
Октомври е месец на борба против ракот на дојката. Ја изразуваме нашата поддршка кон сите храбри борки кои се соочуваат со низа предизвици во лекувањето од ова заболување, не само денеска по овој повод, туку и низ цела година.
Со едукација во училиштата и на работните места, со редовна проверка и скрининг, веруваме дека ќе се зголеми ширењето на информациите и свесноста за оваа болест.