Пронајдено одземено возило, приведени тројца малолетници гостиварско
На 14.10.2022 во 10.20 часот во с. Неготино, гостиварско, лишени од слобода се тројца малолетници од с. Сенокос, гостиварско. Тие се сомничат дека во текот на денот во с. Сенокос одзеле патничко возило „опел вектра“, сопственост на И.Б. Возилото било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицата биле приведени во полициска станица. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Приведено лице од гостиварско село, пронајдена автоматска пушка
На 14.10.2022 во 19.50 часот во с. Неготино, гостиварско, од слобода бил лишен Т.В.(36) од с. Неготино. При извршен претрес по судска наредба во неговиот дом била пронајдена и одземена автоматска пушка.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.