Претрес во Кичево, пронајден пиштол и моторни пили
На 25.10.2022 околу 18.50 часот на ул.„Маршал Тито“ во Кичево, полициски службеници од Одделението за недoзволена трговија со дрога и оружје при ОВР Кичево го лишиле од слобода М.Т.(53) од с.Мамудовци, кичевско.
При претрес во неговиот дом и други простории и во неговото возило „гранд чироки“, со кичевски регистарски ознаки, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол марка „Екол специјал 99“ со празна рамка и пет моторни пили.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Приведен крадец баран со централна потерница
На 25.10.2022 во 17.30 часот на бул.„Александар Македонски“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода К.М.(20) од Скопје.
Тој бил баран со централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.