Предмет : Интегрален текст од изјава на советникот Петар Николовски
Гаранцијата помина, ветувањето остана нереализирано!
Почитувани,
Поддршката на Владата за компаниите расте, а особено е значајно што и во време на криза таа продолжува да расте и да инвестираат. Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Бетиќи, во текот на вчерашниот ден ја посети фабриката “Кромберг и Шуберт” во Индустриската зона “Жабени” во Битола. Целта на посетата беше, потпишување на нов договор за државна помош за нов инвестициски циклус на “Кромберг и Шуберт” од 25.760.00 евра.
Ова е веќе трет договор во изминатите 5 години во кој Владата предводена од СДСМ го потпишува со “Кромберг и Шуберт” што значи дека производствените капацитети, инвестициите и бројот на вработени на оваа компанија во нашата земја расте и има позитивна перспектива.
Новата инвестиција за финасиска поддршка е во вредност од 25.760.000 евра и ќе креира нови 1.230 вработувања во следните три години и предвидува проширување на постојните и отворање на нови производствени линии.
СДСМ во својот мандат во оваа компанија вложи и директна финасиска помош за зголемување на платите за 6000 денари, а во 2020 година за прв пат и покрај ковид кризата, имавме 100% исплата на државната помош кон нашите компании, што ја потврдува нашата посветеност кон нив и нашата намера да продолжиме да ги поддржуваме.
За таа цел пред точно една година Претседателот на ДПМНЕ, Мицкоски во предизборието токму од Битола вети голема инвестиција која уште во првата година од мандатот ќе се реализира во Битола. Една година помина, а нема ниту трага ниту глас, а најмалку нова инвестиција или поддршка на било кој индустриски капацитет во Битола од страна на Локалната Самоуправа.
Затоа денес пред Битолската јавност го прашуваме градоначалникот Тони Коњановски зошто после година дена не е исполнето и дали планира некогаш да го исполни неговото прво ветување од приоритетните 10 ветувања од неговата изборна програма со назив “Нови инвестиции и нови работни места” во Битола?
Почитувани граѓани, наместо нови инвестиции и работни места во моментов во Битола ни се случува банкрот на сите јавни претпријатија и институции под локална самоуправа што повторно поради лошото менаџирање на кадри од ДПМНЕ ќе падне врз грбот на сите граѓани на Општина Битола.