12.8 C
Скопје
22/06/2025 04:59
МАКТЕЛ

   

Бугарскиот историчар Илчев: Сѐ ќе беше поинаку со клубови „Мост“, „Братство“…

      

Историски ќе биде неправилно клуб да се вика „Цар Фердинанд“, со оглед дека тој ја изгуби Македонија со неразумната мегаломанско- амбициозна политика, вели бугарскиот историчар Иван Илчев

   

ВМРО-ДПМНЕ очекува поддршка во Собранието за предложениот закон со кој ќе се спречи контроверзни имиња да бидат имиња на здруженија на граѓани. Тоа ќе важи и за веќе регистрираните здруженија во РСМ, од кои дел во изминатите месеци беа причина за нови несогласувања со Бугарија. Последното именување на бугарски клуб со име „Цар Борис Трети“, предизвика нови вербални реплики од двете страни на границата. Една таква викендов уследи и од шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, по изјавата на копретседателот на заедничката Комисија за историски и образовни прашања, Ангел Димитров, дека РСМ не се однесува како кандидат за членка на ЕУ, а како илустрација за тоа ги посочи посегањата кон бугарските клубови и исвиркувањето на бугарската химна на фудбалски меч. По тоа, од Османи доби препорака „да се занимава со историја, а не со политика“.

Братството како илузија

Но, сите членови во бугарскиот тим не сметаат дека имињата на бугарски клубови се соодветни.

„Кога правиш клуб, да го крстиш со име кое неизбежно ќе доведе до конфликт, ми се чини дека не е многу разумно“, вели во интервју за „24 часа“, историчарот Иван Илчев, кој е и член на заедничката Комисија за историски и образовни прашања.

„Целосно беше можно тие клубови да се наречат со понеутрални имиња, кои ќе градат мостови, a да не да ги уриваат. Од друга страна, ги разбирам и тие луѓе кои на последниот попис се осмелија да се пишат Бугари, кои беа доведени до крај на нервите од сите години прогонство, без разлика дали е тоа физичко, социјално, социјална изолација…И од таа гледна точка, разбирам дека сакаат да декларираат нешто, но не сум многу убеден дека тоа е вистинскиот пат“, рече Илчев.

Тој е уверен дека ќе биде неправилно и ако на некој трет клуб му се даде име „Цар Фердинанд“, а причините ги образложи со неуспехот на царот.

„Прво, историски тоа ќе биде целосно неправилно, со оглед дека цар Фердинанд во практика ја изгуби Македонија со неразумната мегаломанско- амбициозна политика. Така што, од таа гледна точка, не. Да речеме, за цар Борис Трети има извесни основи, но за цар Фердинанд – никакви“, смета историчарот.

Запрашан, какво име би требало да добие еден бугарски клуб за тоа да биде „на сеопшта радост“, тој рече дека сеопшта радост нема да има, но нема дополнително да се заоструваат односите ако бил крстен „Мост“, „Братство“ и со некои други неутрални имиња.

Иако го посочи името „Братство“, и самиот Илчев смета дека е погрешен пристапот на Бугарија во инстистирањето на браќа и братство во РСМ. Се повика на примери, кога во 90-тите години на минатиот век останале разочарани оние кои верувале во бугарските легенди – дека од другата страна на границата живеат браќа, кои во првиот момент кога ќе се промени општествениот систем – ќе ракоплескаат и ќе се прегрнат со Бугарите.

„Треба да престанеме да се тешиме со илузијата дека тоа е еден братски народ и треба да се однесуваме со Македонија и нејзините граѓани како со суверена, соседна држава, со која имаме некои заеднички интереси, и имаме некои проблеми, и треба да ги решаваме на таа основа. Дајте да се откажеме од тие примордијални вземни односи, кои преовладуваат кај нас – братство. Какво братство? Мојот род половината е од Македонија. Тоа во денешни дни не значи веќе ништо“, вели Илчев.

„Се потурчивме“

За да го илустрира денешниот однос на Македонците кон Бугарија, Илчев го посочи примерот што му го презентирала докторантка која за нејзината дисертација во Етнографскиот институт ги истражувала чувствата и ставовите во поширокиот реон на тромеѓето меѓу Бугарија, РСМ и Србија (Димитровград, Босилеград, Куманово, Ќустендил). Имено, таа сведочела на случај кога Македонец кој се вратил од Софија со бугарски пасош, тоа пред пријателите го опишал со зборовите „епа, се потурчивме“.

Смета дека таквите ставови не може лесно да се променат, со оглед дека многу децении Македонија живеела и градела со друг наратив, под друго влијание.

„Секоја држава има право на свој сопствен наратив за сопствената историја и односите со соседните држави. Нема начин да и` забраниме на Северна Македонија да ја предава својата верзија на историјата. Лошото е што таа верзија не се заснова на реални историски извори, речиси до 80-тите години на 19 век. Потоа нештата во Македонија почнуваат да се менуваат, да се појавуваат луѓе кои почнуваат за себе да мислат како за Македонци. И тука нема ништо страшно. Ние го примаме тоа како нешто исклучително страшно. Не е така. Страшното е што на таа основа се раѓа конфликт“, вели Илчев.

Циркуларно писмо до наставниците

Со оглед дека промена во учебниците не се прави лесно, тој минатата година предложил македонското и бугарското министерство за образование до наставниците да испратат нешто налик на циркуларни писма, во кои се вели: нашата заедничка Комисија стигна до заклучок за тие и тие личности, ве молиме, во вашите предавања да се сообразите со постигнатите заклучоци…

„Но, тие не сакаа ни такво нешто да направат“, вели бугарскиот историчар, без да прецизира дали мисли на македонските власти или на македонските членови на Комисијата.

Потсетен дека Бугарија своевремено решавала тешки прашања и со Грција и Турција, а денес веќе никој и не се сеќава на тоа, тој смета дека таа ситуацијата не важи и во однос на РСМ.

„Има голема разлика. Како народ и јазик ние сме многу поразличнии од Грците и од Турците, додека со граѓаните на Северна Македонија такви разлики нема. Во практика ние сме најблиските народи во Европа, дури и ако ги сметаме за посебен народ, и тука разграничувањето станува многу потешко. Но, сакам да ве вратам во времето пред десет години. Тогаш никој не зборуваше за историјата, никој не сметаше дека историјата ќе биде некаква пречка во меѓусебните односи. Бугарите одеа на Охридско Езеро таму каде што Билјана платно белела, луѓето од Северна Македонија доаѓаа да пазарат во Ќустендил, премолчно беше прифатено дека тие проблеми не треба да ни предизвикуваат посебни тешкотии. Во практика, политиката на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје го роди конфликтот меѓу двете држави. Потоа се обидовме да го потиснеме, но тешко оди“, изјави Илчев, без дополнителни објаснувања зошто вината ја посочува во една партија.

Меѓудругото, изнесе и став дека РСМ е заинтересирана само за конфликт со Бугарија.

„Од т.н. историската област Македонија, 8.000 квадратни километри се во Бугарија, 25.000 се во Република Северна Македонија, и 48.000 се Егејска Македонија. Во Скопје, во практика, и` свртеле грб на Егејска Македонија. Значи, тие се интересираат само за конфликтот со нас“, оцени тој.

Но, изрази надеж дека во Бугарија ќе дојдат и поразумни луѓе на власт, кои ќе направат подобра проценка на бенефитите од соработката меѓу двете земји, а не како што направил претходниот премиер со воведување на авиолинија Софија-Скопје само како политичко решение, но без претходна анализа и бизнис план за нејзината рентабилност.

Сепак, имињата на бугарските клубови не се единствената причина за нарушување на довербата. Последен повод за реакција е чинот на канонизација за светител на Кирил Лешочки од страна на Македонската православна црква. Бугарскиот историчар и професор на универзитетот во Велико Трново, Пламен Павлов, смета дека тој чин е светогрдие, крадење на историјата, апсолутно кршење на билатералниот протокол меѓу Бугарија и Македонија и невидена злоупотреба на историјата.

извор: ДВ

   

Најново

Израел тврди дека убил тројца команданти на иранската Револуционерна гарда

Sase Ivanovski

Марш за ангелите“ во Кочани – родителите на починатите деца побараа одговори од МВР, УЈП и од Обвинителството

Sase Ivanovski

Американски бомбардери Б-2 полетаа од американска база и се движат кон запад над Тихиот Океан

Sase Ivanovski

Силни експлозии во централниот и северниот дел на Техеран

Sase Ivanovski

Шеста Парада на гордоста во Скопје со јасен фокус на заедништвото, отпорот и борбата

Sase Ivanovski

Во Кочани од Словенија стигна донација од 4.070 лепенки за третман на изгореници

Sase Ivanovski

Работна посета на Заменик министерот Исени на СВР Битола

Sase Ivanovski

Дебата „Кажи си ја маката“ во Тетово – треба посилен граѓански притисок врз партиите

Sase Ivanovski

Филипче: Мицкоски фантазира за успеси, граѓаните бројат денови до плата

Sase Ivanovski

Бугарија има јасен план за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година, соопшти бугарската Влада

Sase Ivanovski

Глобалната потрошувачка на пиво се намалува

Sase Ivanovski

Хутите се закануваат дека ќе нападнат американски бродови ако Вашингтон се вклучи во израелските напади врз Иран

Sase Ivanovski

Лишени од слобода двајца возачи на подрачје на СВР Штип затоа што управувале возила под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

ЗАКИНТОС СЕ ТРЕСЕ: Земјотрес од 4,8 степени удри во Јонското море

Sase Ivanovski

Интернет конекциите во Иран се очекува да бидат обновени во 20 часот по локално време, пренесуваат медиумите

Sase Ivanovski

Ирански хакери ѝ се закануваат на Албанија: Иран има право со ракети да го нападне кампот на муџахедините кај Драч

Sase Ivanovski

Ирански официјален претставник: Европските предлози презентирани на состанокот во Женева се нереални

Sase Ivanovski

Од една до 10 години затвор му се закануваат на пријателот на Палчо, осомничен дека го сокрил пиштолот со кој биле убиени Вања и Панче

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Судиите и обвинителите се сè уште тие што СДС ги избра, доколку има нешто против законски за Христовски први ќе го повикаат за разговор

Sase Ivanovski

Иран поднесе жалба против шефот на МААЕ: Гроси ја загрози неутралноста и кредибилитетот на агенцијата

Sase Ivanovski

Бил Клинтон: Нетанјаху одамна сака војна со Иран за да може остане на власт засекогаш

Sase Ivanovski

Макрон: Иран никогаш не смее да добие нуклеарно оружје

Sase Ivanovski

Топ 5 намирници за кои мислевме дека се нездрави – но науката вели поинаку

Sase Ivanovski

Момче на 14 години избодено до смрт во Велика Британија: „Постојано велеше дека не сака да умре“

Sase Ivanovski

„Околу три по полноќ“ од Димитрие Дурацовски – хибридно прозно патување низ книжевноста, музиката и филмот

Sase Ivanovski

ОВА НЕ Е ШВАЈЦАРИЈА, ТУКУ ПИРАВА, ВАЛАНДОВО

Sase Ivanovski

БОГОЈЕСКИ: Направени се десетици лажни профили со украден идентитет на сите социјални мрежи и од нив системски се испраќаат пораки кон вас.

Sase Ivanovski

Ирански хакери ја нападнаа официјалната веб-страница на општина Тирана

Sase Ivanovski

„ВЕЌЕ ПЛАЌАМЕ КАМАТИ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ ОД КОЈ НЕМАМЕ ДОБИЕНО НИШТО“: Костадинов вели цената е веќе кажана – 2 милијарди евра!

Sase Ivanovski

ДИМИТРИЕСКА КОЧОСКА Е ПОБОРНИК ЗА ЛИНЕАРНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ: Во септември доаѓа ново покачување

Sase Ivanovski

НИШТО ОД НОВ ВЛАДИН АВИОН: Новиот буџет не дозволува набавка на ново летало

Sase Ivanovski

НЕМА ВЕЌЕ РАЗВОЗУВАЊЕ НА ДРЖАВНА СМЕТКА: Од септември сите службени возила ќе добијат таблици во боја

Sase Ivanovski

„ПРОДОЛЖУВАМ ДА ГИ КОРИСТАМ СИТЕ КОНТАКТИ ЗА ДА ЈА РАСКАЖАМ МАКЕДОНСКАТА ВИСТИНА“: Мицкоски телефонски разговараше со Пленковиќ

Sase Ivanovski

ГРЧКИ МЕДИУМ: Двајца капачи се удавија во морето, жена од Македонија и српски државјанин

Sase Ivanovski

ФОКУС: Милијардите како заразна „болест“ кај политичарите: Од времето на Циле, па до сега – ветени 23 милијарди евра, реализирани 0  

Sase Ivanovski

ПРЕСВРТ | Од Преспа преку Кочани до избори, како СДСМ ќе се бори за доверба кај гласачите

Sase Ivanovski

Новото раководство на кошаркарската федерација размислува за промена на името

Sase Ivanovski

МУ ЈА ДАЛ КОЛАТА, А ЗНАЕЛ ДЕКА НЕМА ПОЛОЖЕНО Двајца осомничени за трагичната несреќа во Охрид

Sase Ivanovski

Иран: Разговорите во Женева беа сериозни, подготвени сме да продолжиме

Sase Ivanovski

ОД ВЕЧЕРВА ЌЕ ВОЗИМЕ ПО ДЕЛНИЦАТА ПОДМОЉЕ-ОХРИД Еве како изгледа реконструираниот автопат

Sase Ivanovski

ТЕМНИ ОБЛАЦИ НАД ОХРИД Паѓаше град со големина на орев

Sase Ivanovski

ВО ТЕК СЕ ПРЕГОВОРИТЕ СО ВМРО-ДПМНЕ ЗА ЗАЕДНИЧКИ НАСТАП ВО НЕКОИ ОПШТИНИ Движењето ЗНАМ ја почна процедурата за кандидати за советници и за градоначалници

Sase Ivanovski

Земјотрес во Албанија, почувствуван e и во Македонија

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Сплитските пожарникари објавија драматични снимки од пожарите

Sase Ivanovski

Папата Лав 14-ти повикува на донесување етичка рамка за вештачка интелигенција

Sase Ivanovski

Иран: Повеќе од 400 луѓе се убиени од почетокот на војната со Израел

Sase Ivanovski

Советот на Европа бара од Хрватска поголема заштита на мигрантите

Sase Ivanovski

Стручната комисија на министерот за здравство, не најде пропуст за смртта на детето од Кавадарци

Sase Ivanovski

Нутриционистите предлагаат 5 навики кои го олеснуваат внесувањето доволно течности во летниот период

Sase Ivanovski

Лишен од слобода возач во Куманово, управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода

Sase Ivanovski

МАЛКУ ПРЕТЕРАЛА: АВСТРАЛИЈКА СО ОТРОВНИ ПЕЧУРКИ ГИ ОТРУЛА РОДИТЕЛИТЕ НА СОПРУГОТ

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Пред било кој прес да го направат за РЕК Битола, нека кажат каде е Васко Ковачевски кој е во бегство поради криминалите во РЕК

Sase Ivanovski

ЕКСКЛУЗИВНО: Помагачот на Палчо кој се сомничи дека го уништил ранецот со пиштол и мотороли бил вработен во Народна Банка како портир, бил проблематичен вработен со многу дисциплински постаки и пред отказ

Sase Ivanovski

УНИШТУВАЧОТ НА СИНИОТ РАНЕЦ НА ПАЛЧО ОСТАНА БЕЗ ПАСОШ Зоран Давитков ќе треба редовно да се јавува во Судот

Sase Ivanovski

Приведена бегалка од затвор, вратена е во надлежната установа за доиздржување на казната

Sase Ivanovski

АД ЕСМ: При испадот на Блок 2 од мрежата немаше хаварија, извесно е дека ни се случи саботажа

Sase Ivanovski

Претреси на две локации, откако Велибор Манев кажа дека вработен во Народна Банка по налог на Палевски го фрлил пиштолот

Sase Ivanovski

Важни информации за учениците што се запишуваат во средно училиште пристигнаа од МОН

Sase Ivanovski

Се бара притвор за скопјанецот што пијан со чадор ја удираше сопругата до онесвестување

Sase Ivanovski

Вечерва се пушта за сообраќај делницата Подмоље-Охрид

Sase Ivanovski

Ахмети ги поделил општините со Села и Таравари, се очекува договор за соработка?

Sase Ivanovski

И ХИТЛЕР ВАКА ЗБОРУВАШЕ НА ВРЕМЕТО Путин: Цела Украина е наша

Sase Ivanovski

Меџити за Ахмети и Таравари: Не се здружија за Албанците, туку за „Лотарија“ и „Соравиа“

Sase Ivanovski

Турските влечни хаубици БОРАН испорачани во Македонија

Sase Ivanovski

ВРЕДИ: ДУИ со зборови албански, со дела против албанскиот јазик

Sase Ivanovski

Генерал-полковник Замир: Израелците треба да се подготват за „продолжена кампања“ против Иран

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ковачки пред претседателите на Собранијата на земјите членки на НАТО: Македонија е доверлив и одговорен сојузник

Sase Ivanovski

Милевски: Преку дигитализацијата градиме модерна држава со транспарентни институции и достапни електронски услуги за сите граѓани  

Sase Ivanovski

Хајрулахи:Единствена причина за хајката против мене се бонусите на СЈО

Sase Ivanovski

ФЕИТ промовираше 180 дипломирани инженери и 40 магистри

Sase Ivanovski

Средба Димитриеска-Кочоска – Вуковиќ во Подгорица: Македонија го презема претседавањето со ЦЕФ

Sase Ivanovski

СДСМ: РЕК Битола е во колапс. Фирма на молер со кривична историја во Германија го „чисти“ комбинатот

Sase Ivanovski

СДСМ: Скандалот со сертификатот на Христовски од АНБ се прошири, бараме нова истрага од Обвинителството

Sase Ivanovski

СДСМ: ОЈО да отвори постапка, РЕК Битола е во колапс поради криминалните зделки на ВМРО ДПМНЕ

Sase Ivanovski

ФОКУС РЕПОРТАЖА ОД ВАРШАВА: Најуспешна приказна на ЕУ активно се спрема за војна со Русија, храната и е најслаба страна

Sase Ivanovski

Историска средба меѓу Пашинјан и Ердоган за нормализација на односите меѓу Ерменија и Турција

Sase Ivanovski

Нов бран израелски напади во Иран

Sase Ivanovski

Руската војска за еден ден собори 97 украински дронови

Sase Ivanovski

ФОТО НА ДЕНОТ: Добро утро од Фармата на Тони🌞🌞

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПРАШАЊЕ НА ВРЕМЕ Е КОГА ОВА ЌЕ ЗАВРШИ ТРАГИЧНО: МЕЧКА КОПА ВО КОНТЕЈНЕР ВО СЕЛО ТРЕБИШТЕ ОПШТИНА МАВРОВО

Sase Ivanovski
Вчитувам....