Приведени пет лица од Тетово, расчистени два физички напади
Денеска (11.10.2022), во периодот од 07.30 часот до 11.45 часот, од полициски службеници од СВР Тетово лишени од слобода се пет лица: Д.Л.(23), Б.Д.(18), В.Л.(19), Л.Ш.(24) и А.Ш.(24), сите од Тетово, поради сомнение дека непосредно биле инволвирани во двата физички напади пријавени завчеравечер (на 09.10.2022).
Имено, Секторот за внатрешни работи Тетово ги расчисти нападите кои се случиле на улиците „133″ и „Благоја Тоска” во Тетово, а во кои еден 16-годишник од Тетово беше повреден со остар предмет.
Петте лица се задржани во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.
Фатен крадец на дело во Прилеп, одземеното вратено на сопственикот
На 10.10.2022 во 19.45 часот на ул.„Ило Полутешка“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода А.Р.(21) од Прилеп. Тој бил затекнат при извршување кражба од домот на Г.К. во Прилеп.
Кај него бил пронајден паричник со пари и лични документи, кој бил вратен на сопственикот. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Приведен крадец во Скопје, затекнат на дело
Денеска (11.10.2022) во 04.15 часот на ул.„Раде Јовчевски Корчагин“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Т.(26) од Скопје. Тој бил затекнат при обид да изврши „тешка кражба“ во куќата на М.С.(30) од Скопје.
Кај него бил пронајден и одземен предмет поврзан со кривичното дело.
Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.