17.8 C
Скопје
20/05/2024 03:01
МАКТЕЛ

  

     

 

Мицкоски со колумна во партискиот весник на Унија на Млади Сили: Систем за кој вреди да се бориш

      

   

Овие денови Македонија празнува 81 година од кревањето на востанието против фашистичкиот окупатор. Таа генерација млади луѓе тргнаа против далеку поснажните сили затоа што веруваа во идејата за слобода, и затоа што ја почитуваа борбата за слобода на своите претходници. И веројатно проценија дека алтернативата на сево ова е да се биде роб под друго знаме, туѓа идеја и да се наведне главата тогаш кога треба да се исправи. 81 година потоа, многумина ќе речат дека е друго време, друг систем, поинакви борби за младиот човек. И точно е тоа, но сепак пронаоѓањето на мотивите за борба, желбата за промени, пркоста и вербата во себе се подеднакво исти, само овој пат насочени на поинаков начин и во други околности.

 

Пред 32 години Македонија се создаваше тој 8 септември. Тогаш со моите 16 години како и сите од мојата генерација сметавме дека е тоа нашето време, најмодерното, дека ние го имаме правото да ги диктираме условите, да ги менуваме работите, да ги поставуваме условите, мислевме дека сè до тогаш беше некако стереотипно и назадно, и дека светот чека на нашиот глас.

   

     

Во голема мера нашата генерација ја имаше горката судбина да успее насекаде низ светот, само не дома, иако ние сепак го имавме правото да ги диктираме работите кои сакавме да ги имаме и за кои сонувавме.

Од денешна перспектива сфаќам дека на сево ова има право секоја една генерација, и обврска на сите останати е тоа да ѝ го овозможат, како и обврската на таа генерација самата да се избори за она право што ѝ припаѓа.

И веројатно многу од работите остануваат специфични за моментот но се многу универзални. Тогаш со истото чувство на посебна гордост и предност кон Македонија, како и денес стојам пред химната Денес над Македонија се раѓа. Тоа за мене не е само едноставна почит кон зборовите, туку разговор со оние титани од минатото кои го даваа најскапото кога се бореа за нашата слобода и ја плаќаа скапата цена за градба на татковината.

Но од денешна перспектива прашањето е што значи сево ова за младиот човек и како тоа изгледа во неговите очи .

Денес реалноста со која тој се соочува ги одзема шансите за целосно размавнување на потенцијалите и работите во кои верува. Одземањето на таа шанса значи ускратување на целата нација за некое ново научно достигнување, за некоја нова писателска, или спортска ѕвезда, за некој нов шампион кој ќе нè претставува низ светот, за некоја наша гордост. Цената од таквото колективно промашување е иселување, потрага по нешто подобро, споделувајќи ја судбината на стотици илјади кои досега ја напуштија земјата.

И за тоа генерално постои една сериозна причина, а тоа е отсуството на систем. Систем кој ќе даде шанса на способните, систем кој ќе им даде можност на талентираните, отсуство на систем кој ќе е темелен на вредности и заслуги, систем кој ќе даде шанса за оние кои сакаат да дишат со полни гради, кои ќе ги стимулираат младите да го прават тоа што најдобро го знаат и најмногу го сакаат. Систем кој ќе ги отрфли корумпираните, лукративните, систем каде за да се прескокне пречката ќе треба пот, труд и демонстрација на способност, а не конекции, непотизам и корумпираност. Систем во кој најсиромашниот ќе ја има најголемата шанса, не затоа што не е богат, туку затоа што е способен. Систем кој талентираноста ќе ја поттикнува и ќе ја развива, а слабоста ќе ја селектира и ќе создава услови таа да се надмине. Не треба да се откажуваме од ниту еден човек, но мора способните да ја добијат својата шанса и да го живеат својот сон.

Примерите кога поединците ќе сакаат да го заобиколат системот и да напредуваат се присутни секаде, но добрите држави се издвојуваат по системите кои ги откриваат таквите поединци и ги ставаат во нормалата која подразбира успех само со многу труд и работа.

Некој ќе праша дали е тоа можно кај нас по толку децении потрошени на омраза, рушење на системите и создавање на изместени вредности. Можно е, но за тоа е потребна борба. Да не се потргнуваме настрана кога ќе е тешко, да не се откажуваме затоа што поединечното откажување создава принцип кој потоа станува традиција што се следи. Ако јас се откажам, ударот доаѓа на наредниот до мене. Да не го одбираме најлесниот пат, туку вистинскиот за да стигнеме до целта. А сите неуспеси да бидат лекција за наредните победи.

Како професор на факултет кој гледа како добрите генерации студенти ги празнат клупите и си ја бараат среќата некаде надвор по светот, навистина боли фактот кога пред очи добри луѓе го градат својот сон за некаде надвор од својата татковина. И прашањето е зошто ако тие млади луѓе успеваат насекаде надвор, не можат да успеат дома. Едната причина е токму тој распаднат систем кој ја труе секоја здрава клетка и не овозможува развој, втората причина е што помалку сите млади, но и сите ние се навикнавме да ги прифаќаме работите без отпор и борба, а токму тој отпор ја создава револуцијата на духот, револуцијата на потенцијалите, експлозијата на колективната способност сами да одлучуваме за работите. Ако молчиме, тие ќе мислат дека го имаат природното право да управуваат со нашите судбини, и секоја неодговорна влада ќе зема повеќе од нашиот природен простор на живеење.

А колку помалку го има тој простор толку помалку ќе ги има слободата и идеите во кои веруваме. И успехот не е можен без колективната заложба тие промени да станат основата од која понатаму ќе се гради и ќе се создава иднина. И во таа борба секој млад човек ќе ја има мојата поддршка за промени, затоа што ова е и наша заедничка борба. Без оглед каков е поединечниот интерес, целта и мотивите за борба не се поинакви од тие за кои се бореа и илинденците и партизаните. Слободата и успехот се идеалот во кој веруваме, нашето сонце, но и нашата кауза. Слободата дава енергија, распостилање на талентот, експлозија на креативната енергија, и Македонците да веруваат во слободата која долго ја немале, и за која долго умирале и се раѓале мажи и жени под ова сонце.

Затоа е скапа слободата и таа мора да се брани тогаш кога ни ја одземаат и да се негува и тогаш кога најмногу ја имаме. Да не се откажуваме оваа генерација да ја добие вистинската шанса каква сите претходни ја немавме. Вистинската слобода каде успехот ќе дојде како последица на заслуги и многу труд. Мојата борба е за таа шанса. Шанса да создадеме систем каков денес го немаме, а секој еден од вас го заслужува да го има.

    

Најново

Приведен дилер во Битола за издржување затворска казна

Sase Ivanovski

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Каменуван автобусот на ,,Чкембари“ на излезот на Скопје, повредени се неколку лица

Sase Ivanovski

Таравари за РТК: Во новата влада на Северна Македонија шест министри и претседател на Собранието ќе бидат Албанци

Sase Ivanovski

Фуркан Салиу: Во наредните денови ќе се официјализира коалицијата меѓу ВМРО ДПМНЕ и ВЛЕН

Sase Ivanovski

СИНА АЈКУЛА ТЕШКА 200 КИЛОГРАМИ Е УЛОВЕНА ВО БУДВА Ајкулата ќе биде препарирана и изложена во музеј

Sase Ivanovski

ОСПОРЕНИОТ ЗАКОН ЗА МОБИЛИЗАЦИЈА СТАПИ НА СИЛА Украина ја намали и возраста за одење во војска

Sase Ivanovski

„СЕ ПРОБИВАА ТОЛКУ БРЗО, НЕМАШЕ КОЈ ДА ГИ СПРЕЧИ“ Русите ја преминаа северната граница на Харков

Sase Ivanovski

4 километри пепел на небото и виолетови молњи – еруптираше вулкан во Индонезија

Sase Ivanovski

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас”

Sase Ivanovski

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Sase Ivanovski

Ахмети: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ прават се за да добијат двајца пратеници од „Европскиот фронт“, тајните договори во подруми се неприфативи

Sase Ivanovski

Франција го обвини Азербејџан за поттикнување немири во Нова Каледонија

Sase Ivanovski

Андоновски: Министерството на Груби ќе се трансформира

Sase Ivanovski

ЦУК: Поплавени подруми и гаража, пожари на отворено

Sase Ivanovski

Таравари: Верувам дека претседател на парламентот ќе продолжи да биде Албанец

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) На излезот од Скопје каменуван автобусот „Чкембари“, повредени неколку лица

Sase Ivanovski

Протести во Израел – меѓу барањата и предвремени избори

Sase Ivanovski

Сина ајкула тешка 200 килограми уловена во Будва

Sase Ivanovski

Вкупно 23 бегалци се водат како исчезнати откако со чамец тргнале од Тунис за Италија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Невреме во Струга

Sase Ivanovski

Разлика меѓу паламудење и тртомудење

Sase Ivanovski

Силјановска ПОДАДЕ РАКА КОН БУГАРИЈА преку културна дипломатија

Sase Ivanovski

МВР со детали за нападот врз Кацарска. Напаѓачот е уапсен

Sase Ivanovski

(ФОТО) Најмалку четири возила оштетени во сообраќајна несреќа пред влезот на Клинички центар

Sase Ivanovski

Ахмети ја загуби контролата откако сфати дека ја загуби власта, порачаа од Вреди

Sase Ivanovski

Паркиран камион се придвижил и удрил во автомобил: тешко повреден возачот на камионот кој се обидел да го сопре возилото

Sase Ivanovski

Членот на израелскиот воен кабинет се закани со оставка ако Нетанјаху не го усвои неговиот нов воен план за Газа

Sase Ivanovski

Едно лице почина друго се бори за живот во несреќа во лифт во угостителски објект во Штип

Sase Ivanovski

Ветерот и сонцето произведоа рекордни 22 отсто од електричната енергија во ЕУ

Sase Ivanovski

Од девет убиени жени во Србија, седум се од Војводина

Sase Ivanovski

Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Sase Ivanovski

Тешка сообраќајна несреќа пред влезот на Клиничкиот центар

Sase Ivanovski

Во Иран обесени седум луѓе осудени на смрт, меѓу кои и две жени

Sase Ivanovski

Лавров: Русија останува отворена за дијалог со Западот, но само под еднакви услови

Sase Ivanovski

Невработеноста голема, а бројката на отворени работни позиции расте, каде лежи проблемот?

Sase Ivanovski

Големо истражување откри што повеќе влијае на животниот век – гените или начинот на живот

Sase Ivanovski

Фуркан Салиу: Директорот на токсикологија упорно се обидува да дефокусира и ја тера дебатата во меѓуетнички контекст

Sase Ivanovski

Полска инвестира повеќе од 2 милијарди евра во зајакнувањето на својата источна граница

Sase Ivanovski

Опасната игра на ДУИ

Sase Ivanovski

(Видео) „Јас моето што го сакав, да го набркам силеџијата Шилегов, го направив“ – Со Перо Камиказа за политиката

Sase Ivanovski

Вработените во „Дрекселмаер“ засадија 1.200 садници во Жегљане

Sase Ivanovski

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со Крис Павловски, директор на Рамбл

Sase Ivanovski

Герасимовски: Булингот носи сериозни последици, само ако делуваме заедно може да го спречиме

Sase Ivanovski

„Јас одам Скопје – Атина, само не знам дал ќе минам граница“ – Стануваат ли повторно актуелни овие рефрени?

Sase Ivanovski

Куманово на врвот на листата по дивоградби – се легализираат куќи од 300 квадрати, се злоупотребува законот, се отвораат можности за корупција

Sase Ivanovski

Најголемата општина во државата – Куманово нема кино, младите бараат решавање на проблемот

Sase Ivanovski

Донесена првата неправосилна пресуда за мобинг во Кумановскиот суд

Sase Ivanovski

Ќе го урнат ли Мицкоски и Мицотакис Преспанскиот договор

Sase Ivanovski

Пронашле граната и ја однеле во полиција, ЦУК апелира да не се допираат неексплодираните средства

Sase Ivanovski

Владини функционери во Словачка ги обвинуваат медиумите и опозицијата за пукањето во премиерот Фицо

Sase Ivanovski

Д-р Димитров: ПАП тестот е историја, жените треба да прават ХПВ тест

Sase Ivanovski

Димитров: Грција и Северна Македонија постигнаа договор во Преспа, не се враќајте назад

Sase Ivanovski

Палевски во затворот во Шутка дошол со куфер, евра и лири

Sase Ivanovski

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Sase Ivanovski

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Sase Ivanovski

„СЕ ДОДЕКА ГРЦИЈА НЕ ГИ ПОТПИШЕ ПРОТОКОЛИТЕ НИЕ НЕМА ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ ОДРЕДБИТЕ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА УПОТРЕБАТА НА ИМЕТО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Најчевска со предлог

Sase Ivanovski

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии

Sase Ivanovski

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

Sase Ivanovski

СООБРАЌАЈКА НА ТРИ АВТОМОБИЛИ КАЈ КИЧЕВО Повредени се тројца тинејџери и двајца возрасни

Sase Ivanovski

СЕ СУДРИЈА ТРАКТОР И КАМИОН ВО БИТОЛСКО НОВАЦИ Трактористот е тешко повреден

Sase Ivanovski

УТРЕ ЌЕ ИМА ПОСЕБЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ НА ДВЕ ЛОКАЦИИ ВО СКОПЈЕ Се одржуваат две рекреативни трки

Sase Ivanovski

ПАДНАА ТУЖБИТЕ НА ЕВРОПСКИ ФРОНТ ПРЕД УПРАВЕН СУД Ќе се прегласува на 7 изборни места

Sase Ivanovski

ФОТО | Салфетката на која Меси го потпиша договорот со Барселона продадена за 888.000 евра

Sase Ivanovski

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ донираше ламинат за детската градинка во Конче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова освен со папата, во Рим на средба и со италијанскиот претседател Матарела

Sase Ivanovski

Претседателството на ДУИ попладнево ќе одржи состанок

Sase Ivanovski

Најмалку 50 загинати во поплавите во Авганистан

Sase Ivanovski

ВИДЕО| Бислимоски: Да ги одржуваме браните, да не ни се случи Либија

Sase Ivanovski

Поранешен српски репрезнтативец направил скандал во Белград: Беснеел во хотел и се заканувал на полицајци

Sase Ivanovski

САД со предупредување до американските граѓани, да бидат внимателни додека патуваат во странство

Sase Ivanovski

Сејдини ги отфрла тврдењата дека врши притисок врз судиите во Управен

Sase Ivanovski

Климатски активисти ги блокираа пистите на аеродромот во Минхен, објавено е одложување на летовите

Sase Ivanovski

Експертската јавност децицна – Нема правни механизми за распуштање на Советите

Sase Ivanovski

Кривична против градоначалник за незаконски исплати за време на избори

Sase Ivanovski

Кривична пријава против полицајката која беше фатена со мито од над 10 илјади евра

Sase Ivanovski

Зеленски го одби планот за примирје на Макрон:„Емануеле не веруваме во тоа“

Sase Ivanovski

Човекот кој го нападна сопругот на Ненси Пелоси со чекан е осуден на 30 години затвор

Sase Ivanovski

Изгласана новата хрватска Влада, 79 пратеници гласаа за

Sase Ivanovski

Полуматуранти во Подгорица при прослава со факли го запалиле покривот на училиштето

Sase Ivanovski
Вчитувам....