-Во 2017-та, некаде мај месец, рускиот амбасадор ме викна на средба во амбасадата во Скопје и ми даде понуда да му ја пренесам на Груевски дека се спремни да застанат позади него да не ја изгуби власта, но Груевски одби. Тие нудеа помош за да не паднеме од власт, но Груевски рече дека ако прифати во земјава ќе има граѓанска војна и ќе бидеме како Сирија, нема камен на камен да остане. Мислам дека Груевски постапи правилно, и јас така ќе направев да бев на негово место. На втората средба во руска амбасада во ноември истата година, 2017-та, Русите ми рекоа да му пренесам на Груевски дека веќе и да бара помош нема да му дадат, веќе поминало времето за него.
Оливер Андонов на интервју во емисијата ВО ЦЕНТАР на јутуб.