Рускиот претседател Владимир Путин ја обвини Украина за нападот на мостот Креч кој го поврзува Крим со Русија велејќи дека тоа е терористички чин.
Според Путин, украинските разузнавачки сили имале за цел да уништат критично важен дел од цивилната инфраструктура на Русија.
„Авторите, сторителите и спонзорите се украинските тајни служби. Нема сомнеж дека ова е терористички чин чија цел е уништувањето на критичната руска инфраструктура“ вели Путин.
Тој за ова зборуваше на средба со шефот на Истражниот комитет на Русија, Александар Бастрикин. Бастрикин, пренесува „Би-би-си“, за ова рече дека во подготовка на нападот помогнале граѓани на Русија и некои странски држави.