Компанијата „Џонсон Мети“ заедно со своите вработени и нивните семејства го одбележа „Денот на семејството“ во дворот на фабриката во Скопје. Компанијата знае дека семејството е најважното нешто за секој поединец и затоа поврзувањето со неговото семејство може да помогне во градењето посилни односи со вработените.
„Децата и другите членови на семејството на вработените учествуваа во фантастични и возбудливи активности за време на овој годишен настан. Покрај забавните игри, сесиите на фотоштандови и експериментите со тимот на Лабораторијата Џонсон Мети за децата, имаше и тури во фабриката што ги водеа група вработени волонтери.
Ваквите настани не само што ги зајакнуваат односите со вработените, туку им даваат можност и на децата и другите членови на семејството да видат каде работат нивните родители или саканата личност, како изгледа работното место и во каква средина работат. Семејствата се задоволни знаејќи дека нивните најблиски работат во безбедно и здраво опкружување.
Во некои случаи, дури и повеќе од вработените, членовите на семејствата беа оние кои беа повозбудени за настанот.
Семејствата треба да се интегрираат и да се вклучат повеќе од кога било, особено во место како Северна Македонија каде структурата на семејството е силна.
„Не треба да се работи само за испраќање покани до членовите на семејството за годишниот собир. Треба да одвоите време, каде ќе можете да направите да се чувствуваат посебно и да им дадете незаборавно искуство. И што е најважно, тоа треба да се направи постојано“, додаде Боријан Борозанов, извршен директор на фабриката во Скопје.
За Катерина Секуловска, вработена која учествуваше во организација на „Денот на семејството“, тоа претставува можност да се сподели со најблиските „не само каде работам и каде се одвиваат процесите, туку да ја споделам со нив гордоста што работам во фабрика која се грижи за своите вработени, за животната средина и какво наследство остава таа на овој свет“.
За Харис Бајрами е огромно задоволство што бил дел од организациониот тим на „Денот на семејството“, но истовремено и притисок дали ќе се успее во организацијата на овој многу важен ден за вработените.
„Посебно ми е драго што во организацијата учествуваа и се запознаа колеги од различни сектори. Кога им кажав на моите дека организираме Ден на семејството, тие беа видно возбудени, со оглед на тоа што не се запознаени каде работам, што работам, што и како произведуваме. Дефинитивно повторно ќе бидам тука во организација на ваков настан“, вели Бајрами.
Според Зехра Ќуфлију, советник за човечки ресурси во Џонсон Мети, „ваквите иницијативи влијаат на сите вработени. Тие допираат до нивните срца и емоции. Денот на семејството помогна да изградиме одлични односи со нашите вработени. Тие повеќе не ја гледаат својата работа како само уште една обврска“.