Во последниот извештај на Европската комисија за напредокот на Република Северна Македонија етничките односи се оценети стабилни, а се поздравува и напредокот на правата на немнозинските заедници. Од друга страна ЕК јасно го критикува отсуството на реформите во МРТВ.
Ваквиот начин на функционирање на јавниот сервис е евидентно и преку програмските содржини, но со жалење истото го констатираме и во врска со последните објавени јавни огласи за вработување во МРТВ. Истите огласи воопшто не го отсликуваат мултиетничкиот состав на нашата земја. Со години, во континуитет турската редакција при МРТВ работи со недостаток на човечки ресурси, а истото се случува со сите програми и редакции на јазици што ги зборуваат немнозинските заедници.
Партијата за движење на Турците -ТХП го повикува менаџментот на МРТВ конечно да превземе јасни активности со кои ќе ги поправат децениските грешки и неправди кон овие редакции и програми на помалкубројните заедници. Бидејќи МРТВ треба да биде во сервис на сите граѓани кои со своите даноци ја одржуваат во живот. Исто така ги повикуваме опозициските пратеници што поскоро да седнат и да овозможат да се избере нов состав на програмски совет на МРТВ.