Претрес во кумановско, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица
На 27.10.2022 во 19.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода М.Д.(37) и Е.Д.(37) од село Романовце, кумановско. При претрес во нивниот дом во село Романовце, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени семки од канабис, марихуана, дигитална вага, куршум и 101 стари метални монети со различна големина.
Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Приведен крадец во Скопје
На 27.10.2022 во 12.45 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го лишиле од слобода С.Л.(30) од Република Србија. Тој се сомничи дека претходно одзел повеќе предмети од маркет на ул.„Перо Наков“ во Скопје. Oдземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.