Претрес во Битола, пронајдена дрога и оружје , приведен дилер
На 26.10.2022 во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода А. Д.(26) од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени хероин, пиштоли и куршуми.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање и расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Приведен крадец во Тетово
На 25.10.2022 во 15.00 часот на улица „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода А.А.(25) од тетовско Јеловјане. Тој се сомничи дека во текот на минатиот и овој месец извршил повеќе кражби на гориво од возила. Од А.А. биле одземени две канти со гориво за кои постои сомнение дека потекнуваат од пријавените кривични дела. По целосно расчистување и документирање на случајот против А.А. ќе биде поднесена соодветна пријава. поднесок.