24.8 C
Скопје
20/06/2025 10:34
МАКТЕЛ

   

Топовско месо – руските војници се враќаат во ковчези

      

Првите Руси кои беа мобилизирани за војната во Украина се враќаат дома во ковчези. Жените се жалат дека нивните сопрузи биле испратени на фронт без опрема и без подготовка.

За Викторија, војната во Украина е многу блиска веќе речиси еден месец, дури и во нејзиниот мал стан во московскиот регион. Нејзиниот брат бил одведен од неговото работно место во областа Ростов од страна на руската армија.

„Треба да се бори во Донбас, каков кошмар“, вели оваа 37-годишна жена. „Веќе не можам да спијам“. Викторија плаче. Таа не се плаши само за својот брат, туку и за сопругот Андреј. Овој пар има син кој има една и пол година. Канцеларијата за мобилизација во областа Ростов на Дон, каде што Андреј сè уште е пријавен, веќе го бараше.

Резервите се трошат за панцири

   

Многумина во Русија се во таква ситуација. Низ целата земја, жените се жалат на владините форуми или на социјалните мрежи дека ги губат своите хранители. Не знаат како ќе врзат крај со крај, често ги трошат последните заштеди за да ги купат најпотребните работи за заминување на фронт. Панцирните елеци се особено барани, но тешко се набавуваат и плаќаат. Жените велат дека со заштедата купуваат ранци, лекови, топла долна облека и чорапи за своите сопрузи.

На видеата кои често се споделуваат на интернет, може да се видат групи мажи, од кои едниот апелира до властите да направат нешто за да го одложат отплатата на заемот. Вториот покажува група покрај воз на Руската државна железница, мажи кои реагираат дека не добиле храна и други потреби за патувањето. Група мажи го слушаат советот на една жена во воена униформа да понесат тампони за со нив да ги санираат прострелните рани. Нема ни доволно комплети за прва помош.

Недостиг на основна опрема

Но, мобилизираните резервисти се жалат дека понекогаш не добиваат шлемови или оружје. „Ни дадоа облека, обувки и гас-маска“, вели Алексеј во интервју за независниот интернет портал istories.media. Со своите пари купил и вреќа за спиење, изолациска подлога и војнички чизми.Интернет продавниците, но и продавниците на воена опрема и материјали за кампување известуваат дека нивните магацини се празни.

Немирите се толку распространети што во Русија гувернерите и парламентарците веќе долго време известуваат за проблеми со мобилизацијата. Претставникот на Думата, Андреј Гуруљов, член на Комитетот за одбрана, изрази револт: еден и пол милион комплети лична опрема исчезнаа и никој не објаснува како, рече тој. Шефот на Кремљ, Владимир Путин, всушност го разреши заменик министерот за одбрана Дмитриј Булгаков, кој е одговорен за опремување на армијата. Но, Гуруљов се жали дека тоа не објаснува „зошто мобилизираните не добиваат униформи“.

Гувернерите сега делумно сами набавуваат двогледи за ноќно гледање за мобилизираните, надвор од буџетот на Министерството за одбрана. Познатиот пратеник Леонид Слуцки беше груб: „Тоа е срамота“. Понекогаш недостасува дури и муниција и оружје. Покрај тоа, мобилизираните се жалат дека ветените плати на војниците, кои се меѓу 100.000 и 300.000 рубљи (1.600 и 4.900 евра). во зависност од регионот, доцнат или воопшто не стигнуваат.

Многумина парализирани од страв

Додека стотици илјади луѓе ја напуштија земјата, многумина сè уште се послушни. Има Руси кои решително се борат за целите на Путин во Украина. Сепак, многумина се приклучуваат на армијата, бидејќи не гледаат алтернатива во бегството од земјата или во затвор. Украинскиот претседател Володимир Зеленски постојано ги повика руските резервисти да не се жртвуваат за Путин како топовско месо, да се предадат на фронтот и да одат во украинско заробеништво.

Во меѓувреме, многумина се парализирани од страв, не се осмелуваат да излезат на улица. Видео надзорот, кој често се среќава во Русија, според властите, сега се користи и за пронаоѓање на оние кои избегнуваат мобилизација. Во главниот град Москва е забележливо дека улиците, рестораните, спортските сали сега се попразни отколку пред да започне делумната мобилизација. А, луѓе воопшто и во јавниот живот има помалку. Во исто време, се повеќе има вести дека многу мобилизирани луѓе починале многу брзо по доаѓањето на фронтот.

Минатата недела со вознемиреност реагираа и руските државни медиуми кога се дозна дека во Украина бил испратен еден вработен во градската управа во Москва, кој немал воено искуство. Дваесет и осумгодишниот Алексеј Мартинов, кој беше мобилизиран на 23 септември, загина на фронтот на 10 октомври. Како може да се случи ова?, го праша Путин минатиот петок новинар близок до Кремљ на прес-конференција во Астана, Казахстан. Тој потсети и на се почестите вести за смртта на руски војници во Украина.

Ниту збор за мртвите

Но, Путин не кажа ниту збор за убиените мажи од Чељабинск и многу други места кои се враќаат во ковчези. Тој нагласи дека 220.000 од планираните 300.000 се веќе мобилизирани. И дека десетици илјади се веќе во нивните единици на фронтот. Точно е дека Путин исто така рече дека мора да се почитуваат фазите на подготовка за акција на бојното поле и дека во последно време неколку пати морал да ги признае грешките во мобилизацијата.

За околу две недели, а тоа го рече Путин во Астана, треба да се заврши „делумната мобилизација“. И повтори дека мобилизираните пред се треба да ја заштитат линијата на фронтот во Украина долга 1.100 километри. „Мобилизацијата е поврзана со тоа“, рече Путин. А, бидејќи таа линија веројатно никогаш нема да биде сигурна, многу Руси очекуваат да следи понатамошна мобилизација.

И речиси осум месеци по почетокот на војната, Путин не размислува за запирање на крвопролевањето. Во Астана, новинарите го прашаа дали жали што започна „специјална операција“ во Украина, како што официјално се нарекува војната во Русија. Но, никој не очекуваше дека Путин ќе покаже жалење. Она што се случува денес е непријатно, но она што би што се случило подоцна, би било уште полошо, рече Путин.

„Затоа, мојата постапка е правилна и соодветна“, нагласи Путин.

   

Најново

Кочани: Жената погодена со шише во глава од советникот Аки Акиов, е на домашно лекување

Sase Ivanovski

Маж од Македонска Каменица возел со 2,06 промили алкохол во крвта

Sase Ivanovski

Возач со голф прегази маж и жена на тротоар во Охрид, жената почина на лице место

Sase Ivanovski

Мерко денеска ќе добие пресуда за незаконското назначување на директори на три струшки училишта

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кранист дреме во кран додека неговите колеги се сликаат со Трамп

Sase Ivanovski

Зошто е толку важен Ормутскиот теснец?

Sase Ivanovski

Израел гори, САД реагираат: ТХААДT, стрела-3 и противракетна одбрана за спас на животи

Sase Ivanovski

Потпишан меморандум за изградба на нов далековод меѓу Тетово и Призрен

Sase Ivanovski

Детали за несреќата: Дивац веднаш бил опериран, вграден му е вештачки колк

Sase Ivanovski

Апелација ќе одржи јавни седници по жалбите на Обвинителството за куќниот притвор на Васев и Нухи

Sase Ivanovski

До септември сите државни возила ќе добијат таблички во боја, најави Томовски

Sase Ivanovski

Евроамбасадорот Рокас денеска во посета на Крива Паланка

Sase Ivanovski

Завршни зборови на обвинетите за убиството на Вања и Панче

Sase Ivanovski

На Богородица се чека половина час на македонска страна

Sase Ivanovski

Без струја делови на Аеродром и Карпош

Sase Ivanovski

Нестабилно време, попладне со пороен дожд и грмежи

Sase Ivanovski

Зеленски: Фактот дека Русија го брани Иран покажува потреба од построги санкции

Sase Ivanovski

Нетанјаху: Го менуваме лицето на светот

Sase Ivanovski

Татко се онесвести кога дозна дека неговиот син е извлечен мртов од урнатините во Киев, бројот на загинати порасна на 23

Sase Ivanovski

Најубедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори наесен очекува вицепремиерот Николоски

Sase Ivanovski

Објавен е јавниот повик за набавка на 120-те еколошки автобуси од кои 80 ќе бидат наменети за Град Скопје, соопшти вечерва вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски

Sase Ivanovski

Кочани е во фокус на Владата од самиот почеток и ќе остане така, вели директорот на СОЗР Томовски

Sase Ivanovski

Најдоцна до почетокот на септември сите државни возила ќе добијат таблички во боја

Sase Ivanovski

Зеленски го назначи Генадиј Шаповалов за нов командант на украинските копнени сили

Sase Ivanovski

МВР доби пријава за инцидентот во општина Кочани во кој вработена беше удрена со шише вода

Sase Ivanovski

Трамп го напушти самитот Г7 предвреме поради Макрон и Зеленски, пишува „Фајненшл тајмс“

Sase Ivanovski

Владе Дивац повреден во сообраќајна несреќа во Црна Гора

Sase Ivanovski

ЗНАЧИ КОГА ЌЕ ТЕ ПОТЕРА МАЛЕР Силен земјотрес го погоди североисточен Иран

Sase Ivanovski

Макрадули: Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, има поделби

Sase Ivanovski

Иран бара од Советот за безбедност на ОН да ги осуди нападите на Израел

Sase Ivanovski

Димитров во „Вин-Вин“: Преспанскиот договор беше злоупотребен во политичкиот наратив дома и веројатно погрешно пласиран

Sase Ivanovski

Нетанјаху за војната со Иран: Го менуваме лицето на светот

Sase Ivanovski

Контролорите на летање најавуваат целосен штрајк: Македонското небо би можело да се затвори на 10 јули

Sase Ivanovski

Нов изглед на „Alexandria Premium Cuvée“ во јубилејната 140 година на „Тиквеш“

Sase Ivanovski

Мицкоски за можен влез на Тачи во Владата: Апсолутно се е можно, ама нема потреба

Sase Ivanovski

Захарова: Косово е дете на Западот и плод на агресијата на НАТО

Sase Ivanovski

Клековски: Сите трошоци за лекувањето на повредените во ,,Пулс” ќе бидат подмирени од Владата

Sase Ivanovski

Убиени се 84 цивили за еден ден во Газа

Sase Ivanovski

Мерц во телефонски разговор со Нетанјаху повика на умереност во кампањата на Израел против Иран

Sase Ivanovski

Израел го бомбардираше нуклеарниот реактор во Арак и нуклеарната постројка во Натанц

Sase Ivanovski

Унгарската полиција ја забрани Парадата на гордоста во Будимпешта, градоначалникот ветува дека ќе се одржи

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ Што се случува со некогаш големата СДС: Во Скопје лажни вести и некрофилија, во Кочани функционери на СДС делат тупаници

Sase Ivanovski

Бронзени бисти „магично“ снемуваат од гробиштата во Бутел

Sase Ivanovski

Мицкоски продолжува како расипана плоча, нема одговор на ниту едно прашање

Sase Ivanovski

Од Битола ќе започне одбележувањето на пет децении на сцената на култните ,,Леб и сол”!

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Обезбедени се дополнителни средства за исплата на зголемените пензии, инвестициите остануваат приоритет

Sase Ivanovski

Колку заработуваат сезонските работници во Хрватска и Црна Гора?

Sase Ivanovski

ТИЕ ШТО НЕМААТ ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ КРАДАТ ТУЃИ ПОДАТОЦИ Често има вакви измами кон Фондот за здравство

Sase Ivanovski

ИЗРАЕЛСКИ МИНИСТЕР СМРТНО МУ СЕ ЗАКАНИ НА АЈАТОЛАХОТ „Тој не смее да продолжи да постои“

Sase Ivanovski

Путин: Подготвен сум да разговарам со Зеленски, но тој нема легитимитет да потпише ништо

Sase Ivanovski

Додека реновирал во домот, кавадарчанец пронашол експлозив скриен во ѕидот!

Sase Ivanovski

СДСМ: Кој лаже за пругата, Мицкоски или Кочоска?

Sase Ivanovski

Мицкоски: По 7 години, денес се отвори етно-комплексот „Македонско село“

Sase Ivanovski

Мицкоски: Се реконструираат 15, а се градат 11 детски градинки за над 2600 дечиња

Sase Ivanovski

Мицкоски: Над 8 милијарди денари исплатени субвенции за земјоделците

Sase Ivanovski

ФОКУС: Власта има стабилно мнозинство, но и недостигаат 6 пратеници за Бадентер!

Sase Ivanovski

Нотарите бараат поскапи услуги поради зголемени трошоци и стари тарифи

Sase Ivanovski

Кој е советникот Акиов, кој тргна во физичка пресметка и повреди службеничка во Кочани?

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Повеќе пари за институциите кои имаат подобра реализација на капитални проекти

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Се подготвува еврообврзница за следната година

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: СДС го штити насилникот во Кочани од своите редови, тој и понатаму продолжува да биде нивен коалиционен партнер

Sase Ivanovski

Крстевски по инцидентот во Кочани: Преку опструкции партискиот интерес е ставен пред прогресот на Кочани

Sase Ivanovski

Се закануваат оние што правеа упад и тепаа, вели Мицкоски за најавите за штрајк од контролорите на летање

Sase Ivanovski

Сообраќајна незгода меѓу автомобил и службено возило на МВР, повредени полицајци

Sase Ivanovski

Ларс Ренмарк, од седумчлениот тим од Гетеборг, Шведска, кој престојуваше во Кочани, како психолошка и морална поддршка за семејствата на настраданите: Пожарот во „Пулс“ е екстремен тест за општеството, поседувате ресурси што треба да се искористат

Sase Ivanovski

Нов ирански ракетен напад врз Израел

Sase Ivanovski

Арсовска до градоначалникот на Чаир: Вики, не глуми, какво поткровје секој со очи гледа нова незаконска зграда дивоградба со 40 стана

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Во тепачката на седницата подебелиот крај го извлече вработена во општина Кочани. Интервенирала и полицијата

Sase Ivanovski

Зголемена стапката на морталитет, повеќе умираат мажите, најмногу во јануари, а најмалку во април

Sase Ivanovski

СЛОВЕНЕЧКИ ЕКСПЕРТ ЗА АМПУТАЦИИ ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА Државата го најавува следниот чекор во третманот на повредените од пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

ДОНАЦИЈА ОД 1 МИЛИОН ЕВРА ОД СОВЕТ НА ЕВРОПА: Педесетина македонски училишта ќе добијат фотоволтаични систем

Sase Ivanovski

ЦУК: Поројните дождови без сериозни штети, поплавени неколку објекти во Арачиново

Sase Ivanovski

МАЛЕСКИ: Без „предавствата“ државата ќе колабира

Sase Ivanovski

ПОРАКА ОД МОСКВА И ПЕКИНГ ЗА ТРАМП Американски напад врз Иран ќе значи опасна ескалација

Sase Ivanovski

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ТРИЈАТ РАЦЕ Ќе има септемвриско покачување на пензиите

Sase Ivanovski

ВЛЕН до Арсовска: Дали бесправно изграден објект во Шутка му припаѓа на Илаз Лесковица – претседател на огранокот на ДУИ во Шуто Оризари

Sase Ivanovski

ВИДЕО | Кочани е сардисано од опструкции, тврди градоначалникот

Sase Ivanovski

Пронајдено безживотно тело во Охридското Езеро

Sase Ivanovski

СДСМ: Го осудуваме насилството и сценаријата на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Кочани

Sase Ivanovski

Се зголемува цената на дизелот, бензините со иста цена

Sase Ivanovski
Вчитувам....