20.8 C
Скопје
10/05/2025 10:47
МАКТЕЛ

     

Министерот Спасовски на панел-дискусија на Универзитетот на југоисточна Европа: Институционална и политичка решителност и подготвеност за интензивен и стручен ангажман во усогласување на легислативата со европското законодавство

      

Денеска, (31.10.2022), министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, присуствуваше и се обрати на панел дискусија, организирана од Студентското собрание и асоцијација на Универзитетот на југоисточна Европа, на тема ,,Хармонизација на законодаството во Република Северна Македонија со европските стандарди и регулативи од Министерството за внатрешни работи,,

Министерот Спасовски своето обраќање го започна давајќи осврт на Поглавјето 24 – правда, слобода и безбедност, коешто е во рамки на кластерот “Фундаменти“ со кое практично почнува но и завршува процесот на преговори, а подразбира вклученост на голем број државни институции, како и неопходна координација и подготовка, но, како што рече министерот Спасовски, сепак тој процес е во надлежност на Министерството за внатрешни работи.

   

„Кога говориме за усогласувањето на домашните закони и под законски акти со оние на Европската Унија, конкретно во доменот на функционирање на Министерството за внатрешни работи, тогаш можеби по прецизно е да кажеме дека станува збор за реализирање или оперативна имплементација на нормативните стандарди застапени во Поглавјето 24 – правда, слобода, безбедност,  од пристапниот скрининг процес на ЕУ, како  области на јавна политика кои се посебно значајни за суверенитетот на една држава. Нивната основна цел е да обезбедат слободно движење на луѓе, со гарантирање на нивната безбедност”, рече министерот Спасовски,  истакнувајќи ги 12-те под области кои се императив за безбедноста на граѓаните: азил, миграција, надворешни граници, визна политика, борба против организираниот криминал, борба против трговијата со дрога, тероризам, трговијата со луѓе, царинска соработка, полициска соработка, судска соработка во граѓанските и кривичните предмети и фалсификување на евро.

Истакнувајќи дека стандардите што треба да се достигнат во ова поглавје во голем дел се веќе уредени со бројни меѓународни конвенции кои Република Северна Македонија од осамостојувањето до денес преку нивната ратификација ги презеде, односно ги имплементираше како дел од домашното законодавство, пред се во областа на борбата против организираниот криминал, борбата против тероризмот, трговија со луѓе, интегрираното гранично управување и друго, министерот Спасовски изнесе неколку примери за тоа:

„Едни од  подобрите примери за тоа се и креирањето на надворешниот механизам за контрола врз работата на лицата со полициски овластувања и затворската полиција, чии основи успеавме да ги воспоставиме и чии резултати се веќе видливи во пракса, како и  спроведувањето на императивната Реформа на разузнавачките служби и воспоставување на новиот систем за следење на комуникациите, што секако произлегуваат од  Поглавјето 24”, истакна министерот Спасовски, при што како примери за добра комуникација и партнерство со ЕУ ги спомена и изготвувањето на Законот за меѓународна и привремена заштита со кој  беше извршено усогласување на националното законодавство со најновите акти на правото на ЕУ во областа азил, како и измената на Законот за гранична контрола, и усогласување на истиот со директивите на ЕУ за обврската на превозниците да споделуваат податоци за патниците и евиденција на податоци за патниците.

Во делот на борбата против сериозниот криминал и тероризмот, како што појасни министерот Спасовски, тука се и бројни активности на ниво на усогласување на стратешки документи, национални и акциски планови и други проекти како на пример  проектот за Спротивставување на сериозен криминал во Западен Балкан кој има за цел да се зајакнат капацитетите на агенциите за спроведување на законот за гранична контрола и да се обезбеди ефикасен и ефективен одговор на заканите од сериозниот организиран криминал и тероризам, вклучително и спречување и спротивставување на насилниот екстремизам.

„Република Северна Македонија во делот на борбата против тероризмот, го донесе и Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам – со цел усогласување со Европското aquis, а пак  Националната Комисија за борба против трговија со луѓе изработи Национална стратегија врз основа на препораките и добрите практики од релевантни меѓународни документи од областа, меѓу кои: препораките дадени од страна на Советот на Европа за Евалуација на имплементирањето на Конвенцијата на Советот на Европа „Акција против трговијата со луѓе“, како и Стратегијата на ЕУ кон искоренување на трговијата со луѓе, како и соодветни Директиви и Регулативи на ЕУ кои регулираат материја поврзана со борбата против трговијата со луѓе”, истакна министерот Спасовски.

На крајот од своето обраќање, министерот Спасовски ја потенцираше институционалната и политичка решителност и подготвеност во Република Северна Македонија за интензивен и стручен ангажман во усогласување на легислативата со европското законодавство, со силна увереност за повеќе од сигурна основа дека целиот тој процес, конкретно за Поглавјето 24 ќе биде окончан квалитетно особено сега на чекор до исполнување на долго посакувана цел- полноправно членство во Европската Унија.

По панел-дискусијата, на министерот Спасовски му беше врачена плакета за соработка и поддршка од страна на Студентското собрание и асоцијација на Универзитетот на југоисточна Европа,, по што присутните имаа можност и да ги разгледаат лабораториите во склоп на Правниот факултет при УЈИЕ, заедно со инспектори од форензика од Секторот за внатрешни работи – Тетово.

    

Најново

Граѓаните се жалат на недоставените фактури и на сумите на сметките за струја

Sase Ivanovski

Родителите на жртвите од пожарот во Кочани одбија средба со Мицкоски во Владата

Sase Ivanovski

Макрон, Мерц, Туск и Стармер вчера отпатуваа во Киев во знак на поддршка на Украина

Sase Ivanovski

Во Скопје утре се врши авионско попрскување против комарци

Sase Ivanovski

Отворена истрага против петмина за убиството во кафе-барот во Штип

Sase Ivanovski

Еквадорски банди во вооружена пресметка убиле 11 војници

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: За почисто Скопје – го чистиме Скопскиот Аквадукт во рамки на акцијата GENERALKA WEEKEND’25!

Sase Ivanovski

Санаториумот Дружба на архитектот Игор Василевски, со поглед на Црното Море во Јалта, Украина, е иконски пример на советскиот брутализам

Sase Ivanovski

Агелер: Честитки до нашата колешка Ивана Китановиќ за победничкиот дизајн „The Infinite Wave“

Sase Ivanovski

Новата социјална населба како втор најголем проект по електричниот јавен превоз ќе ослободи простор за 33.000 квадрати зелена површина за нов парк во Струмица…

Sase Ivanovski

Најплатениот комичар во светот вели дека мора да го прифатите одбивањето ако сакате да бидете успешни: „Тоа би требало да биде тешко“

Sase Ivanovski

Фотоволтаиците прават проблем во Македонија?! Минатиот викенд бил избегнат колапс на македонскиот електросистем

Sase Ivanovski

Апасиев од Москва…

Sase Ivanovski

Свежи цреши во Тинекс за само 1359 денари за килограм

Sase Ivanovski

ЗА ИЛИ ПРОТИВ – ГОСТИН: КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ

Sase Ivanovski

Љупчо Георгиевски: Најдобрите економски години за Македонија беа кога јас бев на власт | BM

Sase Ivanovski

„Само Вистина” со Виктор Грозданов и Столе Наумов

Sase Ivanovski

Филипче: Тажно е како Максо ги изневери сите тие илјадници гласачи кои се поранешни наши гласачи

Sase Ivanovski

Филипче: Очекувам за Скопје да извадиме личност со голем габарит и кредибилитет во јавноста

Sase Ivanovski

Филипче: Клиничкиот центар е тажна приказна, штета е што не испеавме како држава да изградиме нов клинички центар

Sase Ivanovski

Филипче: Единстваниот спас за македонското здравство е германскиот модел каде здравството е достапно а болниците се приватни

Sase Ivanovski

Филипче: Заев ја направи СДСМ победничка партија, јас сега гледам колкав е тоа предизвик

Sase Ivanovski

Филипче: Не верувам дека Заев и Мицкоски имаат комуникација

Sase Ivanovski

Филипче: Зоран Заев остави специфичен белег врз општеството, тој сега нема влијание врз политиките на СДСМ

Sase Ivanovski

Филипче: Визата во Дубаи ја добив затоа што требаше да работам во тамошна болница пред да станам лидер на СДСМ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Страшна сцена во Италија: Гром удри на тренингот на Фиорентина, фудбалери се срушија на теренот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Димитар Апасиев: Пардон мај РАШН

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Трансфермаркет.мк: Македонија меѓу првите 15 земји што го воведоа УЕФА фитнес 🅰️ курсот!

Sase Ivanovski

Пукањето со огнено оружје вчеравечер во Штип било извршено од странски државјанин

Sase Ivanovski

Ново музичко патување со Индог и емисијата „Feel Good Beats“

Sase Ivanovski

Вучиќ и Фицо во антизападните наративи: „Најдолгиот пат“ на најдобрите руски пријатели

Sase Ivanovski

Русија ја одржа парадата по повод 80-годишнината од Денот на победата на Црвениот плоштад

Sase Ivanovski

Жена избегала од својот дом со своите деца поради несигурност и страв при вербални и физички закани од својот сопруг

Sase Ivanovski

СЗО: 5 милиони смртни случаи на светско ниво може да се спречат со физичка активност

Sase Ivanovski

Министерот за финансии на САД тврди дека трговскиот договор со Велика Британија ќе заштити до 150.000 работни места

Sase Ivanovski

Индија и Пакистан меѓусебно се обвинуваат за напади

Sase Ivanovski

Амбасадорот на ЕУ Михалис Рокас: Трагедијата во Кочани покажа што значи европска солидарност во пракса

Sase Ivanovski

Малолетничка дала 25.000 евра на соученици за да го заштити нејзиниот брат од ќотек

Sase Ivanovski

Дезинформации на Кремљ за Втората светска војна по повод Денот на победата 9 Мај

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Љутков е министер за култура и туризам

Sase Ivanovski

(ФОТО) Церемонија на свечено менување на државното знаме во Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова во присуство на основци од Скопје

Sase Ivanovski

СДСМ: Од Осака до Венеција – Љутков е министер за култура или министер за туризам?

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Посебен режим на сообраќај во Скопје во недела

Sase Ivanovski

Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на СВР Штип

Sase Ivanovski

Кузеска за убиството во Штип: Како е возможно турски државјанин да поседува пиштол

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Некој им ги подготвува говорите на оштетените (мајката и таткото), а ова не е ни прва ни последна сообраќајка, вели Дуковски за Васил кој ја усмрти Фросина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 360 СТЕПЕНИ: Почна и менувањето закони за да се казнува со камерите на МВР – ова ќе биде постапката

Sase Ivanovski

Камник Био Органик: ПРВА И ЕДИНСТВЕНА ФАРМА ВО МАКЕДОНИЈА СО СЕРТИФИЦИРАНИ ОРГАНСКИ ЈАЈЦА ОД ОТВОРЕНИ ПАСИШТА

Sase Ivanovski

БЕРЕТЕ ИМ ГАЈЛЕ НА ФИСКАЛНИТЕ КАСИ Важно предупредување од УЈП до сите даночни обврзници

Sase Ivanovski

ПРЕСУДАТА ЗА ВАСИЛ ЈОВАНОВ ЌЕ БИДЕ ИЗРЕЧЕНА НА 13 МАЈ Семејството бара максимални 20 години затвор, одбраната бара да престане линчот

Sase Ivanovski

ДЕЦА СО ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА СЕДАТ ДОМА ОТИ ДНЕВНИТЕ ЦЕНТРИ НЕ НАБАВИЛЕ ГОРИВО ЗА СПЕЦИЈАЛНИТЕ КОМБИЊА Од Министерството очекуваат проблемот наскоро да се реши

Sase Ivanovski

РУДАРСТВОТО ТОНЕ Излезот на економијата е во зелената транзиција

Sase Ivanovski

„ПОТАМАНИЛЕ“ ПОЛОВИНА МИЛИОН ЕВРА ПРЕКУ ЗЛОУПОТРЕБИ СО ПРЕВОЗ НА УЧЕНИЦИ Поднесени пријави против екс-директорка на средно училиште во Куманово, 2 фирми и 6 вработени во МОН

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 200 СУДИРИ ЗА ЕДЕН ДЕН, УКРАИНСКИ ДРОН ЈА НАПАДНА АДМИНИСТРАЦИЈАТА ВО БЕЛГОРОД Киев и Москва се обвинуваат за кршење на тридневното примирје

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КАДЕ БЕШЕ ВУЧИЌ НА ПАРАДАТА, А КАДЕ НА ВЕЧЕРАТА? Српските медиуми се поделени за приемот на српскиот лидер во Москва

Sase Ivanovski

ЛИСТА НА ГРАДОВИ НАЈДОБРИ ЗА ЗДРАВЈЕТО НА ЛОКАЛЦИТЕ И ТУРИСТИТЕ: Која европска метропола е лидер?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Снимка од пукањето во Штип, но и бркањето на пукачот по автопат

Sase Ivanovski

Либертас: Мицкоски тргнал на патување од „приватен карактер“ – По закон должен е да ја извести јавноста дека е надвор од земјата, но тој заминал „тајно“

Sase Ivanovski

Апасиев нема мандат да зборува во име на македонскиот народ

Sase Ivanovski

ГЕРАСИМОВСКИ: Електронски упис на првачиња во Центар, постапката за запишување во прво одделение никогаш полесна

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Васил Јованов призна вина за смртоносното прегазување на Фросина Кулакова на пешачки премин

Sase Ivanovski

Приведени лицето кое пукаше и четворица помагачи, сите турски државјани, во врска со синоќешното убиство во Штип

Sase Ivanovski

Трамп предлага намалување на царините за Кина на 80 проценти

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) ГОРДОСТ НА СДСМ, УЧИЛИШТЕТО КИРО ГЛИГОРОВ ВО КАПИШТЕЦ НАВИСТИНА ИМПРЕСИОНИРА

Sase Ivanovski

Бримора за МИА: Посетата на претседателот на Советот на ЕУ на Скопје силен сигнал дека ја поддржуваме државата

Sase Ivanovski

Сијарто ги отфрли наводите за унгарска шпионска мрежа во врска со Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Маж со нож се шеташе и закануваше по Широк Сокак, по пријавата на ТВ21 итно е уапсен

Sase Ivanovski

Имам грижа на совест и носам голем товар за тоа што го сторив и не можам да ви објаснам какво каење чувствувам, рече Јованов во завршниот збор

Sase Ivanovski

ЗНАМ со реакција: Максим Димитриевски не е предавник. Тој е огледало

Sase Ivanovski

Николоски може да праша во ВМРО-ДПМНЕ од каде е информацијата за 5-6 милијарди евра од странство

Sase Ivanovski

ГЕРАСИМОВСКИ: Да се стане родител е најголемата чест, но и најголемата обврска. Затоа сме тука – да подадеме рака, да ги охрабриме и да ги потсетиме родителите дека не се сами

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Човекот што висеше на бандера во Скопје: Толку брзо ли го заборавивте Кочани? Дојдоа деца без прсти, дај да им помогнеме!

Sase Ivanovski

Велковска кажуваше дека не ја дава лиценцата додека е жива, но по десет години Македонија оди на Мис на свет во организација на Шаќир Села!

Sase Ivanovski

Мерц: За царините со САД членките на ЕУ можат да преговараат само заедно

Sase Ivanovski

Полицијата вчера напиша 777 сообраќајни казни, најмногу за непрописно паркирање и брзо возење

Sase Ivanovski

Малолетник од Тетово добил труење од алкохол во Струга

Sase Ivanovski

Рокас: Тешките времиња се можност да ги подобриме работите на долг рок

Sase Ivanovski

ГЕРАСИМОВСКИ: По повод Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, Општина Центар организираше обука за ракување со противпожарни апарати

Sase Ivanovski

Затворениците во затворот во Струга започнаа штрајк поради укинувањето на викендите што им следуваат

Sase Ivanovski
Вчитувам....