Петмина државјани на Северна Македонија, кои се повредени во сообраќајна несреќа што се случи ноќеска 30 минути по полноќ, на патниот правец Игнација Одос, на клучката Амфиполи Серес, се хоспитализирани, но надвор од животна опасност, јавија грчките медиуми, пренесе Слободен печат.
За извлекување на возачот, всушност, била потребна помош од противпожарната служба.
Сите патници со амбулантни возила на итна помо се пренесени во болниците во Солун и Серес. Причините за несреќата ги истражува Секторот за сообраќај Аспровалта.
Продолжениот викенд и убавото време илјадници македонски државјани го искористија за одмор во соседна Грција па денеска се очекуваат гужви за влез на јужната граница.