   

Најново

Шест месеци по бегството, на Фејсбук се огласи Артан Груби

Sase Ivanovski

Блумберг: Трамп ќе се обиде да депортира мигранти од Хаити, Куба и Никарагва на Балканот

Sase Ivanovski

Трамп против Маск: Кој може повеќе да загуби?

Sase Ivanovski

Возите кон Грција? Внимавајте на големи дупки меѓу граничните премини!

Sase Ivanovski

Утре уште потопло – со температура до 38 степени

Sase Ivanovski

КАПРИ, ИТАЛИЈА

Sase Ivanovski

И ГРЦИТЕ ИМААТ ВЕНЕЦИЈА, СЕ ВИКА АИТОЛИКО

Sase Ivanovski

На српските навивачи нема да им биде дозволено да присуствуваат на натпреварот со Албанија

Sase Ivanovski

Митева: Нов канал за директна комуникација со повредените во трагедијата во Кочани – 070 355 526

Sase Ivanovski

Грета Тунберг со едрилица се приближува кон Газа, сака да ја пробие израелската блокада

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Две милијарди евра инвестиции во железничкиот сообраќај, брза пруга Табановце-Гевгелија

Sase Ivanovski

Дачиќ: Убиството очигледно било нарачано, сторителите платиле за тоа

Sase Ivanovski

ПРЕКРАСНАТА БАРСЕЛОНА

Sase Ivanovski

Филипче: Бугарија треба да каже дека нема да има барања на непринципиелна основа

Sase Ivanovski

ПРЕКРАСНИОТ АМСТЕРДАМ

Sase Ivanovski

Брутално убиено момче во Белград, убиецот има 16 години

Sase Ivanovski

Апелациски суд во САД му дозволи на Трамп да го ограничи пристапот на новинарите на АП во Белата куќа

Sase Ivanovski

(Видео) Трилинг: Архитектот Мишко Ралев можен кандидат за градоначалник на Скопје

Sase Ivanovski

Ќе нема струја на неколку улици во Кисела Вода

Sase Ivanovski

Норвешки лекар осуден за силување на десетици пациентки

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Најбрутален руски напад врз Харков од почетокот на војната

Sase Ivanovski

Маск повикува да се основа нова партија во САД

Sase Ivanovski

Сончево и многу топло со температура до 37 степени

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Стевчо Јакимовски: Леле мори мајко, секој ден е бетер и бетер

Sase Ivanovski

Едно лице е ликвидирано вечерва во центарот на Белград

Sase Ivanovski

Земјотрес со јачина од 6,4 степени го погоди Чиле

Sase Ivanovski

Филипче: Кочоска јасно порача дека платите нема да растат

Sase Ivanovski

ИСТОРИСКИ ДЕН

Sase Ivanovski

Паднати дрва и поплавени булевари од невремето во Скопје

Sase Ivanovski

Муцунски: Сè уште нема позитивен одговор од Бугарија за средба меѓу Сиљановска-Давкова и Радев на самитот на НАТО во Хаг

Sase Ivanovski

(Видео) Неофицијално учествувал градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу: Сообраќајка кај Битпазар

Sase Ivanovski

Македонски тенисер од Универзитетот во Јута обвинет за силување

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Македонија и Белгија ремизираа во Скопје

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Растoт на БДП е најрелевантен показател за политиките што ги спроведуваме и смерница за креирање на идните политики

Sase Ivanovski

ПРЕКРАСНИОТ ЕДИНБУРГ

Sase Ivanovski

ПРЕКРАСНИОТ МОНМАРТР, ФРАНЦИЈА

Sase Ivanovski

Балканец смисли бизнис идеја, носи 300 евра дневно: Не купувајте стан, ова е попрофитабилно!

Sase Ivanovski

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Здружение за коњички спортови и заштита на коњи од Битола и против И.О.(34) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „фалсификување исправа“

Sase Ivanovski

Спасовски: За трагедијата во Кочани мора да има одговорност за актуелни функционери

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Македонија започнува подготовка за пруга, интензивна изградба на автопатот Кичево-Охрид

Sase Ivanovski

Откако ѝ ја даде, Владата сега ќе ѝ ја одзема салата „Партизан“ на Општина Карпош

Sase Ivanovski

Пратеникот Миле Талевски избран за член на Меѓународниот секретаријат на Интерпарламентарното Собрание на Православието

Sase Ivanovski

Бугарскиот министер Георгиев: Инсистираме на спроведување на францускиот предлог

Sase Ivanovski

ФОТО | Невремето во Скопје предизвика поплава на стадионот „Тодор Проески“

Sase Ivanovski

Муцунски во Париз: Искрена благодарност за поддршката од Франција по трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Гаши пресече: Собранието ќе расправа за интерпелацијата на Костадиновски

Sase Ivanovski

ЦУК: По невремето нема пријави за повредени лица, само материјална штета

Sase Ivanovski

ПОБЕДАТА НА НАВРОЦКИ ЗНАЧИ ОТФРЛАЊЕ НА БРИСЕЛ Марин Ле Пен го пофали новиот претседател на Полска

Sase Ivanovski

Општина Кочани почнува со уривање на дивоградбите на трошок на газдите

Sase Ivanovski

Годинава ќе можеме да вадиме електронски лични карти и возачки дозволи, најавува Андоновски

Sase Ivanovski

Мајка на жртва од Кочани: „Кој има душа и разум, нека застане со нас родителите да се бори за правда на убиените ангели

Sase Ivanovski

Во Истанбул трошоците за живот се зголемиле за речиси 50 отсто за една година

Sase Ivanovski

Филипче: Кочоска јасно порача дека платите нема да растат

Sase Ivanovski

ТРАМП: Можеби е подобро да се остават Украина и Русија „да се борат уште некое време“

Sase Ivanovski

Зеленски: Путин чувствува неказнивост

Sase Ivanovski

Кремљ му одговори на Трамп: Војната во Украина е егзистенцијално прашање за Русија

Sase Ivanovski

Расчистено вчерашното „убиство во обид“ во скопско, одредена мерка притвор

Sase Ivanovski

Барди: Во Скопје сме освојувале бодови против Италија и Англија, можеме и против Белгија!

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ му одговори на СДСМ со навреда за пиротехниката во Кочани – „Искажувате некрофилска тенденција“

Sase Ivanovski

Ахмети: Не се плашете, не сакаме да ја поделиме Македонија

Sase Ivanovski

Вајц: Бев мета затоа што одбив да потклекнам на притисокот од Бугарија

Sase Ivanovski

Паднати дрва и поплавени булевари од невремето во Скопје

Sase Ivanovski

Охрид СОС: Нов огромен објект никнува во старата чаршија

Sase Ivanovski

ВИДЕО | СДСМ обвини дека фирма „од периметарот“ на премиерот ја шверцувала пиротехниката во „Пулс“ – Кочани

Sase Ivanovski

Африм Гаши во интервју за порталот Нова тв: Воопшто не сме се откажале од ЕУ интеграциите

Sase Ivanovski

Русија го бомбардираше Киев како одмазда за „Пајажина“, Зеленски бара меѓународен притисок за крај на војната

Sase Ivanovski

Јаневска: Започна изработката на новата стратегија за образование што ќе важи од 2026 до 2032 година

Sase Ivanovski

ФОТО | Русија: Експлозија на железничка пруга во Воронеж, напад и во Брјанск

Sase Ivanovski

Бугарскиот премиер: Немаме билатерален проблем со Македонија, сменете го уставот и имате преговори со ЕУ!

Sase Ivanovski

„Половина година подоцна, рацете уште ви се уште покрвави“ – студентски протести во Ниш

Sase Ivanovski

Николоски се сретна со претседателката на белгиската фудбалска федерација

Sase Ivanovski

Големо невреме во Дојран, граѓаните пријавуваат прекин на струјата и интернетот

Sase Ivanovski

Од британските пари ќе се изгради болница во Кичево, откако старата не можеше да се догради 40 години

Sase Ivanovski

Потресен повик од мајка на загината девојка во Пулс: „Барем за тие што ни останаа…“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЛАВЕСКИ: За разлика од Ставрески, јас се што мислев му кажував во лице на Груевски, затоа бев сменет

Sase Ivanovski

Петрушевски: Струјата со СДСМ поскапе, зашто фирми блиски до Заев и Филипче препродавале јаглен на ЕСМ за три пати поскапо од набавното

Sase Ivanovski

Унапредување на билатералната соработка и поддршка за европските интеграции, во фокусот на посетата на Муцунски во Париз

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЛАВЕСКИ: ЈАС ПОМОГНАВ БЕЖОСКА ДА СТАНЕ ГУВЕРНЕР, НО ТАА ПОТФРЛИ ВО БОРБАТА СО ИНФЛАЦИЈАТА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЛАВЕСКИ: НЕ МИ ПАЃА НА ПАМЕТ ДРЖАВНИТЕ РЕЗЕРВИ ДА ГИ ЧУВАМ ВО КРИПТО ВАЛУТИ, ЕЛ САЛВАДОР СЕ КОЦКАШЕ СО ТАКОВ ПОТЕГ И ТОА ЗАВРШИ КАТАСТРОФАЛНО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЛАВЕСКИ: Евентуална девалвација на денарот би предизвикала огромен ценовен шок, имаме доволно државни резерви да го браниме курсот ако затреба

Sase Ivanovski
Вчитувам....