Приведено лице од гостиварско за доиздржување на затворска казна
На 18.10.2022 во 20.30 часот во с.Добридол, гостиварско, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го привеле 28-годишниот Е.Х. од ова село.
Тој се барал за доиздржување на затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор Тетово.
Лицето било спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.
Расчистено разбојништво во Битола, приведено едно лице
На 18.10.2022 во 22.35 часот во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција и полициската станица од општа надлежност при СВР Битола го лишиле од слобода Ј.Ч.(36) од Битола.
Тој се сомничи дека околу 21.30 часот во спортска обложувалница на ул.„Партизанска“ во Битола со закана кон вработената одзел пари од дневниот промет.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Пронајдено одземено моторно возило, приведен прилепчанец
Денеска (19.10.2022) околу 01.00 часот во Ресен, полициски службеници од Полициската станица Ресен го лишиле од слобода Е.Ќ.(27)од Прилеп.
Тој се сомничи дека на 18.10.2022 околу 17.35 часот на ул.„Гога Јанкулоски“ во Прилеп одзел патничко возило „ровер“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Б.Б.(33) од Прилеп.
Возилото било пронајдено и вратено на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Приведен крадец во Битола, одземеното вратено на сопственикот
На 18.10.2022 во 22.35 часот во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција и полициската станица при СВР Битола го лишиле од слобода С.Б.(27) од Битола.
Тој се сомничи дека околу 18.10 часот, со употреба на физичка сила, влегол во подрумскиот дел во зградата на Апелационен суд Битола на бул.„1 Мај“, при што одзел повеќе предмети. Одземеното било пронајдeно и вратено на сопственикот. Исто така, при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Лицето било задржано во полициска станица и во консултација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.