Приведено лице од тетовско за издржување затворска казна
На 15.10.2022 во 16.30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Маврово и полициски службеници од Полициската станица з аграничен надзор Стрезимир го лишиле од слобода А.Б.(38) од с.Голема Речица, тетовско. Тој бил баран со потерница по наредба на Основен суд Тетово за издржување затворска казна.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
Расчистено разбојништво во Кичево, приведени две лица
Денеска (16.10 2022) околу 07 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР-Кичево ги лишиле од слобода С.Н.(26) од Штип и И.М.(33) од Битола, со привремен престој во Кичево. Тие се сомничат дека физички го нападнале М.З.(74) од Кичево во неговиот дом, по што му одзеле пари и други предмети. Имено, тие претходно се запознале со М.З. пред казино и откако му побарале преноќиште, заедно отишле во неговиот дом каде го извршиле делото.
Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Расчистена кражба во Битола, следува соодветна пријава
На 14.10.2022 во СВР Битола – Полициско одделение Новаци бил извршен службен разговор со М.К.(19), С.А.(19) и Д.К.(21), сите од Битола. Тие се сомничат дека на 13.10.2022 околу 21.00 часот на место викано „Балдовенци“, во кругот на РЕК-Битола, одзеле делови од работни машини и други предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот.
По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.