24.8 C
Скопје
23/06/2025 07:45
МАКТЕЛ

   

Министерот Спасовски се обрати на трите сесии на Состанокот на министри за внатрешни работи на Берлинскиот процес

      

Денеска (20.10.2022) министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предводи делегација од Министерството за внатрешни работи која во Берлин, Сојузна Република Германија, учествуваше на Состанокот на министри одговорни за внатрешна безбедност и миграција од земјите учеснички во Берлинскиот процес, каде министерот Спасовски имаше обраќања на сите три сесии.

Во рамки на првата сесија „Соработка во борбата против зголемената нерегуларна миграција (вдолж ‘Западнобалканската рута’) министерот Спасовски оцени дека безбедносната состојба на државните граници е стабилна и без позначителни промени во однос на изминатиот период, со оглед на фактот што особено внимание се посветува на раното откривање и спречување на обидите за илегално минување на државната граница, како и спречување на криумчарењето на мигранти. Притоа, тој информираше дека во делот на криумчарењето на мигранти, во периодот од јануари до јули регистрирано е значително зголемување на бројот на откриени случаи 57, што е зголемување од 119% во однос на истиот период лани, а трендовите во областа на илегалната миграција во периодот јануари – јули се зголемени во поглед на истиот период минатата година, но немаат значителен импакт во однос на националниот систем за управување со миграции.

   

„Во периодот јануари – јули 2022 година спречени се вкупно 12.803 обиди за илегално минување на државната граница, што претставува зголемување од +7% во однос на истиот период лани, но и намалување од 27% во однос на истиот период 2020 година, кога беа откриени 17.652 обиди. Миграциските текови во Северна Македонија бележат намалување за 80%, но транзитната ‘Западнобалканска рута’ и понатаму останува активна“, посочи Спасовски, додавајќи дека за справување со зголеменото движење не се доволни само национални мерки, туку продолжување и натамошно зајакнување на заедничкиот пристап на засегнатите земји, како и соработка со земјите на потекло, агенциите на ЕУ и на ООН, како и релевантни меѓународни организации.

Министерот Спасовски се обрати и на втората сесија на тема: „Понатамошно интензивирање на проектната соработка во борбата против корупцијата и организираниот криминал“, на која се осврна на потребата од нови форми на соработка и дејствување на меѓународно ниво со оглед на сличноста на безбедносните закани не само за државата и регионот, туку и за земјите од ЕУ и САД.

„Во Република Северна Македонија постои цврста политичка волја и јавна свест за интензивна и континуирана борба против транснационалниот организиран криминал и во овој контекст се прават напори, со поддршка и соработка од меѓународните и европските институции, за развој на ефикасна правна рамка и воспоставување на специјализирани институции за сузбивање на овој вид на криминал, како и за побрза и поефикасна размена на информации на билатерална и мултилатерална основа, што е од особено значење“, истакна Спасовски.

Според него само со воспоставување на правна рамка за остварување меѓународна соработка помеѓу полициските служби и јавните обвинителства во земјите од Европа, може да се застане на патот на организираниот криминал.

„Полициските служби и јавните обвинителства повеќе од било кога се решени ефективно да се борат против прекуграничните закани со преземање координирани и заеднички акции против организираниот криминал. Имајќи ги предвид овие цели, цврсто сме решени за понатамошно интензивирање и зајакнување на регионалната и меѓународната соработка“, подвлече министерот Спасовски, додавајќи дека од аспект на борбата против корупцијата минатата година во Охрид, министрите за внатрешни работи и за безбедност од регионот го потпишаа Регионалниот патоказ за спречување корупција и нелегално финансирање, кој претставува политичка декларација која служи како водич на државите за реакција во областите на превенција и спречување корупција во јавните набавки, зајакнување на системите за следење на судир на интереси и пријавување на имот и зајакнување на кривично правниот одговор против корупцијата и финансискиот криминал.

„Во однос на зајакнувањето на системите за следење на судир на интереси и пријавување имот, задоволство ми е да кажам дека МВР има нормирано посебен член во Законот за внатрешни работи со кој се воспоставува обврска за полициските службеници за пријавување имотна состојба и интереси. Во делот на кривично-правниот одговор против корупцијата и финансискиот криминал, пак, посебно важна е улогата на регионалната мрежа на специјализирани јавни обвинители, истражители и единици за финансиско разузнавање во државите на Западен Балкан, а МВР веќе учествува во работата на мрежата ‘Глоуб’ во рамки на која се разменуваат информации, добри практики и искуства во работата“, објасни Спасовски.

Во обраќањето за време на третата сесија, на тема „Справување со повратниците од региони на џихад“, Спасовски потсети дека Република Северна Македонија од 2020 го започна процесот на подготовка за институционaлен одговор за рехабилитација, ресоцијализација и реинтеграција на странски терористички борци и нивните семејства кои се враќаат од конфликтните подрачја, лицата кои се радикализирани, но кои не заминале во конфликтни подрачја, лицата кои не поминале низ затворскиот систем, но и лицата кои поминуваат низ постпенален третман, а биле осудени за дела поврзани со тероризмот. Тој објасни дека Владата на Република Северна Македонија усвои Националeн план за реинтеграција, ресоцијализација и рехабилитација на повратници од странски војски и членови на нивните семејства, изготвен од страна на Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам, како обврска која поризлегува од Националните стратегии за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам и Заедничкиот Акциски план за борба против тероризам на земјите од Западен Балкан.

„Во рамки на процесот за репатријација по претходно добиени оперативни податоци дека од крајот на 2018 и почетокот на 2019 година, во бегалските кампови и затворски установи кои се под контрола на ‘Сириските демократски сили’ се наоѓаат и македонски државјани, и со оглед на фактот дека државата е дел од Глобалната коалиција за борба против тероризмот во Сирија, во соработка со странски партнери во областа на безбедноста, беше започната процедура за репатријација на странски терористички борци и членови на нивните семејства. Во оваа смисла беше организирана репатријација на 23 лица, односно 4 мажи, 5 жени и 14 деца”, информираше министерот Спасовски, при што објасни дека машките лица се спроведени во казнено-поправна установа во Скопје, каде врз основа на докази прибрани од отворени извори на информации и доказен материјал доставен од странски партнери, беше покренато обвинение од страна на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а потоа донесени и високи затворски казни.

Министерот Спасовски истакна дека безбедносните закани наложуваат и нови форми на соработка и дејствување на регионално и на меѓународно ниво: „Притоа, Министерството ја препозна потребата од изнаоѓање на квалитетен механизам за борба против најголемата закана на 21. век, поради што во Бирото за јавна безбедност, односно во рамки на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал воспоставена е посебна организациска едница со единствена надлежност – борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам”.

На крајот на своето обраќање, потенцирајќи ја меѓународната димензија на феноменот на странски терористички борци, тој порача дека ефикасната превенција и сузбивањето на појавните облици, како и справувањето со последиците би подразбирале координирана акција и градење на заедничка безбедносна стратегија.

   

Најново

Владата со отчет за сработеното во првата година

Sase Ivanovski

Бројот на загинати во нападот на бомбаш самоубиец на црква во Дамаск се искачи на 22

Sase Ivanovski

Орбан ја повика ЕУ да се откаже од забраната за увоз на руски гас по американскиот напад врз Иран

Sase Ivanovski

Иран го предупреди Трамп дека ќе ги активира терористичките ќелии во САД

Sase Ivanovski

Сончево и топло, максималната температура до 36 степени

Sase Ivanovski

Капчан: По глобалните неуспеси, Трамп би можел да се сврти кон Србија и Косово

Sase Ivanovski

Германија, Франција и Велика Британија го повикуваат Иран да преговара за нуклеарен договор

Sase Ivanovski

Опожарен автомобил во Гази Баба

Sase Ivanovski

Ставров: Аматерски се работи на капитален проект како што е изградба на пругата

Sase Ivanovski

НАТО „внимателно ја следи ситуацијата“ во Иран, ЕУ повикува на мир и преговори

Sase Ivanovski

Киев: Американските и израелските напади се оправдани и испраќаат јасен сигнал

Sase Ivanovski

Едно лице починало од листериоза, две други заболеле, ИЈЗ повикува на внимателност со храната

Sase Ivanovski

Шумски пожари на грчките острови Хиос и Евија, евакуирани населени места и хотел

Sase Ivanovski

Рубио: Светот е побезбеден по американските напади врз Иран

Sase Ivanovski

Најмалку 20 убиени во нападот врз црква во Сирија, сторителот поврзан со ИД, велат властите

Sase Ivanovski

Филипче: Живеачката е на раб на достоинство, економски е Македонија понижена

Sase Ivanovski

Трајановски: Делницата од Врбјани до Охрид, со прекин кај Ботун, ќе биде пуштена во употреба до 11 или 12 јули

Sase Ivanovski

ФОТО | Ракетите на Иран погодија станбен комплекс во Тел Авив

Sase Ivanovski

Крвава свадба во Франција: Убиена невеста, тројца повредени во вооружен напад

Sase Ivanovski

11 МАКЕДОНЦИ ЧЕКААТ ДА ЗАМИНАТ ОД ИЗРАЕЛ Затворен аеродромот во Тел Авив, МНР подготвува план Б за евакуација

Sase Ivanovski

ИРАНСКАТА ГАРДА СО СЕРИОЗНА ЗАКАНА Американските бази во Бахреин и во Катар во опасност по нападот на САД

Sase Ivanovski

Предупредување до речиси 2 милијарди корисници на Gmail: Веднаш сменете ги лозинките

Sase Ivanovski

ПОРАКА ДО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КОЧАНИ, ВЕНКО КРСТЕВСКИ: Не биди новата Данела, не води војна со владата, не терај политичка кампања, биди конструктивен, помогни им на Кочанчани

Sase Ivanovski

СЕ ГЛЕДААТ ГОЛЕМИ КРАТЕРИ: САТЕЛИТСКИ СНИМКИ ОД НУКЛЕАРНИТЕ КАПАЦИТЕТИ КОИ БЕА ПОГОДЕНИ ОД АМЕРИКАНСКИТЕ БОМБАРДЕРИ

Sase Ivanovski

„ЗАПРЕТЕ ПРЕД ДА БИДЕ ПРЕДОЦНА“ Анкара ги предупредува САД и Иран

Sase Ivanovski

ЗЕМЈА НА ПРОСПЕРИТЕТ, РЕД, РАЗВОЈ, ПОЧИТ, ЧОВЕЧНОСТ, ВРЕДНОСТИ Таква Македонија ветува Христијан Мицкоски

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Поради политиките на СДС, Македонија 7 години беше понижувана, распарчувана и уништувана, ВМРО-ДПМНЕ ја враќа државата на вистинска патека

Sase Ivanovski

Почнува 46. Скопско лето

Sase Ivanovski

Демири: Над 70% од граѓаните живеат со под 500 евра плата месечно, тоа е понижување

Sase Ivanovski

Арапските држави изразија сериозна загриженост по американските напади врз Иран и повикуваат на преговори

Sase Ivanovski

Пластичен хирург утре во посета на повредните во пожарот во „Пулс“ кои се на рехабилитација во Пониква

Sase Ivanovski

Филипче: Во администрација се вработува само со списоци, сите останати граѓани се понижени и дискриминирани

Sase Ivanovski

Трајчулевски: Без план, без еден лист проект за железницата се задолжуваат скоро 2 милијарди евра

Sase Ivanovski

Филипче: Ова не е промената која граѓаните ја бараа, понижени се работниците, земјоделците и младите

Sase Ivanovski

ЛУКАШЕНКО НЕ ГИ УБИВА СВОИТЕ ПРОТИВНИЦИ КАКО ПУТИН Лидерот на белоруската опозиција, Сергеј Тихановски пуштен на слобода по речиси пет години затвор

Sase Ivanovski

Чупеска : ДПМНЕ со системски упади го руши владеењето на правото и ги игнорира меѓународните препораки

Sase Ivanovski

Филипче: Наместо сите да се интегрираме, очигледно ДПМНЕ сака еден по еден да го бараме патот кон ЕУ

Sase Ivanovski

Фрчкоски: Досега немало влада со полошо владеење

Sase Ivanovski

Мицкоски: Одредени политичари во Брисел повторно се обидуваат ги преформулираат македонскиот јазик и идентитет

Sase Ivanovski

Зеленски: Германски и чешки компании испорачуваат материјали во Русија

Sase Ivanovski

Советот за безбедност на ОН ќе се состане за американските напади врз Иран

Sase Ivanovski

Иран вели дека четворица припадници на ИРГЦ се убиени во израелски напад

Sase Ivanovski

Во Лондон десетици илјади луѓе се собраа во поддршка на Палестинците во Газа и против војната на Израел со Иран

Sase Ivanovski

Жена-возач 94 годишна, прегази осум лица на паркинг на супермаркет во Германија

Sase Ivanovski

Скопјанец ја повредил својата четиригодишна ќерка при семејно насилство, предложен притвор

Sase Ivanovski

Израел ја проширува офанзивата кон ракетни центри во Иран

Sase Ivanovski

Зошто Ормутскиот теснец е едно од најважните места за светската економија?

Sase Ivanovski

Макрон ќе свика состанок на безбедносниот совет по нападите на САД врз Иран

Sase Ivanovski

Израел го отвори воздушниот простор

Sase Ivanovski

Џеј Ди Венс: Не сме во војна со Иран

Sase Ivanovski

Иранското нуклеарно познавање не може да биде уништено, вели висок ирански функционер

Sase Ivanovski

Иранската Црвена Полумесечина соопшти дека нема жртви во американските напади врз нуклеарните постројки

Sase Ivanovski

Иранската влада вели дека нема опасност за жителите што живеат во близина на иранските нуклеарни постројки нападнати од САД

Sase Ivanovski

Ирански медиуми јавуваат за експлозија во покраината Бушер, каде што се наоѓа нуклеарен реактор

Sase Ivanovski

Холандските болници ја засилуваат употребата на вештачка интелигенција за подобра здравствена грижа

Sase Ivanovski

Македонија го презема претседавањето со ЦЕФ – министерката Димитриеска-Кочоска во работна посета на Црна Гора

Sase Ivanovski

Поради навреди и симболи на УЧК, Зенит го „откажа“ трансферот на Мирлинд Даку

Sase Ivanovski

Иранскиот парламент одобри затворање на Ормутскиот теснец

Sase Ivanovski

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсег: Со „Полноќен чекан“ ги уништивме нуклеарните планови на Иран

Sase Ivanovski

Телефонски разговор меѓу Рубио и Тајани, во фокусот конфликтот меѓу Иран и Израел

Sase Ivanovski

(Видео) ДРАМА ВО ЧАИР Арсовска со полициска придружба во Чаир, откриена зграда дивоградба од 12 ката со 50 станови Станарите се заканувале и им ги исекле гумите на возилата на инспекторите

Sase Ivanovski

Дел од вработените на Клинички ќе паркираат кај „Лимак“ – ново привремено решение за хаосот со паркирањето

Sase Ivanovski

ВИДЕО | 86-мина повредени во иранскиот напад над Тел Авив

Sase Ivanovski

Филипче: СДСМ останува на страна на граѓаните, Владата изгуби контакт со реалност

Sase Ivanovski

Бомбардер „Б-2 Спирит“ – гаѓа цели од 15 километри висина, чини 2.1 милијарди долари и може да лета до 11.000 километри нонстоп

Sase Ivanovski

Нападите врз Иран – најголемиот и најризичен чекор на Трамп во надворешната политика

Sase Ivanovski

Филипче: Подадов рака за вистински реформи во судството, но ВМРО-ДПМНЕ не го сака тоа

Sase Ivanovski

Филипче: Криминалот е двојно зголемен, граѓаните живеат во страв, нема ништо гордо во тоа

Sase Ivanovski

Билд: Германската влада ќе обезбеди средства за дополнителни 10.000 војници до крајот на годината

Sase Ivanovski

Иранскиот шеф на дипломатијата Арагчи оди во Москва за да се сретне со Путин

Sase Ivanovski

МАКТЕЛ ДОЗНАВА: ДОМ излегува од коалиција со СДСМ – ќе оди самостојно на локалните

Sase Ivanovski

Уапсен возач без дозвола и со 1,81 промили алкохол на патот Крушево – Прилеп

Sase Ivanovski

Тројца мажи се претставиле како полицајци и истепале кривопаланчанец сред Центар

Sase Ivanovski

Иран со итно писмо до Советот за безбедност поради нападите на САД

Sase Ivanovski

Најголема кражба на податоци досега: украдени лозинки од Google, Facebook и Apple

Sase Ivanovski

Николоски: Понудите за нови 120 автобуси се очекуваат до средината на јули

Sase Ivanovski

„Марш за ангелите“ со силна порака: Нерегуларностите во дискотеката „Пулс“ на институциите им биле познати пред трагедијата

Sase Ivanovski

Македонска амбасада во Израел: Затворен аеродромот во Тел Авив, активни се само морски рути за излез од државата

Sase Ivanovski

Приведен возач во Македонска Каменица, управувал возило под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

АХВ со остра реакција до в.д. градоначалникот на Кочани

Sase Ivanovski
Вчитувам....