Америка ја повтори својата посветеност да го брани „секој сантиметар“ од територијата на НАТО пред разговорите меѓу министрите за одбрана на Алијансата, пренесува „Срна“.
Според написите, американскиот секретар за одбрана Лојд Остин ги даде своите коментари за потврдување на посветеноста на Вашингтон за колективната одбрана на НАТО по повеќекратните закани од рускиот претседател Владимир Путин.
„Ние сме посветени на одбраната на секој сантиметар од територијата на НАТО, доколку се појави потреба“, нагласи Остин.
Тој како што пренесува медиумот изјавата ја дал непосредно пред почетокот на состанокот на групата НАТО за нуклеарни планови.