28.8 C
Скопје
21/06/2025 16:56
МАКТЕЛ

   

Поповски: Медарски циркуз во Скопје

      

И кога во неверојатната приземна и хистерична политичка пресметка ќе ги вметнете пчеларите (или медарите) во примитивен речник тоа е како голема навреда за нив, а и за сите оние кои од нив го бараат килибарскиот производ. Но таква е оваа ситуација во Македонија – секој ден станува сѐ полоша, не се оцрнуваат само политичките ривали, туку се потценуваат и омаловажуваат цели групи луѓе, па макар тоа било без намера.

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, без оглед како ќе заврши целата драма околу нејзината пресметка со ВМРО-ДПМНЕ, ќе остане запаметена барем со една работа во политичката меморија – со нејзините зборови за „рачињата во медот“. Тоа се колоквијални зборови, но кога ќе се изговорат во одреден момент, на одреден начин и за одреден настан, тие зборови одат повисоко од нивното значење. Така и се случи. Тоа беше почеток на на сезоната на „политичко медарство“, која се претвори во „медарски цирукус“ и ги уништи и преостанатите можни точки во кои некој верува за регуларна политичка битка, макар била и жустра и напрегната. После тоа настаните од Скопје ја префлија вкупната политика во фаза на топење. Толку многу лоши пораки, па дури и примитивни, не сме слушнале одамна, макар што читаме партиски соопштенија кои се под секое ниво.

   

Во таа политичка епистоларија оваа недела се изнаслушавме толку работи кои не се само парадоксални, туку се и небулозни. Како, на пример, едно соопштение на ВМРО-ДПМНЕ за „медарството“ на Данела Арсовска. „Очигледно дека власта на СДС и ДУИ потонаа во медарството на Данела Арсовска. Од многу заедничко медарање скопјани може да останат без јавен превоз“, соопштија од партијата која е власт во Скопје. И СДСМ се занимаваше со медарството: „JСП го упропастија заедно, медарот Христијан Мицкоски и Данела Арсовска. Заедно ветуваа бесплатен превоз за скопјани а сега велат друг дека треба да се грижи за ЈСП. Дали медарот и шпицен градоначалник Мицкоски и неговата градоначалничка повторно ги ставиле рацете во медот и на сметка на платата на вработените во ЈСП е направен криминал?”

Најдолно ниво

Ова е најдолното ниво на политиката во Македонија. Пред некој ден, кога имаше седница на Советот на Скопје (директно пренесувана преку Фејсбук), а во исто време пратениците во Собранието се обидуваа да се надмудрат со бесмислени и приземни ораторства, човек не знаеше каде да се сврти побрзо за да види како изгледа дното. Едното (ова второво) го знаеме одамна, првото беше своевидно „освежување“. Па таму, умерениот професор по економија, претседателот на Советот, Трајко Славески, не издржа и слезе од пултот за бесно да ѝ го земе микрофонот на градоначалничката Арсовска, која не престануваше да зборува за „медарството“ на Христијан Мицкоски. Нему претходно градските служби му го зеле „копчето“ за да ги регулира обраќањата на говорниците, па наеднаш видовме едно друго лице на професорот – гневно и политички целосно партиски насочено. Веројатно за гневот на професорот има оправдување – не може градската техничка служба да му ги зема алатките за работа, но последиците беа полоши за него: тој поткопа дел од својот углед со насилното земање на микрофонот. Можеби тоа била и целта на неговиот „архи-непријател“ во Градот Скопје – градоначалничката Арсовска: да се доведе Славески до работ за бурно да реагира.

Во некоја рака, тоа може да биде важно, но во генералниот впечаток тоа е само едно камче што го создава мозаикот. А тој, да се послужиме со насловот од еден бестселер, е „педесет нијанси сиво“, ама од она многу темно сиво. Овој политички водвиљ не е комичен, туку повеќе трауматичен. Од него може да се извлечат повеќе заклучоци. Еве некои од нив.

Прво, дека политичката номенклатура ги изнесе на виделина сите свои приземни и подземни интереси, кои на голем дел од граѓаните на Скопје им ги подотворија очите за да видат дека она што се случува во нивниот град нема апсолутно никаква врска со лесно изречените ветувања пред една година. Данела Арсовска тогаш тврдеше, без воопшто да обрне внимание што кажува, дека е најдобра менаџерка во регионов, а веројатно и во Европа. Тогаш нејзините зборови се земаа повеќе како изјави кои треба да остават впечаток, па макар и лажен, и на нив да не се обрне премногу внимание, но денес тие се потврда за површната заинтересираност на гласачите. Која потоа им се удира од глава. Новите лица не носат по дефолт и нови идеи, туку многу често може да предизвикаат нова, поголема дупка во политичкиот пејсаж. И дека подметнувањето на широкиот партиски грб кон еден наводно независен кандидат, без при тоа да се проучи неговата политичка стамина, е одраз на површно и неконципирано размислување, без да се промисли за можните последици.

Второ, ситуацијата со ЈСП ја покажа целата празнотија на политичките изборни платформи. Или како што прецизно напиша колешката Слободанка Јовановска во „Независен“: „Некогаш дилемите беа дали Скопје треба да добие трамвај, метро, тролејбус или да се прошири автобуската мрежа, а сега сме доведени во ситуација првпат во историјата да нема воопшто организиран автобуски превоз и илјадници граѓани и бизниси да трпат енормна штета од ваквата ситуација која нема економска логика туку, напротив – е далеку од здравиот разум дури и за параметрите што важат во Македонија“. Нема што да се додаде на оваа експликација, освен за неграмотноста и лажните ветувања.

Градоначалниците на Скопје, почнувајќи од Коце Трајановски, ја градеа изборната и политичката платформа со ветувања кои требаше да ги поддржи некој друг – централната влада. Тогаш почнаа бесплатните возења за пензионерите, па потоа продолжија за учениците и студентите, за Арсовска во кампањата да вети бесплатен превоз за сите. За сега да се стигне до ситуацијата да не можат ни плати да се поделат во ЈСП, а не Скопје да се претвори во некаква позитивна дистопија. Локалните политичари ветуваат големи нешта, кои потоа треба да ги остварат централните власти. И ако централните власти не се согласат на тоа ќе бидат „предавници на народните потреби“, т.е. на нивните поединечни изборни ветувања. Па макар централната власт била и од истата политичка структура, таму нема азно како во пештерата на Али Баба, па да се зема по потреба. Ако која било власт се согласи дека треба финансиски да го помага бесплатниот превоз во Скопје, зошто тогаш битолчани или прилепчани треба да плаќаат за градскиот превоз. Дали се тие помалку вредни или помалку значајни од скопјани? Ова е дискриминација по регионален принцип и затоа не треба да се случува. Оној што ветува вакви спектакуларни работи треба по графи да објасни каде би можеле да се најдат тие пари, а не да зборува со општи флоскули и да се фали со своето наводно успешно менаџерство.

Лекција за непромислени одлуки

Трето, ова е извонредна лекција за ВМРО-ДПМНЕ дека избрзаните и лошо промислени одлуки се трансформираат во камшици врз сопствениот грб. Сегашните тврдења на партијата дека Арсовска е најнеуспешниот градоначалник на Скопје на сите времиња, е прозирен обид да се фрли крастата од лицето на партијата. Нејзините челници тврдеа дека 90 отсто од изборната програма „За модерно Скопје“ ја напишале умовите од ВМРО-ДПМНЕ, за сега да тврдат дека Арсовска била во коалиција со СДСМ. Тоа е толку бесмислено, па бидејќи речиси никој не може да поверува во тоа, партијата треба да смисли нов наратив и да не се заплеткува уште подлабоко во калта. Данела Арсовска има неприкосновен мандат, без оглед што прави или не прави, и партијата треба да најде нов начин како да се справи со проблемот што сама си го стави на грб. Сегашниве напади и омаловажувања на Арсовска во многу нешта потсетуваат на времето кога тогашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Георгиевски, од собраниската говорница изјавуваше дека жали што го предложиле Борис Трајковски за претседател на државата. ВМРО-ДПМНЕ имаше осет да го предложи важниот партиски кадар Коце Трјановски за градоначалник на Скопје, а тој чекор подоцна го направи и СДСМ со Петре Шилегов, но сегашново вмровско раководство се одлучи за опортунистички чекор со кој, наводно, нема што да загубат, за сега да се види дека тоа бил најлошиот можен чекор. Може да ја поткопуваат Арсовска, но не можат да ја сменат, а таа дури до крајот на мандатот да зборува за „медарството“. Кога Арсовска изјави дека не сака да ја прифати одговорноста да го земе топлификацискиот систем од БЕГ и грижата ѝ ја префли на владата, Мицкоски ја пофали таа одлука, велејќи дека е најисправна со оглед на тоа што во скопскиот буџет нема пари. За после кусо време да се појави бурата меѓу нив, која изгледаше е дека е неочекувана, но, всушност, подолго време се збирала.

Четврто, дека политичкиот гнев миоже да се пресели на пониски нивоа, во скопските јавни претпријатија, а таму политичките и други активисти да предизвикаат таков метеж што може да го блокираат нормалното функционирање на Скопје. Како што тоа се случи вчера со настаните во „Водовод и канализација“. Кому би му одговарало тоа? Ниту на ВМРО-ДПМНЕ, ниту на СДСМ, без оглед што социјалдемократите сега се трудат да ги гледаат маките на оние што владеат во главниот град. Штетата ќе биде за сите, иако во помали отсечки. Дали и за пукнатите водоводни цевки ќе треба да се обвинува централната власт? Тоа е малку потешко, дури и многу потешко. Дали ќе може сите гревови да ѝ се префрлат на Данела Арсовска? Тоа ќе биде добар обид, но тешко дека ќе биде успешен. Продолжената перцепција ќе биде дека ако ова ВМРО-ДПМНЕ не може да се справи со проблемите на главниот град, како тогаш ќе ги решава многу поголемите, на државата, ако дојде на власт. Проблемот на ВМРО-ДПМНЕ е што е невозможно да ја сменат Арсовска, ако самата таа не го повлече потегот. Изјавите на Славески дека Арсовска, наводно, вршела мобинг на вработените е само потег кој треба да ги држи во играта. Но тоа не ги решава нивните маки, потребен им е друг пристап.

Петто, уште од подготовките на законот за недела неработен ден првиот човек на синдикатите, Дарко Димовски, се обидува да се претстави повеќе како важен политички играч, отколку како синдикален лидер. Тој имеше еден неуспешен обид со генералниот штрајк, кога општеството беше преокупирано со францускиот предлог и почнувањето на преговорите со ЕУ. Тој штрајк помина како и да не се случил. Сега, со настаните во ЈСП, а особено вчера во „Водовод и канализација“, Димовски зачекори понапред од неговата стандардна улога. Тој навести дека „Водовод“ може нема да ги санира евентуалните дефекти ако не се исполнат барањата на дел од вработените, поставуваше барања како новиот директор да го организира раковдниот тим, да бара од Арсовска тој да биде разрешен. Едноставно – се вклучи во политичките пресметки. Главно, како што изгледа, за своја корист. На Димовски не му недостасува енергија, прашање е дали може да види границата која доколку невнимателно ја пречекори може прилично да го врати назад од целта што тој ја замислува.

Љупчо Поповски

Извор: Дојче Веле

   

Најново

„ПРОДОЛЖУВАМ ДА ГИ КОРИСТАМ СИТЕ КОНТАКТИ ЗА ДА ЈА РАСКАЖАМ МАКЕДОНСКАТА ВИСТИНА“: Мицкоски телефонски разговараше со Пленковиќ

Sase Ivanovski

ГРЧКИ МЕДИУМ: Двајца капачи се удавија во морето, жена од Македонија и српски државјанин

Sase Ivanovski

ФОКУС: Милијардите како заразна „болест“ кај политичарите: Од времето на Циле, па до сега – ветени 23 милијарди евра, реализирани 0  

Sase Ivanovski

ПРЕСВРТ | Од Преспа преку Кочани до избори, како СДСМ ќе се бори за доверба кај гласачите

Sase Ivanovski

Новото раководство на кошаркарската федерација размислува за промена на името

Sase Ivanovski

МУ ЈА ДАЛ КОЛАТА, А ЗНАЕЛ ДЕКА НЕМА ПОЛОЖЕНО Двајца осомничени за трагичната несреќа во Охрид

Sase Ivanovski

Иран: Разговорите во Женева беа сериозни, подготвени сме да продолжиме

Sase Ivanovski

ОД ВЕЧЕРВА ЌЕ ВОЗИМЕ ПО ДЕЛНИЦАТА ПОДМОЉЕ-ОХРИД Еве како изгледа реконструираниот автопат

Sase Ivanovski

ТЕМНИ ОБЛАЦИ НАД ОХРИД Паѓаше град со големина на орев

Sase Ivanovski

ВО ТЕК СЕ ПРЕГОВОРИТЕ СО ВМРО-ДПМНЕ ЗА ЗАЕДНИЧКИ НАСТАП ВО НЕКОИ ОПШТИНИ Движењето ЗНАМ ја почна процедурата за кандидати за советници и за градоначалници

Sase Ivanovski

Земјотрес во Албанија, почувствуван e и во Македонија

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Сплитските пожарникари објавија драматични снимки од пожарите

Sase Ivanovski

Папата Лав 14-ти повикува на донесување етичка рамка за вештачка интелигенција

Sase Ivanovski

Иран: Повеќе од 400 луѓе се убиени од почетокот на војната со Израел

Sase Ivanovski

Советот на Европа бара од Хрватска поголема заштита на мигрантите

Sase Ivanovski

Стручната комисија на министерот за здравство, не најде пропуст за смртта на детето од Кавадарци

Sase Ivanovski

Нутриционистите предлагаат 5 навики кои го олеснуваат внесувањето доволно течности во летниот период

Sase Ivanovski

Лишен од слобода возач во Куманово, управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода

Sase Ivanovski

МАЛКУ ПРЕТЕРАЛА: АВСТРАЛИЈКА СО ОТРОВНИ ПЕЧУРКИ ГИ ОТРУЛА РОДИТЕЛИТЕ НА СОПРУГОТ

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Пред било кој прес да го направат за РЕК Битола, нека кажат каде е Васко Ковачевски кој е во бегство поради криминалите во РЕК

Sase Ivanovski

ЕКСКЛУЗИВНО: Помагачот на Палчо кој се сомничи дека го уништил ранецот со пиштол и мотороли бил вработен во Народна Банка како портир, бил проблематичен вработен со многу дисциплински постаки и пред отказ

Sase Ivanovski

УНИШТУВАЧОТ НА СИНИОТ РАНЕЦ НА ПАЛЧО ОСТАНА БЕЗ ПАСОШ Зоран Давитков ќе треба редовно да се јавува во Судот

Sase Ivanovski

Приведена бегалка од затвор, вратена е во надлежната установа за доиздржување на казната

Sase Ivanovski

АД ЕСМ: При испадот на Блок 2 од мрежата немаше хаварија, извесно е дека ни се случи саботажа

Sase Ivanovski

Претреси на две локации, откако Велибор Манев кажа дека вработен во Народна Банка по налог на Палевски го фрлил пиштолот

Sase Ivanovski

Важни информации за учениците што се запишуваат во средно училиште пристигнаа од МОН

Sase Ivanovski

Се бара притвор за скопјанецот што пијан со чадор ја удираше сопругата до онесвестување

Sase Ivanovski

Вечерва се пушта за сообраќај делницата Подмоље-Охрид

Sase Ivanovski

Ахмети ги поделил општините со Села и Таравари, се очекува договор за соработка?

Sase Ivanovski

И ХИТЛЕР ВАКА ЗБОРУВАШЕ НА ВРЕМЕТО Путин: Цела Украина е наша

Sase Ivanovski

Меџити за Ахмети и Таравари: Не се здружија за Албанците, туку за „Лотарија“ и „Соравиа“

Sase Ivanovski

Турските влечни хаубици БОРАН испорачани во Македонија

Sase Ivanovski

ВРЕДИ: ДУИ со зборови албански, со дела против албанскиот јазик

Sase Ivanovski

Генерал-полковник Замир: Израелците треба да се подготват за „продолжена кампања“ против Иран

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ковачки пред претседателите на Собранијата на земјите членки на НАТО: Македонија е доверлив и одговорен сојузник

Sase Ivanovski

Милевски: Преку дигитализацијата градиме модерна држава со транспарентни институции и достапни електронски услуги за сите граѓани  

Sase Ivanovski

Хајрулахи:Единствена причина за хајката против мене се бонусите на СЈО

Sase Ivanovski

ФЕИТ промовираше 180 дипломирани инженери и 40 магистри

Sase Ivanovski

Средба Димитриеска-Кочоска – Вуковиќ во Подгорица: Македонија го презема претседавањето со ЦЕФ

Sase Ivanovski

СДСМ: РЕК Битола е во колапс. Фирма на молер со кривична историја во Германија го „чисти“ комбинатот

Sase Ivanovski

СДСМ: Скандалот со сертификатот на Христовски од АНБ се прошири, бараме нова истрага од Обвинителството

Sase Ivanovski

СДСМ: ОЈО да отвори постапка, РЕК Битола е во колапс поради криминалните зделки на ВМРО ДПМНЕ

Sase Ivanovski

ФОКУС РЕПОРТАЖА ОД ВАРШАВА: Најуспешна приказна на ЕУ активно се спрема за војна со Русија, храната и е најслаба страна

Sase Ivanovski

Историска средба меѓу Пашинјан и Ердоган за нормализација на односите меѓу Ерменија и Турција

Sase Ivanovski

Нов бран израелски напади во Иран

Sase Ivanovski

Руската војска за еден ден собори 97 украински дронови

Sase Ivanovski

ФОТО НА ДЕНОТ: Добро утро од Фармата на Тони🌞🌞

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПРАШАЊЕ НА ВРЕМЕ Е КОГА ОВА ЌЕ ЗАВРШИ ТРАГИЧНО: МЕЧКА КОПА ВО КОНТЕЈНЕР ВО СЕЛО ТРЕБИШТЕ ОПШТИНА МАВРОВО

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Кандидатите на СДС и Филипче се деца на Заев, синоним за неспособност, слаб рејтинг и послушност кон Заев

Sase Ivanovski

САД распоредуваат воени авиони на Блискиот Исток пред евентуално вклучување во израелско-иранскиот конфликт

Sase Ivanovski

ЕНЕС ИБРАХИМ: Заедно со пријателите во Ресен пред седницата на ИО на партијата ТХП

Sase Ivanovski

Хајредини: Линеарно покачување на пензиите пред избори е класичен поткуп на оние со ниски пензии

Sase Ivanovski

Подгответе се за пеколни температури: Африкански бран доаѓа кон Македонија

Sase Ivanovski

Ајдари: Без правична застапеност во областа на безбедноста и одбраната

Sase Ivanovski

Владата го одобри Бесник Ферати за заменик-директор на АНБ

Sase Ivanovski

Филков: Нема веќе „не знаев“ и „немав ингеренции“, Законот за Судскиот совет е во завршна фаза

Sase Ivanovski

Голем пожар во Хрватска меѓу Омиш и Макарска

Sase Ivanovski

Двајца возачи лишени од слобода за управување возило под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

Кај началник пронајдени муниција и солзавец, тој доби кривична пријава

Sase Ivanovski

Жена на 77 години најдена почината во стан во Кисела Вода каде била потстанар

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кочанскиот градоначалник Крстевски седна во пицерија-дивоградба и пушти пренос во живо на „Фејсбук“

Sase Ivanovski

Србија ќе може да увезува руски гас, но без да го испраќа во Унгарија

Sase Ivanovski

Иран не е сигурен дека може да ѝ верува на Америка по израелскиот напад

Sase Ivanovski

Вонреден состанок на министрите за надворешни работи на Арапската лига во Истанбул за Иран и Израел

Sase Ivanovski

Седумдесет лица убиени во последните израелски операции во Појасот Газа

Sase Ivanovski

Левица: Кафе бар во сопственост на Калтрина Зеколи-Шаќири од Вреди добил 9.000 евра од Општина Чаир

Sase Ivanovski

Стефковски: Продолжува градежната офанзива – во Стајковци асфалтиран крак од улица 1

Sase Ivanovski

СТЕФКОВСКИ: 510 ПЕНЗИОНЕРИ – ДЕНЕС ДОБИЈА ПОМОШ ОД ОПШТИНА ГАЗИ БАБА!

Sase Ivanovski

Учениците од Гази Баба заминаа на летен камп!

Sase Ivanovski

Стефковски: ВМРО-ДПМНЕ – Гази Баба обединето, силно и подготвено за победа!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Стефковски: Продолжуваме посветено, проект по проект, терен по терен – затоа што ветувањата не се само зборови, туку дела што траат‼️

Sase Ivanovski

Стефковски: Увид на новиот спортски терен во Ченто, кај старата полициска станица. Овој терен е првиот од вкупно 8 нови спортски игралишта што ги градиме со најсовремена тартан подлога која гарантира квалитетно спортување

Sase Ivanovski

Стефковски: 15.000 посетители на манифестацијата ВКУСОВИТЕ НА ГАЗИ БАБА

Sase Ivanovski

Стефковски: Ново детско забавно катче во Триангла!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Стефковски со министерот Златко Перински на терен во Јурумлери

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: Бесплатно летување за дечињата од социјален ризик и спортските таленти!

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: Најдобрите ученици во Кисела Вода, првенци на генерацијата од сите 8 основни училишта на територијата на општината, вкупно 24 ученици, односно тројцата најуспешни ученици од секое училиште, добија бесплатно летување во летниот едукативно – рекреативен камп SCOUT во Охрид

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: После 30 години конечно се реконструира патот кон Пеленица!

Sase Ivanovski

ЃОРЃИЕВСКИ: РАСАДНИК ДОБИВА НОВА ГРАДИНКА!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Скопје добива уште едно рекреативно место – Покрсти го добива својот лик!

Sase Ivanovski
Вчитувам....