-Имаме основани сомнежи и пријави од граѓаните дека во текот на ноќта возила со регистарски таблички од Куманово, Скопје и други градови, на периферијата на градот носат кучиња и ги пуштаат во Тетово. Тоа е проблем што треба да се реши, затоа што и ако општината Тетово обезбеди средства за собирање на 1000 кучиња скитници, можеме да станеме место кое ќе ги привлекува кучињата кај нас. Најлесно е да се даде некому 500-1000 евра да ги товари овие кучиња и да ги испрати некаде – вели Касами.
Од здружението кое е ангажирано од општината за фаќање и третирање на кучињата скитници нагласуваат дека бројот на кучиња почнал да се зголемува од денот кога почнале да ги евидентираат